За флеки не се секирам оти секако брзо се надраснува се. Секако мачкам со една црвена течност, па и таа бои. Не ги штедам алиштенцата толку
Ако мачкаш со еозин, тој уште повеќе суши и ќе се лупи повеќе. Нема да се усмрди од Јекодерм. Рибиното масло е полесно за обнова на кожата дека содржи витамин А. Ама како сакаш.
Ова ми го дадоа за оние како бубулички што се, не за цела кожа и не на суво. Ќе ја пробам мустелава, па ако не ќе мирисаме
Нема врска кај го ставаш, ќе суши и ќе се лупи кожата. Јас не би мачкала ништо на тие бубуличките, не ни мачкав додуша кај моиве. Брзо се исчистија со јекодермот.
Педијатар ми кажа да мачкам затоа што ќе се шират. Зборам мачкање само на бубуличките, не на друг дел од кожата. Ми кажа прво тоа, па после крема.
Оние како бели бубулички, што ги викаат бебешки?? Такви уште од болница имаме, сум прашала што како за нив, никој не ми рекол со нешто да ги третирам, има неколку на лице таму-ваму.. Јекодерм нема да остави трајна флека инаку Јас го мачкав како што си имав зацртано првите 2недели интензивно, лицето стакло му беше, само дерматитот не зезна и кога му се појави го мачкав и се смири, но не и исчезна, можеби и ќе помогнеше, но почнав со Мустела..
Да, за тие ни го дадоа еозин. Не на се да се става, само на таквите "формации". И тоа поминуваш и толку, ја фрлаш газичката оти ќе се ширеле. Ако треба да минеп друга, друго место, нова газичка. И на мојто девојче стакло и беше лицето до пред некој ден. Не знам што и стана
До три месеци се чистат. После пак ќе биде стакло, освен ако не дај Боже се појави дерматит. А како е зачестен, страв да те фати големиов немаше мака со дерматит, ама бубулички за извоз до трети месец. Малово чисто чисто, ама после кога се направи цел лишаи, уф.... нема правила. Башка што не помага кај сите истото... @kristina.k вчера зедов Blue cap. Го користиш како што пишува на упатството, мачкаш и после 15 минути миеш, или оставаш подолго да стои?
Е не сум приметила дека му се шират, само една си носи сигурно по 2недели, како да зреат и исчеснуваат. Сега броев на лице има 3 и една под врат
@Annath го оставав јас, на претходната кутија лани не пишуваше вака, сега гледам на оваа. Ќе мијам ако не од сега, или со тупфер ќе чистам по 15 минути.
Се чудам како би имало дејство ако е на кожа само 15 минути. Ајде ќе видам. Не можам да го гледам веќе целиот нафрлан околу устата. Наутро нема ништо, ама во текот на денот се нафрлува. Не можам да откријам од што е.
@Annath кај моево се исчисти целосно, малку е потемна кожата кај што беше раната. Сега мустела мачкам само ко ќе излегуваме. Да не му смета нешто од исхраната секојдневно што внесува, млечни производи можеби? Или некое овошје. Не знам што би можело друго да е.
Па искрено, јас сум по 9 саати надвор од дома. Знам дека јаде и овошје и зеленчук и манџи и се, му го планирам менито од претходниот ден, ме слушаат стариве, не даваат глупости... ама што конкретно би му сметало не знам. Само од киви приметив дека ептен се зацрвени, ама следниот пат веќе беше ок. Инаку мнооогу, многу се лигави, големиот не паметам вака да се лигавеше...
@Annath па може и тоа е, штом е околу уста. Се надевам ќе има ефект и кај вас кремот, ќе кажеш како ќе биде.
За повеќе ефект земете и Blue Cap гел за туширање. Јас ги користам и кремот и гелот така ми кажа педијатар. Подобрување имав уште одма, само што имам читано дека Blue Cap не се користат на подолг период и сега не знам дали да менувам производ.
@Macito007 го користиме, имам погоре напишано. Затоа комбинирам јас со некој полесен, во моментот со мустела стелатопиа, па овој ко ќе има потреба ако се влоши пак дерматитот.
@Macito007 и кај моето нема ефект ко ќе е во акутна форма дерматитот, како ништо да немам ставено. Само ко ќе нема ништо за да не е сува кожата го нанесувам и за надвор.
@kristina.k тебе ќе те прашам сигурно знаеш, а и искуство гледам имаш Мустела стелатопија мачкаме околу 20дена, сигурно една недела немаме буквално ништо, па да престанам ли за да не стане резистентна кожата или да продолжам подолго?? И со што да продолжам?? Пак некоја посебна треба или?? Претходно со Веледа за лице/тело се мачкавме ама од Мустелава поубава му е кожата па јас би со некоја од истата линија би пробала.. ^^инаку можат да направат поубаво да мириса, крш е во тој поглед, како на нешто небањато мириса, купив и масло за бањање па и тоа исто