Добивме дијагноза атопична кожа Сеа ќе треба да читам и да се образувам, појма немам за ова. Ме интересира која е поевтина, а и поделотворна козметика за ваква кожа, Еуцерин или Мустела? Моја претпоставка е Еуцеринот но сепак да чујам мислење од искуства ваши. Немам време да ја читам темава наназад, барем не веднаш.
Оф,најтешкото да се открие козметиката. За цена огин се сите. Еве кај нас биодерма се покажа дека му одговара во комбинација со маслена купка за бањање. Мачкам два пати на ден и за половина месец имаше подобрување. Ги пробав еуцерин и мустела стелатопија немаа ефект. Намалив мачкање од два пати на ден на еднаш,но еве зимово па нозете станаа суви. Нема лишаи нови и не е пламнат но па почнав да го мачкам по два пати. Сега се мисла за лице која крема да ја земам дали да е колд на фалат на уријаж или некоја друга.
Еј исто и кај нас. Еуцерин и мустела ги шкртам, иако мустела за пеленска регија и го смирува тоа лишајче на нога зачудувачки многу брзо Биодерма цицабио и Солвис атопик и ја смируваат. Не се шири но не ни поминува. Се перута и после пак е црвено. Јас три пати ја мачкам. Неам на ум веќе, дали да ги земам овие на La rosche.
И јас ја мачкам на лице ама нема некое подобрување, под око е црвена веќе 1 недела. Пред тоа многу ни помагаше биодермата дали и се навикна кожата на неа па сега не е толку ефективна. Незнам стварно.
Да пробаш Бепантен? На лице јас Бепантен крем го мачкам( не маст), лесно се упива, црвенилата ги намалува и кожата му е мека. Околу 250 денари, секаде ја има.
Покрај мачкањето многу е битно и да бањаш со маслени купки, значи кога ќе избереш крема, одма бирај од истата линија и некоја маслена купка или нешто хидрантно и за бањање. Во овие ладни месеци на 3-4ри дена да бањаш. Во изборот тргни од себе ако си користела било која линија, јас се покајав што шарав со козметики, не дека таа сигурно ќе и одговара, ама претпоставката дека таа е права е голема. Со Еуцерин Атопик бањам/бачкам јас.
Јас ставам и неколку зрна сол во водс. Купката исто во вода не директно на кожа. Луѓе, ова мустела 123 да не има кортико? И ја смири кожата на вратчето од сабајле до сега
Медицинска козметика е, затоа се смирило Пробај да не квасиш бебе ич, директно ставај купката на кожа и убаво измасирај, па исплакни.
Да, истиот совет го добивме од докторката, лосион за мачкање но и маслена купка од Еуцерин. А шампон?
Истото ќе го користиш и како шампон. Ако мислиш дека ќе и ја мрси косичката не, барем Еуцеринот не мрси, баш убава испаѓа косичката. Нема мојов скрос кратко косиче, па да не не сум приметила. Додека Мустелата мрсеше многу, како заплескана му испаѓаше, па тогаш купив и едно друго на Мустела кое не е маслено ради косичката. Ла роше исто имам користено и тоа беше супер, односно не мрсеше.
Купив од маслената купка и лосионот, па ќе пробам денеска ќе ја избањам, баш ќе видам. И мојава е уште со кратко косиче. Фала ти
Здраво. Бебе има два месеци. Пред две недели му се појавија лишајчиња на образите кои не беа многу изразени. Земав од еуцерин атопи контрол му ги смирува ама наредниот ден повторно му се вцрвенува, најчесто кога ги допира рачињата до лицето тогаш му се влошува повеќе. Сега доаѓаме од педијатар, рече било алергија на млеко, морало да се прекине доењето. И ме стави во мислење. Од каде да бидам сигурна дека е 100% алергија на млеко? Исто така ми даде купка од ла роше и кремче за мачкање, ама без упатство, рече да пробаме со него. Ако има некоја упатство како се користат да ми пратите. @Annath тебе ќе те тагнам како поискусна за совет. Да се редактирам, има и на бутчињата и на рачињата, ама не многу изразени, како лушпиња.
Како бе не го одбивај,извини што ти се убацувам но мене баш ми викаа ке си цица,но јас да избегнувам алергена храна. За козметика да користи тоа што ти дале,но до сега прв пат слушам на нској да му кажале да прекине доење.
Нема потреба да прекинуваш со доење, само да прекинеш внес на млеко и млечни производи, буквално се што содржи било какви траги од млеко, ако тоа е она на кое се сомнева педијатарот. Ако даваш дохрана, ќе даваш хипоалергено адаптирано млеко. За козметиката немам искуство.