Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атопичен дерматит кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од lavica-e, 3 март 2014.

  1. abdurahman

    abdurahman Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Филагрин протект“ за интензивна нега за атопична кожа

    „Филагрин протект“ е високо емолиентна маст, овозможува ефикасна хридатација на кожата која трае 24 часа и со редовна употреба кај повеќето пациенти спречува појава на атопичен детматитис и предизвикува ремисија на клиничката слика на атопичен дерматитис.

    - не содржи конзерванси
    - не содржи кортикостероиди
    - содржи висока концентрација на глицерол
    - намалува чешање
    - хидратација на кожата
    - ја обновува кожната бариера
    - погодна е за целата популација (бебиња, деца и возрасни)

    (Овој маст како магистрален препарат се изработува во „Фила Аптека“ каде што можете и да го купите) filagrin nn.jpg
     
  2. Sani.Z

    Sani.Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Здраво мајки ве молам мислење од вас ми треба дали ова е дерматит или алергија од кашичка ?Секое мислење ми е значајно
     

    Прикачени фајлови:

  3. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некоја која е запознаена со кортикостероидите ќе може да ми објасни како делуваат. Сум слушала и читала само дека не се препорачуваат многу. Поради проблем со кожата што дури се создаваат и рани добивме доста јак крем правен по формула специјално за бебето, по само две мачкања гледам дека делува. Е сега ми е мисла да не делува лошо на организмот од друга страна?
     
  4. MimiG

    MimiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    199
    Добро дали секогаш кога ќе им се појави егземата ги мачкате со кортико кремите. Пред 10дена му ставав ги снема сега пак има пак ли да му ставам, немам веќе памет многу се нервирам кога ќе видам ккао му испагаат пак!!!!! ;(
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Зависи, ако се воспалени да, ако се само рапаво без црвенило ставам само млеко за тело за дерматит.
     
    На WonderGuurl и MimiG им се допаѓа ова.
  6. MimiG

    MimiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    199
    Воспалени се, морам и јас да ставам :@ Леле многу се нервирам значи!!! Кај тебе од како престана да доиш ли се повлече или кога направивте тест и веќе знаеше од што е?
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    На 8м дознавме дека е од кравји производи преку тестирање откако изби алергија.
    До 13м се нафрлаше преку мене затоа што јас конзумирав,кога престанав да доам исчезнаа.
    Сега и се појавуваат на кратко веројатно од нешто ама исчезнуваат само со млекото за тело.
    Мачкај кортико и кога ќе се смират користи колекција за дерматит.
     
    На WonderGuurl и MimiG им се допаѓа ова.
  8. MimiG

    MimiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    199
    Фала
    И јас мислам дека е од млечни бидејќи почнав да водам дневник што јадам јас па така приметив. Која колекција ја користиш? Јас земав на биодерма купка, крема мачкам на јекодерм и имам домашен мелем ама не помага очигледно. Видов една крема на еуцерин овде некој ја беше постирал па ќе земам да ја пробам и таа.
     
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Користам и купка и млеко за тело на Биодерма, само од тоа имаше резултат.
    Ама со Intensive линијата, а не Preventive.
     
    На MimiG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mm2366

    mm2366 Нов член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Zdravo, vekje nekolku dena na malata i se pojavuvaat bruncinja kako plikovi, dali nekoj ima iskustvo so ovaa? Isto taka utvrdena i e atopija...[​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

  11. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Дали оваа алергија на казеин/лактоза сама по себе ќе се изгуби некогаш? Му даваш ли на бепчето млечни производи да конзумира или воопшто не?
     
  12. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Моето беше на посебна исхрана без млечни производи три месеци, после тоа полека му воведував одново едно по едно. Целосно исчезна алергијата на млечни и на јаболко кај нас, само на праска остана.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    На која возраст ја правевте диетата? Размислувам јас да исфрлам млечно, бидејќи уште го дојам, па полека да воведувам... додека не сме почнале со млечни кашички, со надеж дека до тогаш ќе се изгуби
     
  14. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    На година и два месеци, кулминација мислам достигна алергијата тогаш. Со пликови, онака баш испакнати, на места дури и ранички му се направија. Ужасен период и за нас како родители и за него како дете. Три месеци максимално внимавав да не внесува млечни производи, пазев дури и на траги.
    Мене сите дерматолози што ги посетив и сите педијатри ми рекоа дека околу втората година се' ќе се среди и баш така испадна. Остана уште алергијата на праска, ама мислам дека таа ќе остане со оглед на тоа што не е ретка во наша фамилија.
    Сега дека веќе е поладно одма почнавме со превентивна нега за атопична кожа затоа што иако алергиите се повлекоа, кожата сепак му е доста нежна и си бара поинтензивна нега.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Фала ептен на опширниот одговор.
    Те молам доколку не ти е проблем да споделиш што користите. Јас мачкам 3 пати на ден Panthenol маст на местата кои се како зацрвенети лиши. Ми дадоа и Advantan млеко, но прочитав дека е кортико па решив да пробам прво со кремава.
     
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    После 1г точно пробав пак, ама пак изби на телото,реагирав брзо со сируп. Али по совет од педијатар е да не пробувам до 3г воопшто.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Моментално користиме маслена купка на Биодерма и соодветен крем од истата колекција. Кога беше најлошо мачкав и Афлодерм во консултација со доктор, а последно и комбинација од декотал со борогал. Користев, а и уште по потреба Бепантен сензидерм и тој е добар за атопична кожа.

    Инаку секое одново воведување на нешто што предизвикувало алергија треба да е во консултација со педијатар.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Се мислиш случајно да не е атопичен дерматит? Моја препорака - крема EUBOS. За деца. Ја има во сите аптеки тука.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Да. Истовремено со проблемот со столицата, му се појави егзем. Прво немав појма што е тоа, од раѓање кожата му е стакло. Матичната не препрати на спец. за другиот проблем, а за ова само ми препиша Panthenol и Advantan Milch.
    Јас малку истражував и ги поврзав двеве работи со нетолеранција на кравји протеин. Да знаев дека може да се поврзани, ќе му напоменев и на докторот во болница.
    Ќе ја земам кремава мислиш на онаа Haut Ruhe? Видов неколку има, оваа може и за бебиња претпоставувам...
    Затоа сега повнимателна ќе бидам со воведување намирници. Пишував во др тема, првиот ден со морков испаничив кога видов 2 црвени местенца на главчето, ама вчера немаше никаква реакција, може ете така се погодило.
    Фала многу
     
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Кај ќерката се појави прв пат дерматит на година и кусур. Таа мислам дека беше што на имаш пишано. Ко со мече да беше. Ќе побарам низ мислења.
    Не се паничи толку одма за две точки (ова за јадењето) оти ако има мака, ќе биде стварно страшно.

    Едит: на две и кусур години - сега видов по мислењата. Ги цитирам подолу.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.