Ме замисли, не можам да се сетам дали после првата вскцина му сѐ потенцираше дерматитов... Или сега под сугестија така мислам.
Јас зборам за случај кај што се појави атопичен дерматит одма после вакцина, а пред тоа ништо немаше. Ако твоето имало претходно, не е од вакцината, туку едноставно, реакција на екстремно сува кожа предизвикана од различни фактори. Следи ситуација, ќе видиш како ќе биде. Сега се мислам и јас да го купам кремов што го стави... А еден куп имам, така стојат...
Првата вакцина кога ја прими малиот имаше 3 мес, дерматитот локализиран под брада само (ама бајаги црвено), вакцина му ставија со образложение дека не е на цело тело, туку само на едно место. Инаку не ставаат. Одма после вакцината му се рашири мислам и на прстите на нозете, е до толку беше страшно и долго траеше. После тоа, вакцина стававме само на смирена и чиста кожа.
Здраво мајки, знам дека има посебна тема но бидејќи бебе има осетлива кожа, дерматит на рамењата кој постепено се шири, ме интересира каков детергент користите за малите со проблематична кожа?
Да ви предложам две делотворни работи за атопичниот дрматит. Маж ми има хроничен атопичен дерматит, му се јавува во зима од ладното, гледам и на син ми исто му се појави на 2,5 месеци , од почеток користам течен детергент Ариел бејби или Персил сензитив во комбинација со Чико омекнувач, и речиси сум сигурна дека не е од нив, инаку би реагирала кожата порано. На почетокот син ми не го мачкав со ништо, затоа што и немаше проблеми. Првата делотворна работа (но не го решава проблемот трајно) е органскиот крем на Веледа за лице на база на невен. Кога прв пат му се појави рапаво на лицето, му беше буквално цело лице како шмиргла, и кога го намачкав дали три пати со кремава, цело лице стана џам, како ништо да немало. Кога престанав да го мачкам редовно, по некој ден, повторно му се појавија рапави лишаи на лиценцето, но не како претходно на цело лице, туку на одредени места, да речеме по две до три рапави дамки на лицето, продолжив да го мачкам и сите му поминуваат во рок од ден два но се појавуаат нови, и се така во круг, мачкам поминува и се појавува ново на друго место на лицето, ама барем кога мачкам од кремот поминуваат. Е сега ова второто ни е уште во фаза на експериментирање, маж ми на јутјуб гледал некое видео каде човек истиот проблем го решил со кокосово масло, па купивме и навистина изгледа дека е делотворно. Човекот на видеото кажува дека прво лицето го мие со сода бикарбона во млака вода и потоа става од кокосовото масло, маж ми прво проба на себе нормално, и верувале или не, за еден ден комплетно му се смири кожата, па решивме и да пробаме на бебето, само без сода бикарбона, и скроз му е смриена кожата, не исчезнуваат лишајчињата комплетно, но се смирија и не се воопшто црвени, ако не го допреш со рака вака со голо око не се гледа ништо, како да му е чисто лицето, солза, но за да ги снема комбинираме и со кремот на Веледа. За второво не сум сигурна сеуште дали е само до кокосовото масло или има голем удел и сода бикарбоната која и прави и малку пилинг на кожата, но не знам дали па смеам да мијам лице на бебе со неа а и не верувам дека смеам, но дефинитивно пилингот после убаво хидрирана кожа има и тоа како голем удел, бидејќи еднаш после ставање крем му го замив лицето со крпче и нормално тоа малку и гребе, и инстантно му исчезнаа, но гребење на бебешка кожа сигурно не е добро, така што тоа не го правам. Ако некој го има решено овој проблем целосно нека се фали како
Ја прочитав цела тема и пак незнам што да купам... Бебе има сува кожа, што оди накај атопичен дерматит. Суво и рапаво како точки. Користевме стелатопиа цел месец по препорака на педијатар, бидејќи беше исфрлана цела. Сега кожичето е суво. Многу суво. Купив еуцерин маслена купка со црвено капаче. Рано е за да видам некоја промена. Но ми треба совет за млеко, масло, лосион за мачкање. Верувам дека ќе бараме што ни одговара повеќе и на крај ќе ги купам сите можни. Сега се мислам дали да купам веледа лосион/млеко (незнам дали има масло), или обична мустела, еуцерин млеко, а дерма или некоја слична. Чико млеко, алверде или веќе незнам што. Имате ли некоја препорака? Не би купувала медицинска козметика, ако има опција да поминеме само со органска. Дури си помислив упорно да мачкам со павловичева или јекодерм... а повеќе сакам бебе да мириса на бебе.
