Па ај таму ако не, познати дерматолози се, гледам од 9ч работат па да се јавам прво за време.. ^^ич не ми текна на нив..
Кај Старова @emkaemka, ама тој кортико дава за активни лезии/лишаи. Јас решив да не мачкам. Мачкав само првиот пат додека се повлекоа, после тоа ништо не ставав кога се појавуваа, освен блу кап. И сега од блу кап најбрзо се исчисти лишајот на грбот, од две мачкања. Од козметика ништо не користам, само Натура Верде шампончето (и на тело и глава, иако е само шампон). Не мачкам веќе, кожичето му е фала Богу добро.
Да прашам дали кремата блу кап е некоја специјална концентрирана исклучиво за таа намена или е емолиент млеко за тело како на пример стелатопија?
Според она што го читав, дека не смее да се користи подолг период, се работи за топичен крем со одредена намена. Не е конкретно само за атопичен дерматит, може да се користи во сите случаи на иритирана, екстремно сува кожа, разни видови егземи, некаде е спомната и псоријаза како дел од индикациите. Во составот содржи цинк пиритион што не е препорачливо долго време да се користи, ама од друга страна не содржи кортикостероиди. Поради краткотрајната употреба не би рекла ни дека е емолиент. Но за жал, се работи за крем на нафтена база, не е од природни состојки, ама впрочем мислам дека и нема средство за атопичен дерматит чија база не се нафтените деривати. Има и купка. Чинам во Зегин купката беше околу 700 денари, кремот околу 800 денари. Ама трае долго со оглед на тоа дека се нанесува исклучиво на зафатените места кога се во акутна фаза, барем јас така ја користам.
Бевме кај Анчевки, Прим. Д-р.Тодор не прими (презиме не му знам). Не внесе со дијагноза атопичен дерматит, но кажа дека така лесно и од еден пат избивање не се воспоставува таа дијагноза, плус се појавила исклучиво на одредено место, иако сега е во акутна фаза, сепак не се проширила никаде на друго место со месеци уназад. Значи прво се појавија како ситни брунчиња позади уши, на вратчето и по некое под брадата, сега се веќе големи лишаи, брунчиња тук там и се прошири плус на лицето и очните капаци Но дека има контактен дерматит како што не водеа по него не сме ни имале Но ОК Срелатопија ни санирала речиси 4м и немало ни потреба од нешто плус. Се чудеше како А-Дерма не дала никаков резултат, но сепак сметал дека требало упорно да мачкам со неа, како што и кажав ниту му се влоши, ниту подобри ситуацијата. А уште повеќе се замисли кога ниту Блу-кап не даде никаков резултат и тој кажа дека од 2-3мачкања има ефекти, а кај нас баш напротив од вчера поручек продолжи да се шири Ни даде Антикорт - Фриздерм по 3пати да се мачкаме, да следам дали се шири, ако продолжи да го носам одма, инаку во петок на контрола. Кортикостероид не сакаше да даде веднаш бидејќи бебе е мало, па да пробаме прво со ова, иако читам позади на кремава пишува ,,Алтернативен избор за терапија со кортикостероиди,, Ова нашиве превеле, ќе видам убаво што содржи вистинската декларација. Или пак ми оди дека не се разбравме (уствари јас не ни бев во состојба да разбирам било што), ми спомнуваше некој сируп, па за тој