Зошто да не може, нема врска вакцината. Моето има на цело тело и ја ставиме првата ДиТеПер, сега втората ќе ја ставаме за 2 недели. Никаков проблем немаше.
Има врска, можеби со имунитетот незнам. Синот пред да прими прва вакцина на 3,5м беше со атопичен под вратот и малку на рацете,во диспанзер докторката рече дека може вакцина зошто локализирано е,не е по цело тело инаку ќе не вратела назад. После вакцината дерматотот го зафати секој дел од телото,па за секоја следна чекавме мало затишје да има за да го боцнеме
Ок можи незнам, сега му е влошено има на мешето, на рачињата и на ножињата, тогаш мислам немаше толку. Сега за следна сме на 02.04 па ќе видиме што ќе кажат, а дотогаш можеби и ќе му се смири. Го мачкам со Еуцерин Атопи контрола.
Бидејќи никој не одговори, еве јас тазе искуство да кажам, може ќе му се најде на некој. Докторот беше трпелив пред се јас го нападнав со прашања од старт и на сите ми одговори. За жал ми потврди дека бебуш има атопичен дерматит. Ни рече дека во случајов кортико е неизбежно, така што си добивме афлодерм. Лицето и телото да ги мачкам со атодерм интенсив на биодерма, аериус сируп краток период и да продолжам со маслената купка на еуцерин како и досега, само да додадам и шампон за сув скалп исто тој на еуцерин. За храна ми рече да му давам се да јаде, бидејќи е сеуште мал за да се утврди било каква алергија. Само да не давам јаткасти плодови, циструси и јагоди. Е сега заборавив да го прашам за влијанието на пробиотикот врз атопикот па ако имате позитивно/негативно искуство споделете.
Колку месеци има бебето? Моето на 10ти април ќе прави 4 месеци и сега пред недела пак му се влоши, го мачкам со Еуцерин Атопи контрол, а за капење со биодерма атодерм купка. Почна сам да се чеша на колениците и на главчето цел се прави со крв а сега најзразено му е на подлактиците, на градите и на ножињата, јас исто јадам цело време немам сменето исхрана, само на доење е. Досаден е мн овај дерматитов
Моето има 7 месеци, а со дерматитот се бориме од 3 месеци. Досаден е навистина, ама мора да се бориме со него заради нивно добро. Бебуш се чеша најмногу на лице и позади на главчето, затоа ми го препорача др шампонот. Ние сме на аптамил х.а. заради дерматитот, но и кога беше само на доење лишаите сепак беа тука. Докторот ми посочи дека најважно е кожата да е постојано хидрирана за да се спречи преголемо ширење на лишаите.
Прочепкај наназад баш една членка има постирано линк (мислам дека во оваа тема беше), кој вели дека при последните испитување пробиотикот делува позитивно и се препорачува да се дава. Но личното искуство ми е што кај бебе мое правеше запек и не го давам од 3+ месеци, но за среќа дерматитот е под контрола. Најмногу беше исфрлан околу 3-4от месец и се исчисти со Скендер. Тогаш ме советуваа да бањам, мачкам со медицинска козметика, па ја користев линијата на Еуцерин атопик. Но мислам му се засити кожата па пред 2м зедов за дерматит на La Roche, одлично му прилега и таа. Сепак дефинитивно за жал исти креми немаат исто дејство кај сите дечиња.. Во однос на храната цитруси дадов 9+, јатки 11+, јагоди не сум дала бидејќи чекам сезона. Кај бебе мое се воспалуваше дерматитот од млечни производи.
Јас се сомневам на млеко и полен, ама навистина е мал за да се провери тоа. Засега давам Ваја пробиотик и нема мака од него. Планирам да нарачам еден полски и него да го пробам, по хрватските групи доста се фалат од него. Прашав да видам какво искуство имаат и мајките кај нас.
Мајки што користите за лице Сакам да земам некој крем за лице малиот ми е со атопичен дерматит за тело користиме Мустела стелатопија па сакам и за лице некој крем Моите се поголеми 4 и 3год
Јас користам атодерм интенсив на биодерма и за два дена веќе приметувам подобрување. Се користи и за лице и за тело. Мустелата ако ви е погодена за тело, пробајте и на лице би требало да ви одговара.
А дали би пречело да ставам и на керка ми бидејки таа не е со атопичен дерматит Сакав крема за лице погодна и за двајцата И малиот на лицето нема ништо само им се суви лицата сега од топлото по цел ден надвор се валкаат @Pelargonium
Не знам искрено, најдобро прашај во аптека. Чим приметуваш сува кожа, веднаш реагирај да не му се направат лишаи.
На моето ова досега беше најмногу изразено, му се направија егземи на подлактиците го мачкам 2 дена со адвантан (препорака од кожен др) па сега е подобар.
Девојки јас го решив проблемот со крема од кај Скендер ( Битола) Кремите се на природна база , тој ги прави! Кремата се става на сабајле и на вечер 20 дена , кај нас уште вториот ден немаше ништо ама продолжив до крај да не се врати пак случајно.