Мазно е лиценцето и на моево не е со суви делови. Абе и моево нема лишаи многу, по две на рачињата, на ножињата на бутчињата по 3,4 ама штом видат суви делови изгледа одма дерматит пишуваат
Оф и мојов е со црвен лев образ И нас ни викаат дерматит дека е, ама мене ич не ми личи на дерматитот/лишаите кои ги имаше ОК има повеќе видови, манифестации, ама баш од ништо да не помине баш и ме чуди Приметив дека се воспалува кога е поактивен, нервозен, од ладно, па и од топло. Сув му е образот ама ништо претерано, онака. Инаку е црвен и како мали брунчиња да има. Јас пак читав и се сомневам дека е розацеа, некако на тоа ме асоцира, ама па не знам, викаат таа се појавува претежно во зима, а он е таков од сред лето. Има една крема, ама не сум била во аптека да видам дали е и за бебиња, претпоставувам не е, ама ипак сакам да видам @Sexybaby86 дај слика од кремите и од двете.. фала.
Незнам што се, на синчето му се направија како мозолчиња, потпарци, како рапаво му е местото, дерматолог ми рече дека од цицањето му е, дека се поти и ми даде пантенол маст-крема, во прилог слика. Што мислите вие?
Тешко дур се погоди козметика, јас свашта пробав, ама овие најефикасни ми се видоа. Поготово Topicrem, го нема кај нас ама Грција, Србија и Бугарија го има.
А другите две од кај нас се? Во кои аптеки ги има и што пари се? Ако може и состав/декларација да сликнеш. И средната која цена е и декларација сликни? И кога мачкаш со нив, само кога е активиран дерматитот или и за нега? Со што бањаш? Фала
Ниту една не ми е земена од кај нас, но Mixa i Uriage знам дека ги има во зегин. Мачкам цело време и затоа сум задоволна дека еве се нема активирано воопшто. Бањам со Хипп. За цена околу 1200 ден мислам.
Мајки моето е со атопичен дерматит иначе има 5 месеци па сакам да почнам со храна но педијатарот ме советува да почекаме за да не се појави алергија кон некоја храна... Што превземавте за губење на атопичниот дерматит освен креми .. ми рекоа најверојатно е од храната што ја внесувам но неможам да приметам што е ... Не внесувам грав леќа цитруси киви јајца...Совет ве молам?
На малата моја и се јави дерматит уште од 2 месеца и од сите креми што ги испробавме највеќе ни помогна јекодерм редовно мачкање секој ден. Со дохрана почнавме на 5 месеци и си јаде се што е препорачано за соодветната возраст. И јас дур беше само на доење избегавав се што викаат дека може да предизвика воспалување али џабе беше црвена по цело тело. Откако почна со дохрана се смири воспаленото сега само на ноџињата и е сува кожичката. Го сменив исто и прашакот со кој и ги перев алиштата и ја бањам 2 до 3 пати неделно со маслена купка и под млаз вода.
хелп! бебето ми има 2 ипол месеца, од кај 2 недели се исфрли матината рече дерматит. Купив мустела стелатопија за 2 дена му обеле лицето мислев има подобрување ама од вчера пак букна црвен во лицето. Имам неколку прашања 1. Што да јадам, што да избегнувам? Испив да речеме така поише газирано, можно ли е од тоа дека млечни исфрлив скроз. 2.Смеам ли барем малку кашкавал? 3.Можно ли е од животно да му се прави вака? Чувам мачка дома а заборавив да и кажам на матичната. Само на доење е. Фала ви
http://pharmanews.mk/shto-e-egzema-atopichen-dermatitis-svetlana-smugrevska/ Ovde imas se objasneto so mozes da jades sto ne i za milenicite bash pishuva..
Ние го користиме ова за лице и тело. Мене воопшто не ми мириса убаво, ама па кожичката е како свила, а имавме ептен голем проблем со лиценцето. Солидна цена, долго трае. Јас и за рацете мои го користам зошто ги мијам како блесава по 1000 пати и ми распукува цела кожа на раце . Ептен е хидратантна .
А за атопичен дерматит да пробате Биодерма атодерм. Јас имав тестерче од гелчето од само неколку миења рацете ми се измазнија, а ми беа многу суви, рапави, крв ми течеше од нив
Здраво ние имаме 4 месеци, на моето синче на едниот образ му се појави црвенило и кожата му беше сува исто и на едната града имаше малку сува кожа која понекогаш се вцрвуваше. Црвенилото траеше две недели и бидејки кога спиеше се чешаше стануваше се по суво и црвено но од аптека (во германија )земавме eubos крема за сува бебешка кожа и за два дена кожата му стана мека и црвенилото го снема. Но после неколку дена пак се врати не беше како првиот пат но има пак, но разликата е сега што кожата е нежна од кремата но црвенило пак има. Нас навистина ни помогна оваа крема но се додека не се открие причината пак ќе се појавува. Бевме кај нашиот педијатар и ни кажа само дека има бебешка егзема дека со текот на времето ќе исчезне и да ставаме сабалје и навечер крема, но јас сум се повеќе загрижена како читам по интернет дека може да се прошири повеќе. Сега незнам што да користиме за бањање земав од sebamed за коса и тело гледам некои се задоволни па да видиме како ќе биде