нешто да не објаснувал.. Значи се изгубив скрос, паника до плафон ми е Совет: да го држиме бебе во што поладно, повеќе од 20дневна и 16ноќна да не е, да носи и да се покрива само со памук. На сонце никако, меѓу луѓе никако, во карантин некој период. И да се трудам рачињата што помалку да ги става во уста, ова богами тешко За мене: јас на диета никаков конзерванс, свинско, газирано, блашко ништо, овошје, зеленчук само сезонски и никако алергени. Туку ми текна дека патлиџан јадев непосредно пред да почне да се исфли, не знам кој како ден, ама јадев и тоа сега од најздравиот Си пукнав значи Инаку од Анчевски прв впечаток чиста 5ка, сабајле точно во 9ч ѕвонев, за 10.30ч ми закажаа, кога отидов тамт гужва, ама одма не пикнаа во една ординација, не ми ни дадоа во чекална да поседам. Доктор за 5мин се нацрта откако дојдовме. Докторот ми даде и приватен телефон да му ѕвонам во секое време ако има нешто, напомена и сличе на Вибер може да му пратам Сега сме дома, измив само со водичка, намачкав и бебе спие, се молам само да не се шири веќе
Ќе помине, страшно изгледа на почеток, особено кога првпат се соочуваш со тоа. Како ќе расте, ќе јача имунитет, па ќе се губи дерматитот иако ќе има понекогаш лишаи. Инаку, може да е од храна, а можеби и не. Јас јагоди јадев непосредно пред да се исфрли моево првиот пат, па ни рече матичната дека е од нив, а кожниве ништо не спомнаа, не исклучија, ама не потврдија. Јас пак уште не јадам јагоди, иако моево е веќе 19 месеци. лека полека ќе си најдеш што му годи на кожичето, и со тоа ќе тераш.
^^ лицето на бебе е значително подобрено, воопшто не е така црвено, на места и му се изгубија лишаите, ниту приметувам сеуште да го чеша, не е ни нервозен и плачлив. Бевме на контрола, да се мачкаме со Фриздерм се додека не му се исчисти убаво лицето. Потоа да ставам А-Дерма, за во соба и не, но кога и да го изнесувам да го мачкам, летоска на плажа исто со неа и да бегаме од сонце Докторчево закон, ми вика ако сте било каде, било кога и имате проблем, одма сликај и прати ми на Вибер, јави ми се, одма ќе ти дадам совет Фала богу што му се смири, раат немав, дај боже да не се повтори пак
На малово му се појавија ужасни лишаи. Како коруз кој се појавува кога заздравува една рана. Жолти и рапави. Oд вчера почнав да мачкам со Baby bene gel, како да има мало подобрување.
Јас го пробав веледа лосионот од бел слез. Мнооогу добар. Обиди се ако сакаш, за многу сува кожа е. Се препорачува и за дерматитис.
Мало е, душиче. Залечи го агресивно, па мачкај и веледа, да држи влажно. Подобро тоа, отколку стелатопиа и адерма да треба да се мачка.
Мајки ние уште се мачиме, околу устето и на брадичката е цел исфрлен и му се многу црвени од што нон стоп лигави. И многу се нервирам оти ништо не ни помага. Една братучедка ми пратила некои креми и шампонче од Англија но сеуште не се стигнати, ако и тие не помогнат незнам што ќе правам. Жал ми е да го гледам ваков Пробав и кортико малку и тоа не ни помогна . Вчера бевме во Солун и прашав во аптека да ми препорачат нешто и ми го кажаа тоа на Фриздерм ама нас не ни помага.
