И на моево му беше така на почетокот, како сува кожа, рапава на допир, понекогаш со брунчиња, ама не нешто посебно исфрлано. Кога имаше 6-7 месеци еден ден се нафрли ептен, и почнаа лишаи да му се прават на одредени делови од телото и да се чеша. Му се направија лишаи на рацете, нозете и грбот, после и на стомакот. На лицето се исфрли вториот пат. Сега последно има еден голем лишај на грбот, и едно малечко на рачето. Морам да напоменам дека кога имаше на лицето, му се влоши ептен од вакцината (ја примаше првата, шестовалентна, што се прима на два-три месеци, моево ја прими на 16 месеци). А претходно ме убедуваа докторки дека му била сува кожа и ќе помине од мачкање со масло, не испадна баш така. Кога зедов дете да мачкам, се вцрвени жар и почна да вришти. Оттогаш масло не му ставам, никакво.
@Annath значи сакаш да кажеш дека сепак е дерматит, ама во полесна фаза се манифестира. Првиот пат кога се појави беше ужасно нафрлен по образите, позади увото и накај вратот, од двете страни и имаше по некое брунче на градите. Исто со Стелатопија мачкав и за една недела отприлика се се исчисти. Тогаш и ни кажаа дека е дерматит, подоцна дека бил контактен и да внимаваме на што го држиме, лежи..
Ич не знам што да ти кажам што е... ни на моево не знам што е ни од што е... дента кога се исфрли поинтензивно јадев јагоди, три изедов од мерак, ми рекоа од нив е. Мм како мал бил алергичен на јагоди, па ајде викам, од нив било. Ама сега гледам дека само кога има поладни периоди се манифестира поизразено, па претпоставувам дека од ладно му е. Сега големиот го гледам на дланките од горната страна има како егземи, исто од ладното му се направи.
@Annath а да и јас приметив дека кога јадам цитруси се исфрла, па ги одбегнувам.. За на рачињата одма ни кажаа дека и на нив ќе се појави и потешко исчисти, ама до сега ништо нема, ќе видиме кога ќе почне да фаќа повеќе како ќе биде..
Постов го пишав пред 2 саати, ама еве го испратен сега. ^ Ве читам и се мислам исто како Емка. Моево беше рапаво цело уште пред да направи месец. Педијатар рече дека е дерматит. Мачкав стелатопиа, сега а дерма. Треба наутро и навечер, ама некогаш прескокнувам. Кога ќе дојде време за следно мачкање кожичето е суво. А ако не прескокнувам е ок. Си помислив дека се откачуваме полека. Сега само дланките и стапалцата се посуви. Сега прочитав за после вакцината. А мислев деновиве да ја ставиме.. Има ли некој да знае како се решава ова? Со храната на мајката? До кога трае? До 3 години и скроз ќе исчезне засекогаш ? Нели е нешто како алергиска реакција? Не сум приметила баш од што излегува. 100 прашања имам на оваа тема. И уште не ми е јасно ништо.
И мене не ми е јасно од што му се појавуваат. Не го дојам, а од храната што му ја давам не верувам дека е, бидејки првиот пат кога му се појавија не ни јадеше ништо друго освен млеко. Јас немам приметено да го чеша, не ги допира, ама дека се околу устата а лиги колку сакаш и секоја играчка ја лигави уште толку ги иритира.
Користев/ам Стелатопија за дерматитот на бебе, но по читање на некои членки тука дека А-дерма е ,,подобра,, не мириса чудно и не се слепува, решив да ја пробаме и неа. Баш штом ја купив бебе се нафрли, мачкај 1-2-3-4ри дена, по 2 па и по 3-4ри пати, бидејќи по некој час се приметуваше првутење, сувост кај исфрлените делови. ,,Осипот,, ниту се намали, ниту иритацијата се смири, барем не продолжи да се шири. Од вчера на пладне почнав пак да ставам Стелатопија, до сабајлево 3пати имам ставено, лицето му е драстично подобрено и смирено. Па одбирам да ми смртка бебе и да се слепува, продолжувам со користење на Стелатопија. Додека А-дерма да, не мириса баш на ништо, убава текстура има, воопшто не се слепува. Кога ќе поминат иритациите, исфрленото ќе пробам да го мачкам секојдневно со неа, мислам дека ќе е ОК за тоа. Ама барем нас за дерматитот не ни помага, можеби треба подолг третман за резултати, но кога знам дека од Стелатопија за 24ч почнува да се повлекува ја одбирам неа ^^ инаку од што се навикнав на смрдеата на Стелатопија веќе не ја ни сеќам, уште слепувањево да го решиме и топ ќе е
Па познато е правилото дека за атопичен кај секое дете различна крема делува, а-дермата ми беше стварно лоша а и тешко се истиснуваше. Стелатопијата долго време беше спас ама еве после 9та туба гледам веќе нема никакво дејство.. Дали има некој искуство со атопрел на фризи дерм? Се мислам и за блу кап доста е фалена
Таман пишував сабајле бебе спиеше, бевме излезени и на враќање во кола кога го загледав во вратчето и по брадата имав што да видам @Annath не стигнаа и нас лишаите кое се шират Ниту нешто сум променила, ниту он почнал да јаде, ниту е вакциниран. За лигушки имаме доста, ама на врат не идат па таму што му се појавија, страшно е Нека минува празников, ќе мачкам и бањам со Стелатопија, вторник ќе пратам мм по кремчето на Скендер, ако не бива Блу кап ќе мачкам, ова страшно е. Невозен е и само врти главче, се трља од мене, за чешење уште не знае мало е
Моето дете од А дерма букна уште повеќе.. Стелатопија му одговара,ама некако како да не му дејствува повеќе па сега користам La roche Possay lipikar baume AP+ и задоволна сум... во меѓувреме ја пробав германската Eubos-немаше ефект...
