Од која крема сте најзадоволни за егзема на лице знам дека кај сите различно делува ама пак да се обидам.Моево веќе неколку дена на лицето не му поминува, по ножинјата веќе нема толку скоро и не се познава но лицето никако да се исчисти многу се чеша и се повеке се вцрвенува. Кажете некоја препорака
20дена да се мачка? Да не си разбрала погрешно? Они и самите кажуваат не повеќе од 7дена, 5-7дена е препораката. Јас 5дена мачкав по 2пати и 2дена по еднаш, стакло му се направи кожата, секој нареден пат ако се појавеше и беше загрижувачко и се ширеше, мачкав 1-2дена, по еднаш и се повлекуваше, но и како првиот пат никако не беше. И колку е природна кој знае, со оглед на тоа што нема состав и не го кажуваат. Но битно помага! Има, во Чаир седи човекот, пиши горе на лупата Скендер ќе ти искочи контактот во мое мислење. Еуцерин атопик за лице. Сега моментално го мачкам со Ла роше и таа му годи на бебе мое.
И јас Еуцерин Атопи контрол мачкам, а оваа од Скендер кремата 100% има кортикостероиди штом одма поминува, оти само со кортикостероиди можи така да се исчисти за 2 дена.
Здраво мајки, со педијатарката констактиравме само преку вибер, додека да одам на кожен ми рече бебе има атопичен дерматит меѓутоа се сомневам и барам помош од вас да ми кажете дали навистина е дерматит. Бебчо чим стане е цел воспален како на сликата, кога ќе се одмори презаспие во тек на ден црвенило се губи, не се чеша воопшто. Докторка ни кажа адвентан да ставаме и од еуцееин да прејдеме на биодерма
Обавезно консултирај се со дерматолог и види што ќе ти каже. И моето бебе почна со вакво благо црвенило за сега да има големи суви лишаи кои многу го чешаат.
Можи и од жешко да му се прават, сепак прво на дерматолог да одите. Од адвантан ќе му помини од едно мачкање
Доаѓа сезона на летни одмори, летни прошетки во природа.Па ме интересира каква крема за заштита од сонце користите за вашите бебушки со атописки дерматит?
Никаква крема со заштита не ставав и не планирам да ставам. Го мачкав/ам со Еуцерин атопик и со таа го мачкав и цело лето. За на море купив со фактор од Еуцерин ама дали два пати го намачкав, секако у најтоплото во соба беше, на плажа до 11ч и од 17.30ч, одморите беа јуни-септември кога и баш не е толку јако сонцето. Секако капче си носи цело време.
Ништо не мачкав, освен на море кога бевме чат пат ако имаше потреба. Го користев Санденс средството за деца од ДМ со 30 фактор. Две лета без ништо поминавме, само знаев навечер после туширање да го намачкам со алое вера.
Бебе е скоро 2 месеци, од пред 1 недела на лиценцето му се направи како рапава и сува кожичката, на челото, образите и брадата има само таму и е како лишај. Го капиме со мустела купка, матичната рече да го мачкам со еуцерин. Ве молам за мислење со што да мачкаме дали да земиме еуцерин или мустела кремче за лице
Јас лично бар можам од мое искуство да кажам дека ни еуцерин, ни биодерма, ни мустела не ни помогна. Мојот го бањам со купка на фризи дерм за атопичен и со млекото за тело и успешно е ептен, оти нема никакво чешање и црвенило.
Девојчето мое има егзема,не е многу страшно, има на две-три места црвени точки кои ги третираме со маст. Не користиме лосион, ја мачкам со вазелин и вазелинот и помага да не и пука кожата, но ме интересира за шампон. Каков шампон користите? Барав на гоогле , но не најдов шампон. Она нема егзема на главата, но ми е страв да употребам некој обичен шампон за да не настане некој контраефект на кожата на телото.
Јас го капам со шампонот за сув скалп на еуцерин. Презадоволна сум, му ја исчисти теменицата и плус му ги снема и лишајчињата.
Еве ти број јави се Ивана се вика жената 076 969 905 ќе ти кажи кај да ја најдиш, кај Стив Наумов таму некаде е.
Син ми има лишаи на грбчето и едното раче, неколку се,што да мачкам, ве молам за совет од ваше искуство
Да ви кажам мое искуство моето синче имаше на нозете,рачињата,градите и лицето.Лицето му се вцрвуваше од чешање пробавме многу креми и случајно ми кажаа да пробам со бекутан бадемов крем бидејки е многу мрсна и го користиме скоро две недели и по телото поминаа повекето но во денот незнам ни јас колку пати му ставав за да биде цело време мрсно. По лицето има уште малку но пред тоа по лицето беше нај критично само со кортикостероидна крема му поминуваше бидејки од чешање и ранички си правеше. После пробување на секакви креми и тоа скапи кои што се за дерматит нас ни помогна бекутан бадемов крем дега сум пресреќна барем не ги земаме кортикостероидните креми