Дали правите н3кој дополнителни испитувања, како алергија,крвна слика. Моето синче има дерматит ,веќе една година,на почетокот велеа дека само сува кожа,мачкам еуцерин дерматит на почетокот имаше подобрување сега веќе не. А и незнам што да земам дали мустела?
И се појави на раката пред некој ден. Атопичен дерматит е? Од Еуцарин кремата ќе заврши работа? На контрола сум за две недели ќе прашам.
Јас мустела стелатопија мачкам,смирува,може и од топло сега да е малце поизразено. Но и од еуцерин за атопичен се многу задоволни
Да срцка дерматит е, исто на син ми му се прави одвреме навреме, сега нема, најмногу мевлемот од скендер помага кај нас, ама и тоа е привремено, пак се враќа, мачкај си со Еуцерин и кажи што ќе ти кажат таму докорите, да примениме и ние овдека Од овај не сум задоволна, додека за лице кремчето беше супер, а иначе ако му е многу влошено, мачкам со Адвантан (кортикостероид).
Мајќи бебе ми има атипичен дерматит ми даде педијатар мустела стелатопиа да мачкам но овие два дена ептен е рапав на ноџиња и рачиња. Дали од топлово или па од храна е незнам на доење сме само. Не сум многу упатена што да превземам,затоа искуства дали да испитам интолеранција на храна,или што иде? Онака како зрнца е цел нема мазен дел на него,како кокошкина... 2 месеци сме
@Happyinlove Земи бекутан бадемов крем нам ни помогна многу а имавме секаде и по нозе,раце и лице.Ние сме во германија овде секакви креми за дерматит ни даваа да пробаме и кога си бевме дома сега случајно од него пробавме дека е мрсна многу и ни помогна само од неа но треба цело време да мачкате да биде мрсно и ќе има резултат нас ни помогна кога највеке имаше. Пробајте и се надевам дека ќе помогне
Јас мачкав од раѓање па до сега, сонко 11 месеци е, Мустела Стелатопија ама не помогаше многу. Ја сменив со Биодерма и веднаш има промени на подобро.
Истата и јас ја користев за ќерка ми , имаше а.дерматит по лицето , и многу ни помогна. Мачкавме што ли не , креми со кортико ама оваа на А-дерма најмногу ни помогна @FreeMind
Здраво ние денес бевме на педијатар за прв пат кај друга докторка и истата само го погледна на лицето и ни рече дека има атопичен дерматит, а мн малце му се врцрвенети обравчињата и како рапава му е кожичката на тој дел и има нешто како лишај на ногата. Ја прашав да ми каже подетално ми одговори само земете му хипоалергено адаптирано млеко инаку имаме 3 месеци и е на адаптирано Аптамил. Ја прашав да ми објасни подетално ми рече ајде уживајте детето ви е здраво и ми рече да почнам да му давам и сокчиња на 3 месечно бебе се мислам да го смениме Аптамилот бевме на Хип претходно меѓутоа не му одговараше и одкога сме со Аптамилот му се случува ова. Имате ли некој вакво искуство? Фала ви
Мајки што да превземам,подобрување нема, а лишаите стануваат поголеми и повејќе воспалени периодично. Внимавам на исхрана се што е алергено не внесувам,козметика пробав и мустела и еуцерин сега користам,кремата од скендер ја мачкам кога е пламнат. Вчера многу беше па се мислам каде ги носите дали брис да го однесам да му земат од самото место или па да иапитуваме преку крв од што може да биде? Немам искуства освен едни што ми викаат до годинка ке се среди,други џабе не јадеш алергени тоа е само по терорија а не и во пракса докажано...а мислам и дека многу го чеша,нервозен е. 4 месеци е
Мами, бебе мое имаше проблем со кожичката, атопичен дерматит, во пределот на лиценцето беа претежно лишаите концентритани. Исто све пробав од креми чуда, бевме и на дерматолог, ни даде креми пак...и све во круг, се повлекуваше минимално и пак ке се јави...до 6 месеци, тогаш отидовме на море првпат со неа(лани), и за два дена се исчисти све од водата, и од тогаш не се појавија... јас мислам дека тоа ни беше спасот, може и не е, не знам, секој различно искуство, ова е нашето..
На море да ја носиш ако можеш и да ја бањаш, морска вода е лек за кожни болести. Но да знаеш дека првите 2-3ри дена може уште толку да се исфрли и да и се појават на места каде и немала, но не паничи се ќе се повлече. Доиш? Пиеш/јадеш кравји млечни производи? Јас како престанав да јадам млечно на бебе мое никогаш не му се појави пак дерматитот, барем не толку алармантно и загрижувачки. Ниту сме имале потреба од Скендер, само со Еуцерин атопи негувам и тоа повремено мачкам. И млечни му воведов покасно и тоа козји, од кои ипак пројавуваше некаква реакција, кравји дадов на 16+ постепено и еве веќе јаде и ОК е.
Со млечни кравји скоро полни 4 месеци сум скарана,најпрвин со млеко ради грчеви,па сега се што е кравјо млечно избегавам. Пробав малце овчо сиренце немаше реакција,вчера највејќе беше воспален а имав вечерта сладолед јадено може од сладоледот да е имам 3 пати до сега јадено,сега прв пат да се нафрла може дека беше со чоколада лешник и бисквит од лешникот Само на доење сме,ни риба ни морско ни јатки ни јајце не јадам само глутен. Но некогаш само компир ке сум јадена он ке се воспали,баш толкави кругови лишаи. На тело ретко на образ му се прават вчера највејќе на стомак и над колена беше тек тук на надлактица. Море златно што поскоро да одам таман ке има накај 5 месеца ке го бањам
Ние користиме Биодерма Атодерм, на делот кај што се витка рачето уште не ни помина а на моменти и се влошува, мислев да сменам нешто ама што би земала незнам не сакам да ставам со кортико. @Happyinlove и јас пазев ништо не јадев па тогаш и беше најлошо и воспалено, незнам колку има врска исхрана, битно јас сум иста со нежна кожа и секогаш ми излеваат некој чуда и егзема, чиреви, лишаи па мислам дека тоа е генетски повеќе.
Дали и кај вашите бебенца после црвенилото од како е третирано со кортико кога ке се смири е вака променета пигментацијата? Страв ме фати кога видов. Навистина незнам каде да го однесам на 3 места 2 педијатри и 1 дерматолог ме тапкаат ееее ке пројде а јас секој ден промени му гледам. Ни јас раат ни бебе
Да не беше бебето на сонце изложено додека мачкавте кортико? Иначе и кај моето имаше мала разлика во бојата откако ќе завршевме со кортико, ама полека се изедначи.