И јас на лице ставам мустела колд ама кога излегуваме. А онака еуцерин пх 5 за дома. Едното обравче му се вцрвенува повеќе незнам дали од дерматитот, иако докторите ми рекоа од ладното јас мислам не е. Прашав за крема , веледа ми вика А мислам дека и од веледата му се исфрла.Му го сушеше телото многу. Ич не ја сакам. А како е ситуацијата кај вас? Помага атопикот?
Еуцерин мачкам и на лице, но само навечер пред спиење, инаку со Мустелата е намачкан преку ден. Веледа на бебе мое ич не му одговара. Дерматитот му е ОК, има само на лев образ и јас мислев дека не е дерматит, но неколку дерматолози ми рекоа дека е и ми рекоа Еуцерин или Мустела да бирам.
Мамички ајде мала помош и искуство. Каков детергент користите за перење алишта за вашите млечки со атописки дерматит.
Како за нас, само дупло ги плавам. Секако количински не ставам многу. Инаку Ариел користам, и прашок и течен, ама не се купени тука.
Здраво, син ми сега има 6г. Кога се роди имаше атопичен дерматит и од се што пробавме најмногу смири ексомега кремата и Еуцерин маслена купка за туширање. Се траеше до 3г возраст после само се изгуби. Поздрав.
Најмногу ни помогна еуцерин атопик контрол маслото за бањање и лосионот и афлодерм кога ептен е вцрвенето. Еве сега му се смирија. Дали да го мачкам пак со атопикот или да ставам нешто друго (дома имам биодерма и еуцерин пх5 ). Вие како правите?
Цело време мачкам со атопикот, кога мачкам, друго не ставам, не мешам. Таков совет добив и од дерматолозиве. Уствари мислам и ти кажав
Moram da spodelam ns bebo mu se pojavija lisai na dvete obravcinja i pocnav da ho mackam so la roche posay cicaplast baume b5 i za edna nedela se povlekoa a e bezbedna za koristenje i na usnite.
Мајки моево од бебе е со едно обравче поцрвенко (т.е откако му се јави дерматитот) Сега на ладно кога ќе го изнесеме и внесеме внатре ,ептен му станува црвено и цел ден не се смирува. Кожниот рече афлодерм ако е воспалено во меѓувреме а-дерма. а-дермата не му помогна никогаш, ама таа била наједкватна за него (како не бе!) Вчера дерматологот рече еуцеринот да не му го ставам,бил за возрасни,т.е позрела кожа а не за толку мали дечиња. И да не заборавам,обавезно пробиотик Јас давам биогаја, она ми даде некој пробиокидс имуно, наводно го фалеле родители. И што да мачкам на обравчето ? мустела колд ставам за надвор, сум давала и пантексол, адерма,биодерма,еуцерин,веледа....
Јас како мала го имав истиот проблем , а сега и двете деца! Некој ми кажа кога се подрежува лозницата од водата што капи да се мачкам неколку пати и од тогаш никогаш повеќе не ми се појави! Исто читав за сок од целер , чист целер да се изблендира и на сабајле по неколку голтки за деца, ама сега гледам на деца се дава целер од 8м. нагоре а моево нема уште 6м! Јас сум секогаш за природен лек прво, кремите што ми ги препиша докторот се со стероиди и го мачкам ретко кога ептен ќе се воспали ама џабе ако не мачкам редовно пак се враќа.
@eli25 не е тоа од дерматиот . Исто му се прави и на моето , а нема дерматит. Од ладното едното образче му се вцрвенува и како рапавко е . Не мачкам јас ништо. Освен малку кокосово или јекодерм . Само се смирува наредниот ден.
Од некои 3,4 месеци мислам. Ама му се изгуби и еве сега пак се јави. И јас мислев дека не е од тоа ама кожен ми потврди. Он нема изразен дерматит има неколку лишаи на ножињата и рачињата ама ете така го водат
@eli25 и мојата е со црвени образи последниве 2-3 месеци, on и off (не постојано). Дерматит нема, така ми рекоа на педијатар. Баш како кај твоето, рекоа ако има, ќе има суви делови и на телото, не само на лице. Небитно тоа, туку сега кај црвени, па и суви и се обравчињата, особено десното. Ми препорача докторкава една крема, Биоклин, органска е (мислам околу 1000-ка е), ама предобра е. Мрсничка е доста, јас само пред излегување надвор и пред спиење ја мачкам, ама задоволна сум, одма и се смирува. Претходно Пантексол користев, и од неа видов добар резултат, ама веројатно кај мојава не е толку изразено црвенилово пошто не е дерматит, па побрзо и поминува. Ама општо мислам зимно време е полоша состојбата со кожата кај сите деца, на лице особено Јас еве не знам од што и е на мојава, еден ден лицето и е стакло и изедначено, следниот ден црвени кругови на образите
Ме замисливте сега и мене. На моево нема црвенило ама има како 3 - 4 точкички суви места по ноџињата. Никогаш дерматит не ми спомнале. А не проаѓа. Лицето знае да и се вцрвени ретко ама мазно е на допир и брзо се губи.
Нежни се и осетливи Еден куп пари дадовме за козметика, дур погодиш што им одговара. Ене ги стојат, ќе се шлакаме ние