Блу-кап пробавте?? Иако кај нас од него букна и бетер стана, а купив и шампончето па првин миев, па мачкав На мајка ми од колешка па внучето дерматитот го санирале со некоја пудра јас по кажување разбрав дека е онаа белата за сипаници, секако и реков да препраша па понеделник ќе ми каже за која пудра станува збор. Ние сме статус кво со Фриздерм де ќе се потсмири, де ќе поцрвени, битно не приметувам да се шири и да го чеша, ама не минува скрос, а еве се мачкаме веќе 2недели, ама па и докторчето рече споро ќе поминува, па стварно не знам.. Исто околу устата/брадата имаше сега таму е драстично смирено и да го нема, по накај увото, скрос долу на брадата/вратчето и на вратчето од зади е маката, образитем челото се ОК само суви. Многу му се исуши кожата на лицето, па се се мислам да баталам Фризов и да купам Еуцерин буквално му се првути. Дерматологот тогаш ми рече со Фриз додека не мине скрос и стане лицето мазно, па со А-дерма за нега бидејќи сум ја имала, а била ОК. Ама еве јас ја ставам на себе (по раце) не сум нешто задоволна од хидратацијата која ја нуди.. Тука е и Себамед да се проба и Ла-роше по препораки тука, ама Еуцеринот ми е медицинска и испробано добра козметика, барем на мене, другиве не сум ги користела.. Ние само се доиме, па периодов обрнав внимание и на храна. Па благо никако одма се вцрвенува, за од цитруси веќе знам, пробав и млеко да исфрлам исто беше па го вратив во менито и сега сум на еднолично јадење, страв ми е и бомбонче во уста да ставам Што ќе беше ова аман Мисла ми е и прашакот да го сменам, иако знам да не е до него, да речам се исфрла од мојот нема шанси, го држам исклучиво со памучна пелена, а пелени дневно менувам по 10тина сигурно, само ги преперувам..
@emkaemka Блу кап не сме, ама пробавме Липикар, Еуцерин, Фриздерм, А дерма, Биодерма, мелемот од Скендер, од една докт. Од Битола нарачував еден крем и ништо не ни помага. А првиот пат од мелемот на Скендер џам му се направи лицето, но сeга исто како да не ставам. Син ми е на Ад, Аптамил пие, па и јас како тебе му купив сега со посебна формула, викам да не е до млекото ама нема врска. Од детергент исто знам дека не е, оти ќе треба по цело тело да ги има. Исто значи и на ушињата му излегуваат и на очните напаци но тие не се толку изразени како кај устата. Ај баш прашај за пудрата и тоа чудо да го пробаме.
А сепак да исфрлиш млеко бар 10 дена? Пробај. Купив веледа лосион од бел слез и веќе не мачкам ни адерма ни ништо. Ама на мирна кожа мачкам јас. Ако сакаш пробај, препорачувам. Бар на телото, додека да се смири лиценцето, после и таму.
@Leo_29 млеко благо јас воопшто не пијам, мислев на јогурт, не јадев ни сирење, ни кашкавал, павлака, зденка.. Веледа имам, сум пробала никаков ефект нема врз лицето а на телото сум мачкала ОК е, иако сега со ништо не го мачкам, супер му е кожата и не гледам потреба.
И ние што не пробавме, се до претходниот понеделник на редовна контрола кога педијатар ми препорача BioClin, бев многу скептична, ама за два дена образите и се направија џам, исто и рацете над лактови. Сега уште брадичето да го средиме пошто многу се лигави па потешко ни оди и на раат да сме.
Мамички имаме три месеци и ни дијагностицира атопичен дерматит прво се појави на коленцата па сега се прошири и на рачињата. Земавме еуцерин атопик контрол купка и лосион. Денеска бевме и на дерматолог и кога ја прашав докторкава како се добива ми кажа било наследно генетски а ни ја ни сопругот сме немале е сега за останатите од фамилија неможеш да знаеш...за храна ја прашав дали треба да внимавам и да исфрлам нешто од исхрана ми кажа не се нормално ке си јадеш само повекњ јогурт и кисело млеко според некоја студија имало позитивен ефект и ми препорача да ја пробам а дерма .И ми даде алфодерм да ја мачкам два три дена по многу тенок слој, но бидејки аодржи кортико се мислам дали да ја мачкам со него... Ваши искуства како до ублажување и до поврзо лечење и кога може да се очекува напредок иако знам дека лечењето е споро.
@hanny не знам во која состојба е дерматитот ама чим ви дале Афлодерм сигурно е во многу лоша, така да не си играј мачкај. Почни од прва страна да читаш има убави совети, нема многу време да ти одземе 16 странички се. Околу исхраната јас сум на посебен режим (само на доење сме), додека е активиран и на строг, деновиве од мака никакви млечни производи не внесувам, море ништо не ни јадам од страв Пробиотик давај на бебе..