Го решивме проблемот, конечно! Од срце ви го препорачувам мелемот за егзема на Скендер Хоџа од Чаир, за еден ден се примети значително подобрување, вториот ден веќе немаше ништо, лицето му е чисто како солза. Не знам дали смеам да изнесувам информации како телефонски броеви и адреса овде јавно, но кој е заинтересиран нека ми пише во ЛП за инфо од човеков. За овој мелем дознав од ФБ, родители го фалеа и кажуваа дека за два три дена го лечи дерматитот, искрено не верував, но решивме да пробаме, луѓе за само два дена исчезна се, нема траг, од срце ви препорачувам да пробате, пишете ми во ЛП, ќе ви дадам контакт.
Кај моево само првиот пат кога се појави помогна. Да, буквално го избриша. Ама вториот и секој пат после тоа не помагаше. Па престанав да го купувам.
Здравје, ќе видиме дали ќе се повтори, се надевам нема, можеби не му е хроничен, но моето искуство за сега е тоа, и го кажувам со најискрена намера да им помогнам на сите
Aderma Sekade moze da se najde kontakt od skender (inaku melemot go pravat 300 godini unazad pa ne e skender skender denesniov sto go pravi od praprapradedo skender ) I da najdobar e, nie so skender se spasivme na site koi imaat problem go preporacuvam.
Тоа дека е фамилијарен рецепт кој го пренесуваат од колено на колено не го знаев, во секој случај, да се здравви и живи луѓево, нас не спасија, а гледам и многу други. Позз
@RedRevolution исто и нас само тој мелем ни го исчисти лиценцето, но ете сега пак се појавија и не ни помага и многу се нервирам. Секое утро има нови појавено и му се шират по лицето Hellllp !
И @Annath исто се жали, на син ми не му се појави одново до сега, но како што гледам од вашите искуства изгледа треба да очекувам пак да се исфрли, ако се случи тоа, ќе го носам на дерматолог, па ќе видиме, не е лошо дерматолог да прашаш сепак е нивна област, не знам што да кажам Инаку се јавиввме ние кај Скендер, за да прашаме колку долго реба да се мачка од мелемот, и ни рече иако е поминато, да мачкаме уште извесен период само после бањање, за во случај ако останало поткожно да се долечи. А на твоето после колку време му се појави пак?
Нема чаре, освен да чекаш. Јас се живо пробав, па си помина само од себе, мислам дека паметиш оти ти спомнав дека ептен е исфрлан по лицето. Само од себе се исчисти. Сега има само еден голем лишај на грбот, и едно помало на рачето. @RedRevolution на периоди е. Кај моево се јавува кога е поладно надвор, т.е се поклопуваат со студените периоди. Првиот пат беше најстрашно, вториот лицето беше проблематично, третиов пат не е страшно, ама сепак го има, му пречи и го чеша. Решив да не мачкам ништо, сами се чистат. Со тек на време ќе се изгуби, до третата година би требало сосема да се повлече.
@RedRevolution еве сега погледнав со @Annath сме пишале крајта на јануари, а веќе почетокот на февруари проблемот ни бил решен од мелемот на Скендер. Веќе недела дена како му се појавија околу устето и си се шират и на брадата, под окцето, носето, челото.. и не ни помага Најизразени ми се околу устето. Душа ме боли кога го гледам ваков и многу се нервирам. Сега нарачав кремче за егзема од некоја докторка од Битола што сама го прави, сте слушнале? Ќе го пробам и него и плус во понеделник ќе го носам на педијатар и да видам и тие што ќе кажат.
^^ јас вака кога ве читам излегува дека моево нема дерматит, наводно контактен има Му се појавуваат како ситни црвени брунчиња, засушени, рапави на допир, на образите, под брадата си има речиси секогаш по некое брунче. Најчесто мачкам и поминува за ден/два од Мустела Стелатопија кога ќе се појават, а некогаш не ни мачкам, си минува само од себе. Лице често мијам, за надвор најчесто ставам крема за лице на Веледа. Не му е сува кожата, не се чеша, не се шири.. Приметив дека се исфрла најчесто кога ќе е понервозен, но не и секогаш, кога го држам ми лежи исклучиво на памучна пелена.. Ме ставивте во мисла Вие упорно викате како лишаи, чеша, се шири, ова не изгледа така кога ќе се појави, па и ниту една не сподели дека за ден/два минува Од топло не му е, јас првин мислев дека е од тоа, дека го претоплувам..