Феминки да споделам искуство околу кремите за аропичен дерматит,ние сме 9 месеци а ни се појави егземата околу 3от месец од тогаш до пред две недели го користевме еуцерин атопик контрол,последниве две недели ја користиме кремата биодерма атодерм интенс и има огромно подобрување. Многу сме задоволни најизразено и беше на образите и коленцата,сега лицето и е цисто а на коленцата ја нема онаа задебела кожичка. Се надевам на некој ке помогне нашево искуство
Ај тука да прашам, малиов веќе 10 дена со лиценцето има проблем. Ќе се нафрли, ќе мачкам со кремче со невен па ќе пројде за ден, два, и после пак ќе букне. Не се разбирам ич, атопичен, контактно, дали од ладното, дали што пика раце, прсти, повеќе се лигави, .. од сабајле помирно, во текот на денот се повеќе зацрвенува. Ќе одам кај матична деновиве.ж, ама еве и од вас мислење, што е, чаре? Еве денес пред спиење каков е, суво црвено, ..
Ми личи на дерматит. Моево вакво беше кога имаше 8-9 месеци, ако не и поголем. Ама и по телото имаше лишаи, суви и црвени, рапави. Дали има на други места? Следи ситуација дали ќе се појават. Иначе може истовремено да има на телото и на лицето, а може и да има само на лицето или само на телото. Битна е хидратацијата. Што користиш од козметика за бебето?
Само на лицето е. И брзо се смирува, ама и брзо пак се иритира. Од старт исто користам и до сега немало проблем: *Шампон и пенливо Бекутан по некоја капка со бањање, *Витаминската Бекутан за газе, *Јекодерм по бањање за тело, *Белобаза плус за лицето -ова матичната го препорача пред 2 месеца ама не делува на ова изгледа. Со вакво лице вакцина јок? Треба да прими прва шестовалентна неделава.
Додека имаше вакви не го вакцинирав. Првата вакцина ја прими на година и четири месеци. А за лицето, да видиш некоја од кремиве на природна база? Јекодерм веќе не, голем е, а и не помага, Бекутан ја суши кожата дополнително. Мене ми помага кремот на Веледа за ладно време, на база на невен е, иначе кај моево од ладно се појавуваа.
Ќе сменам секако. Може и јас згрешив со Бекутанот ми го донесоа тоа во болница и со тоа продолжив, а Јекодерм ми се допаѓа мирисот и убава кожичката на телце му е од него па си продолжив. Ќе изроварам по темава да видам што користеле и другите па ќе пробаме ново. Фала.
Немој Бекутан. Мене строго ми забрани педијатарот. Моево имаше атопичен ама на лице не му се манифестираше. Го мачкав со еуцерин пх5 и купка исто користев. Му помогна . Афлодерм можеш да мачкаш 5 дена мислам максимум беше , кога му беше изразен дерматитот тоа мачкав . Секако консултирај се со педијатар. А може и од храна/млеко да вивне (Многу е сладок дечкото иначе )
Пробај со MUSTELA STELATOPIA и син ми кога беше на таа возраст имаше и го мачкав со овој крем и за два три дена се повлекува секој пат кога имаше само оваа му помагаше се додека откривме дека е алергичен на млеко бидејќи од тоа му се воспалуваше уште повеќе
Нас ни помогна Мустелата, два пати само се врати вака и веќе го снема црвенилото. Не се појавило одамна. Афлодерм само во консултација со лекар. Јас 4 дена мачкав, па следниот пат, после 10 дена само 2 дена и многу тенок слој.
@DuchessAnn ако ти е узпат еурофарм рамстор, побарај тестери од веледа. Таму сум видела на едно масиче стојат во средина. И на моево мачкам од таа за лице, убава е. За дерматитчиња (по телото) мачкам а-дерма, а бањам со еуцерин маслена купка. Смирено е. Сега приметувам, само при настинка или паднат имунитет и излегуваат, па после некое време се губат.
Знаете ли зошто му е црвено лицето на мали? Ја вас или педијатар ќе прашуем. Пфф.ф... Некој прљав го погледнал детето. А како ќе се излечи? Со крпче на прозор ќе му се забае. Од "експертот" свекрва денешен муабет. Вие ништо не знаете. Срам да ви е.
Не ја карај џабе, нека си бае на прозорци(под услов да не допира бебе со крпи) и речи само ако не му помини дај толку и толку пари или барај и некоја тешка услуга да ти заврши другпат нема да и текни за знајки бајки.
Еуцерин пх5 лосионот за тело, Веледа за лице. Само не мачкам редовно баш. Вие ќе менувате ли? Нели го решивте дерматитот?
Сега кога залади, му се јави на рацете и нозете. Пролетта и летото немаше ништо мирно беше. Не е изразено многу, ама сепак... Ќе сменам млеко за тело ( исто пх5 користам)