Продолжи со биодерма, би требало да се изедначи. Кај атопичарите секогаш излегува по нешто, не се секирај ќе помине
Ние повторно цели воспалени бевме на лекар овој пат ни даде blue cap да мачкам додека се смири па да продолжам со биодерма за хидратација. Аман више. Имате искуства со блукапов? И кој сируп за алергија го чувате во фрижидер? Ми кажа земете за секој случај имајте ама не е запишано во извештај
Аман мила нема крај. И мојата еве знае да се нафрли по некое, дали до времето, дали нешто што јадам и смета незнам.За блукап незнам, сируп имам Зиртек.
Лошото е што на градите вејќе крв си имаше пуштено од што се чеша,разбора више голем е и само се чеша... затоа го однесов за друго јасно ми е,ке си сд мачкаме нема што ...
Два пати во ден го мачкаш со Биодерма и пак толку му се појавува? Да пробаш и друга колекција, како Еуцерин? Велдеа не ни помогна нас...
Купи Блукап? Ако не си да ти го дадам нашиов, уствари мислам дека го чувам, треба да видам. Ама ако го имам и ако е ок датата ќе ти го дадам да не даваш 2.000ки, имам јас и гелот за миење. Нас не ни помогна ич, напротив баш и се воспали и од Биодерма се воспали, страшен беше тој период Само Скендер му помогна тогаш, со кортико не пробавме. Некој ден као да му се потсмири со Антикорт на Фриздерм ама пак пламна дерматитот. Еуцерин Атопикот за секојдневна нега на мојов најмногу му одговара, најхидрантна е некако. Пробав и Лароше, ОК беше ама не. Веледа нема за атопичари. А првично Мустела Стелатопија го смируваше, ама ич не ми се допаѓа она, ниту убава хидратација има, ниту убаво се размачкува и страшно лошо мириса
Јас го мачкав со блу кап, мачкаш и после 15 минути треба да се измие. Помага, ама мора да најдете што му смета на детето. И моето е лом моментално, дури мораше и кортико да мачкаме. Докторот ни забрани млечни производи да видиме дали е од тоа, ми се измачи детето. Сируп Авил чувам за алергии, а сега пиевме една недела од него.
Два пати мачкам,внимавам на храна,не го бањам секоја вечер него на 2 вечери и па... Да се миеее... леле јас си ги заспав така намачкан... па не ми спомна ни доктор ни аптекар. Јас крем као кре па си намачкав убав слој.... тууу а пишуваше нешто на кутивчето да се измие ама јас мислев као за купката е земав одма со пелената го фрлив кутивчето.... Јас лично млечни производи не внесувам,он нема пробано па пак е....
Да, треба да се мие. Ок де за нареден пат ќе знаеш. Ако не е од млечни, може да биде од јаткасти плодови, јајце и слични алергени, а во случаи како нашиот една година ќе се вртиш во круг и пак нема да знаеш од што е... @emkaemka Редактирам само да се надоврзам за мустела дека навистина е ужас таа миризбата
Емке еве а на Велдеа. Нас Мустела и оваа не ни помогнаа. Значи секое дете различно. Твоето е сега големо дали уште мачите мака со ова или му исчезна дерматитот?
Го купив да... 800 и нешто од зегин ексик и пари како легни породилно јас се за креми бидејќи саглам не најдовме не погодивме. И од франција нарачај чичабиафине и од неа аир не видов. Го омекнува највише биодермата ама после 5-6 дена он па си се воспалува .... и па ајде маст ваква со кортико ме караат као една инфузија да му дадеме има повише кортико,не го мачи знаеш каква нервоза е ова... и во круг. Едни до година ке се повлечи,други до четири,трети третирај бидејќи асма ке добиепа види бактерија во нос.... уште на баење не ми рекле носи. Имам потрошено туба стелатопија одвратно мириса нула ефект. Еуцерин атопи контрол. Изгледа згрешен бидејќи немаше количка на паковката ама го мачкав... ефект како останстите горе долу и да немаше. Па земав биедерма превентив мириса преубаво и го омекна во комвинација со маслена уријаж купка. И сега сме на биодерма интензив. И па си се воспалува. Перам без омекшивач и сушам се во сушара... и кога ке го видам сега дека се дрпа срце ме боли...а зимно време као се влошувало.... кој да ни каже
Мислев дека нема Дури беше топло кожата на телото му беше сјајна, нежна, убава, па дали 5пати го имам намачкано со нешто. Ама залади и одма приметив дека се исперутил кај мешко.. А на лев образ си носи цело време како црвена "флека" која викаат дека е дерматит. Ама јас се помалку верувам дека е, пробав се и кортико и секакви креми и не и не исчезнува Јако ми е ова "кога ќе исчезне" што муабети и јас чув Нај јак момент беше кога мајка ме убеди да го намачкам со онаква пудра за сипаници Еднаш ставив и го изнасликав од што беше смешен и толку бидна, едвај го измив и и кажав веќе да не бара иљачи Уствари ми кажа и од некоја на некоја па на некоја внучето го излечиле со бањање у јајца и не знам уште што беше да се стави у водата, ама не ме убеди у тој момент Не знам што да ти кажам, ако Скендер не си пробала ти препорачувам.. Инаку за Блукапот ми рекоа 30мин да држам па да мијам и мачкаш во тенок слој само каде што има и не триеш за да упие, туку нежно мачкаш.
Јас добив совет да го капам во вода земена строго од на сред езеро мешана со домашно кравјо млеко. Значи лудите совети доаѓаат во различна форма и големина
Пред некое време ја читав статијава на интернет https://www.kidspot.com.au/lifestyl...a/news-story/f1ee07a7094f7bc16017bced0ef12c15 Ме интересира дали некоја ја пробала кремава баш на бебиња? Читам на страната на Lush одлични коментари во врска со а.дерматитис , дека помагала па ако е точно и не е реклама би ја купила да ја имам во случај да му излезе на бебево не дај боже
Може да е навистина добра бидејќи овесот се покажува како добар во борбата против дерматитот, посебно капење во купка од овес. Истотака доста препарати наменети за атопилен дерматит се на база на овес.
Бебето ми има 14 дена. На 8ми ден излеговме на сонце,беше изложен 20тина мин на директна сончева светлина,после тоа се појавија мозолчињава. Патронажната и педијатарот велат не се од сонцето. Педијатарот ни препиша Еозин 1%. Го намачкавме 2,3 пати уште толку се раширија. Дали сте имале искуство и со што сте третирале?
Бебешки акни,скоро секое ги има...се чистат од хормони се најчесто. Сами се повлекуваат и излегуваат нови до кај месец,месец и пол. Не го мачкај со ништо. И мене ми ја дадоја таа црвена течност. Освен флеки на боди ништо друго не виодв помош. Па прочитав као и кортико содржела.... Во таков период сте.
Не се од сонце, поинаку изгледа како да е местото изгорено без бубулички и е најчесто на линијата под око.
Еозин 1% воден раствор не содржи кортико. Тоа е средство што само прави дезинфекција и асептичност на кожичката. Штом не поминува со него...треба лекар да види. Поздрав За Софи.ја беше одговорот.