@emkaemka јас мачкам само за надвор ко ќе е во ред кожата. Не знам дали е правилно, ама ми се чини премногу хемија му имам ставено во овие две години со дерматитот и гледам да му ја оставам кожата да дише ако е се во ред. Ако заприметам дека му е сува, пак мачкам некој период. Мислам од Мустела има и за секојдневна нега, можеш и нешто такво да побараш.
Мајки кремата blue cap ја користите за мачкање цело тело или само на местата кај што има и дали ја користите секој ден подолг период како нега на кожата или за тоа треба друга крема..Стелатопиата ја потрошив па читам доста сте задоволни од кремата да ја земам да пробам но треба ли да си земам и крема за нега на кожата како што ја мачкав мустелата по 2-3пати на ден..Blue cap содржела и кортико па дали смеам од една недела повеке користење..?
Не содржи кортико, содржи цинк пиритион. Јас ја ставам само на егземите, никако на цело лице и штом се смират продолжувам со друга (моментално ја тестираме Eubos германската од @Kaetana ). Во секој случај за нега ко ќе е смирена ситуацијата ќе ти треба друга крема, blue cap не се препорачува долго да се користи.
ти благодарам многу @kristina.k а колку може да се користи кремата..Мене во Зегин ми рекоа дека содржи кортико затоа и така реков..Ке пробам и со неа па ке видиме ситуацијата дали ке се подобри
На неа пишува дека не е препорачливо подолго користење, ама не е наведено колку. Погоре го имав постирано составот, па ако се разбира некој повеќе може да каже дали содржи, мене и педијатарот и во Зегин исто ми кажаа дека не содржи. А е многу ефикасна, и поради тоа ми е сомнително, ама и цинкот е делотворен за вакви состојби.
Не содржи кортико blue cap, барем според она што го пишува во составот. Иначе кај моево помага, ама пак се нафрлува само што ќе се исчисти. За викенди чист, преку недела лом. Се сомневам на мустаќите на дедо му, човекот многу го бацува, оти тој најмногу го чува, си се сакаат ептен. И јас и мм му имаме кажано да не го бацува толку многу, барем не на лицето, ама џабе...
Синока мм купил но спреј а не крем..Како и да е ке пробам..Но пишува после 15мин треба да се исплакне..Дали мора или оставате..?
Кога беше нафрлана мојата и бевме на педијатар, ни рекоа мм помалку да ја допира со лицето по нејзиното бидејќи може да ја иритира од брадата и да се внимава кога носи џемпери да не се допираат до лицето. Така да има логика и твоево.
Првин миев, ама некако немаше ефект, сега оставам. Така е ефикасен. Ама не мачкам многу, само на нафрланото, ептен малку. Има, и тоа како. Од храна не реагира вака, оти за викенди не му давам ништо поразлично од она што јаде преку недела. А не знам како не му е жал на човекот да го гледа така нафрлан...
@Annath да и јас прснувам само на местото каде што е нафрлан па ке видиме..А дали да продолжам да мачкам со мустелата или да прекинам..?
Мајки јас пак имам прашање..Денес два пати го прснав од спрејот но детево вришти од плачење страв ми е повеке да му ставам..Дали е нормално или не..?
Вчера кога бевме за вакцина со бебо кожната докторка му го виде лиценцето и ми потврди дека се работи за атопичен дерматит. Среќа на ниту еден друг дел од телото нема, само на образот, малку на вратот и на челото. На лицето му е најизразено, како распукана кожа. Ми даде една крема Egzema, ве читав наназад и не наидов на неа. Не содржи кортикостероиди. Денес почнав да го мачкам, ќе ве известам за прогрес. Ако има некој искуство кажете.
И покрај егземот го боцнавте? Докторката ви рече дека може? Иначе немам искуство со кремов, види дали ќе помогне, па сподели. Може да сликнеш состав? Ме интересира.
Матичната на моево инсистира да му е чиста целосно кожата ако го вакцинираме. Јас уште не сум го вакцинирала малово, иако матичната инсистираше. Ама кога го виде дека има проблеми со кожата, рече никако додека не се исчисти кожата. Сепак егземот е еден вид реакција на имунитетот, а и вакцините го активираат истиот. Инаку една од нуспојавите на вакцините може да биде атопичен дерматит. Имам лични примери каде се појавил одма после вакцина. Фала за упатството.