Не знам што да кажам.. ме замисли.. може најубаво за мене да ја искористам, ќе се мачкам по раце ако не Мачкав кажав точно 3.5 дена со А-дерма ништо не се промени, од вчера поручек Стелатопија и најверојатно од пред/по ручек е ужас, точно околу 15ч го приметив, сабајле го мачкав ОК беше.. Да купам јас Блу кап уште денес сум на ум, за Скендер тек вторник ќе се чека Оваа твојава не ја знам, ниту некој ја спомнал по темава или не сум ја запомнила. Ај ќе ја прочепкам да ја имам како опција, ако Стелатопија не ни има ефект, Блу не би да мачкам долго и често ради парабени и хемикалии, па.. Оваа е.. Ако можеш сликни состав. Спојлер: Крема
Nas pa samo adermata ni e spas nisto drugo. Za lice site mozni kremi gi smenivme i pak crveni i suvi obrazi samo adermata mu go pravi staklo.
Таа е. Состав покасно ќе сликнам.Инаку и скендер првпат ни помогна кога имаше 4.5 месеци.. па извесен период немаше,зимно време пак се појави и сега сеуште има но не сум од скопје за да купам пак-читав дека скендер имал всушност кортико некој на Б... не запомнив кој,се става до 5 дена (впрочем кога ја купивме човекот ни рече 5 дена да му ставаме можеби е коинциденција....) сепак пак би му ставила затоа што во фаза кога најмногу букна веднаш му помина... сега барем два пати ако многу е вцрвен му ставам адвантан (препорака под дерматолог) а инаку ставам емолиенти нон стоп. Исто така,повермено му ставам нивеа baby intensive cream - му го смирува чешањето А-дермата ја искористи сопругот-абе се подмлади со скапата крема
На Дерматолог не сум го однела, прв пат вака му букнува, претходно имаше како засушенки брунчиња, тук таму под брадата, не се ширеа, тројца педијатри кажаа дека се работи за контактен дерматит, од Стелатопија минуваше и мирна бев. Јас цело време не мачкав само кога ќе се исфрлеше, инаку за надвор од Веледа за лице ставам. Сега прашав матична, пратив и сличе, даде зелено светло да мачкам и мијам со Блу кап, ако не се смири до вторник даде совет да го носам на дерматолог. Ќе прашам накнадно и за Скендер дали смееме, сигурно ја знаат, не мачкам јас со ништо пред да ми одобрат, да е на природна база ОК ама вака не би. Плус мало ми е бејби 4.5м има Верувам!! Но секоја кожа не е иста нели, да беше така ќе имаше само една крема и тоа е тоа. А таман и се израдував, на ништо не мириса, не се слепува, текстура перфектна, ама.. Користете вие и ќутете седодека сте го нашле ,,лекот,,
Emce nie sme beli mleko,da probas so kolekcijata Sebamed vo Eurofarm ja ima...nas samo taa ni pomogna....
@Grungie кај кој Дерматолог идете?? Некоја ако знае добар Дерматолог ќе бидам благодарна да го сподели! Утре опција од неупатеност и брзина ми е само Систина да ја посетам и да се надевам дека ќе биде ОК Дерматологот кој ќе е на смена Андреј Петров или Весна Пљакоска
Два пати бев кај Андреј (еднаш во бременост) и освен што платив 2000 преглед, џабе одењето кај него. Во бременост повеќе фајде видов од кремата Митко што ми ја препорача. Јас од Анчевски сум задоволна.