Овие 2 дена е УЖАС, моја предпоставка е дека е од поленот,што се тркала у трева надвор. во исхрана ништо не сум сменила,стандард е. имаше зимата образите лом, лишаи по нозе, од ладното сигурна сум, мачкав афлодерм тогаш,иако не треба баш баш со кортико,али го среди одма.Од тогаш немаше на лице, тук там лишаи на нозе оти има суво кожиче. Овие два дена образите и вратчето лом, јас прво мислев од сонцето е изгорело, па мачкав афтер сан Нивеа Кога гледам ден два никакво подобрување, баш напротив, и ми светна ова е егземава Жива среќа имав тестерче Еуцерин педијатарката ми имаше дадено атопи, пополека дур заспа конечно од чешањево, го намачкав, сабајле гледам одма поарно. Од еурофарм веднаш земав лосионот атопи 250мл 1053 и купката само мала имаа 200мл 449, за тие што го користат инфо. Абе урлање беше синоќа, тешки маки се тоа дете испогребано, како мачки да го гребале по вратче, ушиња, лице, плачки беше синоќа, душа дури у фаца е отчен, и капаците на очите црвенки и подуваниофф, се надевам ќе се среди П.с дур ја погодив темата на срч, 50 мислења избришав
probajte so filagrin protekt, mast se izrabotuva vo aptekata vo zan mitrev, ubavo deluva, navlaznuva i go namaluva cesanjeto
Кажете ми дали сеуште се продава кремата A-derma Exomega некаде? Ја нема во зегин, не ја увезувале повеќе изгледа. Дали знае некој?
Женски која крема со фактор би ја препорачале за бебе со атопичен дерматит? Мислам да не има посебна? И онака и е пресува, да не и направам дополнителен проблем. Фала
Додека имаше дерматит малово, не користев креми со заштитен фактор. Не го вадев на директно сонце оти уште повеќе се зацрвенуваа лишаите. Таков крем почнав да користам повремено после годината. Обично на Санденс од ДМ земам, ама има и добри креми со физички филтри на Гамард и Еко Козметикс.
Мами ај едно прашање.. Беба е 13+ ја капам со маслена купка на еуцерин атопи контрол а мачкам биодерма атодерм. Е до сега и косата и ја мијав со купката но веќе не и се мија убаво останува како мрсна, во консултација со дерматолог зедов обично мустела шампонче, но мислам дека не и одговара. Баш од кога почнав да ја капам со него веќе една недела напред на градината на мешето и рамената ми е како нафрлана со ситни брунчиња и си мислам дека е од него. Со што му ја мијате вие косата на вашите дечина а користите маслени купки?
Мoрaм дa пишaм нa темaвa. Мојата бебa имaше кaкo пoмaлa oд 2 месеци едвaј зaспивaше душa, јa oднесoв нa привaтен кoжен лекaр и ни кaжa Мустелa, сaбaјле и нaвечер нa чистa кoжa, и едни кaпсули, вo Србијa ги имa, ние oд Врaње ги зимaвме 3 месеци ги пиеше, ги oтвaтaм стaвaм вo лaжиче и сo мoетo млекце дa се рaстoпaт и еве сега немa веќе. Акo нaјдaм кaкo се викаат oбaвезнo ќе ви пуштaм декa јас сум пресреќнa декa и пoминaa. Истo ми кaжa јaс дa не јaдaм џaнк фуд и грицки чипсoви, a oнa кoгa ќе пoчне сo млечни кaшички сaмo сo АД зa aтoпичнa aптaмил ли кaкo и дa се викa. Сегa сме 12+ и фaлa бoгу немa ништo веќе
Дали цинк оксид помага при атопична кожа? Таков совет ми дадоа, а некако нелогично ми е, нели цинкот суши повеќе??
Да нас ни помогна бекутан бадемов крем тој содржи цинк,лицето ни беше катастрофа и само тој ни помогна.За другите делови од телото немаше ефект но лицето за една недела ни помина, за телото користиме EUBOS LOTION
Јас користев маслена купка и крема. Кај малиот не беше многу изразен дерматитот и за кратко време имаше ефект. Мачкав крема сабајле и навечер, а со купката бањав преку ден.
Последнава недела кожа на бебе е хаос. Лишаите од бутовите се проширија и на грб, стомак и околу лактите. + исфрлан е цел од топло. Сакам да пробам со Еуцерин. Уште тоа остана непробано. Само се мислам дали да пробам со црвената линија пх5 или со атопиконтрол. Која ја користите вие што имате сличен проблем? Купката атопиконтрол е маслена или како гел? И лосионот дали е ок за на топлово време? Лосионот пх5 го имам користено за мене и дека е многу тежок мислам ќе го поти бебе, а одма се исфрла кога е намачкан со нешто тешко што го спурува Има уопште нешто што лесно се впива за да не се исфрла, а да помогне со лишаите?
Ние користиме еуцерин масло за капење и сме задоволни веќе 1 година го користиме и навистина ни помага
Кремата од Скендер. Моето бебче имаше по цело тело, сега кожата и е чиста, знае да и се појави од време на време ама не е страшно и си мачкам и веднаш поминува. Најтопла препорака, јас се измачив со кортико, си плачев со месеци, потрошов 200 евра мпжда за креми за на крај да го најдам спасот! Мачкам и мустела повремено. Еуцерин нас не ни помогна ич.
Јас ја користам за моето бебче. Најтопло ти ја препорачувам. Значи вака, ќерка ми има дерматит од третиот месец, сега е 7+, бев кај тројца дерматолози, пробав многу креми, потрошив 200 евра само за креми можда, мачкав и кортико бидејќи на моменти беше толку воспалена што и течеа, рани и се правеа. Имаше дерматит по целото тело. Пред месец и пол почнав со кремата на Скендер, буквално цело тело и се исчисти за неколку дена. Од тогаш знае по некое мало лишајче да има, реакција некаква, може и од топло, бидејќи има многу нежна кожа, ама мачкам од кремата повремено и се губи. Не е страшно како што беше... ни проближно. Јас сум многу задоволна, и купувам постојано, за секој случај, за да си бидам мирна мачкам од време на време кога ќе приметам нешто. Се надевам ти помогнав, не си ја мачи душата и земи си. И јас многу се мислев, бидејќи жени се плашат, па што состојки има, па како, ама верувај тоа што го поминав со бебето и дерматитот... многу ми е криво што не си ги скратив маките и не си земав уште одма.
Па и јас се мислам исто колку креми купив ништо не и помага само кортико ќе се изгуби и повторно исто.Од цела мк пишуваат позитивно искуство со нејзе но некои гледам пишуваат дека кремата содржела кортико и страв ми е за бебе а има по лице раце и нозе и сум на 2патеи што да правам