Кај малата исто покажа Интолеранција на лактоза Алергија на казеин и протеин Кикиритки Пиперка Е сега од пиперка немаше никаква реакција 2м. А од млечното имаше грчеви, од кравјото се исфрлаше црвенило и плус дерматит. Почнав да давам козјо млеко ама по некое време имаше многу грчеви па го прекинав, пробав со растителни млека но не ги прифати. Исто и ХА формулата не ја прифаќа, беше одвратна искрено. Сега е само на козјо и овчо к. Млеко, сирење и кашкавал, во одредена количина и не ги давам навечер за да не ја боли меше. Е сега кај твоето ако е алергично на казеин и протеин не ти покажува алергија туку само дерматит, колку толку телото има створено имунитет на тој алерген. А лактозата како му смета има грчеви или течна столица?
Он пие ад од раѓање. Течна столица кога имал сум ја поврзувала со заби, или од јадење, или нели сите бебиња на почеток имаат грчеви и течна столица. Ни на крај памет ова. Дерматитот му се појави исто многу рано уште првиот месец. Првично беше на лице само. Образите му се правеа жар црвени. Дерматолог ни даде афлодерм и така поминуваше. Ама, подоцна се прошири и по нозете и грбот и веќе не беа само црвенила туку големи црвени лишаи. Од јогурт се исфрла цел по лице во истиот момент. Кога се ептен влошени лишаите мачкам со афлодерм или белогент ама приметувам дека веќе слабо помагаат па затоа и го направив алерготестов. Ќе се консултирам со педијатар. Ептен голем обожавател на млеко е ме плаши помислата да му го тргнам иако веќе не е мал. Сепак фала ти.
Пробај со растително, може ќе ти го прифати. А ако го прифати ХА давај штом не му пречи, може е мала интолеранцијата на лактоза. Кај малата беше баш висок степен на интолеранција. Ептен е мачно ама ќе се навикнеш. Јас во маркет само декларации читам по 1 час
Јас го користев мелемот на Скендер 8 месеци пред да ја добијам информацијата дека е јако кортико. Моментално се смируваше црвенилото и по извесно време повторно се појавуваше Јас го користев мелемот на Скендер повремено 8 месеци, штом се појавеше црвенило мачкав. Откако ја добив информацијата дека е јако кортико престанав. Потоа неколку пати ставив Афлодерм и еве сега некое време нема потреба од кортико, се надевам дека така и ќе остане. Инаку секојдневно после бањање мачкам Биодерма атодерм, ја користам од 6 месеци и сметам дека е добра. Сега сме 16 месеци и мислем дека постепено дерматитот ќе се повлече со тек на време. За мелемот на Скендер може да ги прашате дерматолозите на Клинички центар.
Кога се користе кортико не треба да се изнесува на светлина, најчесто од тоа се прават бели флеки на кожата.
Не го изнесов,пред спиење му ставив ама направи. Се слушнав со док рече да прекинам дека се повлекоа од едно ставање
Мене ми го препорачуваат на Frezyderm во Зегин за дерматит но 25фактор страв ми е да не е малку а прв пат ќе ја водам на одмор 6месеци сме
Нема многу разлика помеѓу процентот на заштита помеѓу факторите. Всушност разликата е многу мала. Така да и со 25 е заштитено бебето. Еве пример.
А ти цело време на јако сонце ќе го држиш детето? Не е малку, таман е, секако нема да висите по цел ден на плажа или надвор. Во најжешкото од 11 до 17-18 часот ќе бидете внатре. СПФ крем не се препорачува до година, затоа 25 ти е таман. Со светла (бела) облека и бело капче и кремот ќе биде доволно заштитена.
Секако дека нема да го изложувам на сонце ниту пак ќе го носам по плажи побарав некој што има искуство да ми даде мислење.
Јас за двете деца до година не користев ништо, само по потреба јекодерм, а малото ми беше атопичар. Прашај си педијатар што го следи, за точно да ти каже.
Ние сме сега на одмор, јас не користам крема со фактор. Не седиме цел ден на плажа, кога сме таму си ја чувам малата под сенка.. мислам дека нема потреба од креми со оглед на дерматитот што го имаше. Сега веќе нема или има минимално, некојпат. Користам биодерма веќе 2 месеци и многу сум задоволна.