Исто ќе прашував дали е бебето до 2 месеци негде кај 40 дена се појавуваат вакви мозолчиња, се чистат од нашите хормони, ќе помине за 1 недела.
Здраво мајки повторно.. Бебо ми беше нафрлен пред некое време, атопичен дерматит/алергиски најверојатно..пиеше пет дена авил сирупче и го мачкав со адвентан ама сменив со мустела стелатопија и му поминаа од неа за брзо време ( нафрлен беше на мешето, обравчињата и рачињата) Продолжив да го мачкам со кремата, дали погрешив не ја сменив таа за после бањање што е (цела колекција на мустела ја користиме) или пак, пак од некоја моја храна е бидејќи уште сме само на доење.. пак ми се нафрли на мешето..хелп Избегнував чоколадо, млечно..само чаша јогурт се напив..можно ли е од тоа да се појави пак? И кафето случајно да не има некаква врска..пошо мм многу е против пиењето...
Може да биде од јогуртот или нешто друго млечно, од кафе како кафе не може. Исто може да биде од јајце, јаткасти плодови и цитрусни овошја. За козметиката би ти предложила да користиш производи наменети за атопичен дерматит затоа што на таа кожичка и треба посебна нега и со козметика за нормална кожа нема да има ефект, дури може дополнително да ја суши кожата.
Можеби, ама ретко е тоа. Инаку да, може да биде алерген. Адвантан секако не си можела да користиш повеќе од пет дена, секако е кортико крем. Ако не одговара колекцијата на Мустела, сменете ја. Јас колку сменив, само Логона му одговараше. Маката е да погодиш која колекција ќе му годи на кожата, после е лесно ако ја знаеш причината за дерматитот.
Искрено не се сеќавам за сусам дали ни рекоа да избегнуваме, јас на моето секако после година му го воведов. Најдобро да го прашате педијатарот или можеби некоја друга членка знае Едит :Еве Анатх веќе одговорила
Мајки ги земавме на биодерма, го избањавме бебо, па ќе видиме дали ќе има подобрување..инаку ме интересира во случај да ни одговара оваа козметика и му се повлече осипот дали да продолжам со нив да го мачкам или треба друго да земам..??
Ако ви одговара оваа козметика, продолжете со истата. Маслените купки најмногу одговараат за ваква кожа. Ако па случајно не ви одговара Биодерма ќе барате друга линија. Ова е баш лотарија, не се знае на кој што би му одговарало,а згора на тоа се навистина скапи.
И ние имаме атопичен дерматит. Од старт ја бањам со маслена на еуцерин и лосион за атопична кожа. Ок е, арно ама некогаш прави реакција на образчето, црвен круг. Брзо се губи. Земав на мустела тестер стелатопиа. Која крема да и ставам на лице?
Пробајте од тестерот стелатопиа што сте го зеле, ако не ви одговара има биодерма, логона, ла рош, видов во зегин и од фрези дерм има сега. Едно време на лице го мачкав и бепантен крем(не маст) и тоа даде убави резултати, некако лесно се впиваше. Да споделам последно што ме советуваа кога го носев на вакцина. Наместо обични Д3 капки да давам А+Д3 бидејќи А витаминот бил погоден за организам склон кон алергии, да давам редовно пробиотик и да му давам омега за кожата од внатре да се влажни. Ако некој има испробано ваква комбинација би сакала да сподели искуство.
Здраво мајки, дали е ова пример за дерматит? Бебе е 4 месеци првпат и се прави вака, само на едно место на челото. На доење сме, не јади ништо друго, користам Веледа од раѓање ама ете. Како црвена груба кожа со лушпички е, неколку дена и стои вака. Фала
Од што може да му бувнуваат пак рачињата и мешето? Знаат да му стивнат и наеднаш жар црвен е..ни под брадичката...дали и биодермата не ни одговара? Баш вчера и прашокот Бекутан го сменив со фрош, после бањање го облеков и сабајлево му беа стигнати и да речам некако суви круговите што ги имаше..но пред соблекување сабајлево пак го намачкав со биодермата некако му се сцрвија..и до неа ли е..совет? Да му дадам ли пак авил сируп? Педијатарот, ништо ќе измине..само тоа..немам памет веќе..се мислам дали на дерматолог да го однесеѓе, тоа да не е најпаметно..некој совет или искуство? Купка/крема треба мењавање според ова? Млечно/јаткасто ништо не сум јадела..
Без паника само, се ќе помине само треба да го најдете тоа што вас ви одговара. Води дневник што јадеш и набљудувај дали бебето т.е. неговата кожа реагира посебно на некоја храна. Кожата треба постојано да е хидрирана, што значи обавезно наутро и навечер мачкајте го бебето. Сега е ладно и тоа дополнително ја суши кожата. Ако ситуацијата е доста влошена одете кај дерматолог сепак тој е специјалист и најдобро знае, овде на форум сите кажуваме од лично искуство и ништо повеќе. Млечните и јаткастите плодови не се единствените алергиски тригери. Тука се јајцата, глутенот, зрнести овошја, јагоди, цитруси и сл. Мислам дека водењето дневник може да ви помогне да откриете.
Мајки, бебе има лишаи (не сум сигурна дали тоа е атопичен дерматит) на стапалата од горна страна, околу колената, и на градите под брадата. Лицето му е чисто. Го миев и мачкав с Мустела Стелатопија, и откако прекинав, се влоши наеднаш. Ќе земам пак од нив, барем под контрола е ситуацијата така. Пробав вчера и денес да го мачкам бебе на местата со мое млеко, и гледам дека има подобрување. Не знам дали си замислувам, но еве вие споделете, дали некоја го пробала ова? Сакам и да го бањам во вода со растворено мое млеко, па да видам дали има дополнителни резултати. Мислења?
Ако му одговара на бебето Еуцерин не менувај, имаш Еуцерин атопик и за лице, ова зимо му ставам од кремата и сега на ладново, супер се покажа иако не е за ладно време, односно не е со назнака "колд"
Еуцеринот ми е накако помрсна. Кожата на телото и е мека и хидрирана. Да не купувам друга посебна за лице, можам и оваа да ја користам нели?! Weleda ми е похидратантна некако, структурата и е побрзо впивачка, ама не го остава она меко чуство на допир како Еуцеринот.
Можеш, сум ставала и ми рекле дека може, но јас ја имам и баш кремата за лице од линијата. Структурата и е како на маст да речеме, баш е хидрантна и убаво се мачка и впива. На мојов само Еуцерин атопик му одговара и не менувам, за новороденче купив Веледа, подоцна и за ладно време за лице, ама се тоа за себе си искористив, ич не му одговараше..