Дали е до овој период од годината залади,па во долги алишта е облечен незнам но малиот ми пламна жар е. Највејќе е изразено на прегибите зад колено и лакт. Има и низ цели нозе помалечки кругови но зад колено е страшно. Мачкам цело време биодерма по тел се слушнав со педијатар му пратив слики блу кап ми рече да намачкам вечерва. Па ми е и од ситуацијава малце страв дали да го носам на дерматолог.? А цело лето раат беше само флеки имапе ни ц од црвднило и рани.
Читам малиот, мислев другиот мал ама после дочитав. Другото има ли ваков проблем? Инаку иста е и мојата исфрлана, од што и како немам поима, ништо не сум сменила, само кај мојата не се црвени ама има лишаи. Читам позади колено, да не се поте на тој дел ако ви е топло дома?
Девојки, и моја бебла е чудна на грбче, на цело грбче. Не знам што и се деси. Ново ништо немам воведено. Значи не е црвено, баш приметливо со око не е, ама на допир се осеќаат многу многу ситни (ако се тоа) мозолчиња и е порапавко за разлика од остатокот од кожата на телото. Мачкав обична крема за тело. Почна како да се повлекува. Секако сме на контрола наскоро па ќе прашам. Дали случајно некоја имала искуство со ова?
Бејби, бебево далеку подобра кожа сега за сега има од брат му. Не е така сува како што на негова возраст беше поголемиов. Ништо ни јас ново не сум му дала ни јатки нема уште пробано а е 18++ и еве лишаите се воспалени. Верувај синоќа мене ме чешаше кога ке го видев. А за топло,нормална температура е. Е сега тој што не застанува не седнува и се поти е дополнителен проблем.
Нема црвенило и вака на гледање не е приметливо, само на допир. Можно е да се работи за дерматит? Го имаше некои 2 недели. Утрово повторно и ставив крема, значително поповлечено е. Ама обична крема за тело и ставам, може и не е до кремата, туку само од себе да се повлекува. Вакво нешто на што може да е реакција? На храна? Немам воведено ништо ново, ич не ми текнува дал сум дала нешто ново.. Може да пројави реакција на јатки иако претходно немала никаква реакција од нив? Едит. Јатки јадеше и минативе денови, секое утро, ама и се повлекува па веројатно можам да ги исклучам нив.
Офф искрено не разрешена мистерија ми е алергијата. Еден ист кашкавал јади веќе 1г и еднаш покажува црвенило еднаш нема. Исто и дерматитот до сега многу ретко и бил црвен ама некогаш е чиста а некогаш е вака со суви лишаи низ цело тело. Штом нема воспаление и не се иритира сега за сега терај вака само хидрирај и ја кожата.
И кај син ми се активираа лишаите кога ќе заладеше. Претпоставувам дека е од ладното, ама и од сувиот воздух поради греењето. Само хидратација, ништо повеќе. Кај моево помагаше колекцијата на Логона од невен, а освен тоа и масленото средство за капење на база на овес од Натура Верде (ја нема кај нас сега, барем не сум приметила). Полесна облека нека носат, по можност да не е синтетика. И надвор кога ги вадите, не ги облекувајте многу.
Мајки за бебешки акни сте ставале ли крема атопик? Ги имаме веќе 10тина дена малото е 4 недели се смируваат но кога плаче се вцрвенува и му се јавуваат пак, матичната ми препорача крема на мустела џа дерматит но чисто информативно дали сте ставале такви креми за вакво нешто?
На моето му се појавија брумчиња само на обравчињата, матичниот рече дека се работи најверојатно за алергиски дерматит. Користевме афлодерм крема 5 дена, мачкавме 2 пати во денот, се повлекоа но само неколку дена откако престанавме да користиме афлодерм се појавија пак Педијатарот рече пак да ја повториме истата терапија со афлодерм Го ценам мислењето на докторот но исто така и скептична сум, да не е мн за бебенце толкава употреба на кортико Инаку досега не користевме никакви креми за лице Сега ја зедов мустела хидратантната крема
Мачкањето кортико е како зачаран круг, чим престанеш одма се враќаат лишаите/брумчињата. Најдобро да ја најдете причината за тоа, вака не е убаво толку кортико ни за детето.
Исто и на мојот му е грбчето како ситни црвени точки дури на некои места како сува кожата почна да му се лупи.. педијатарот ни рече биле вруќници да не го облекуваме многу ама пак не му поминуваше.. зедов на мустела крема за атопичен дерматит неколку дена го мачкам има подобрување
samo hidratacija , izbegnuvajte kortiko, sekoj nareden pat ja vlosuva atopijata, probajte so filagrin protekt mast
Здраво, Ве читам со искуства за дерматитот. Јас денес ќе пробам со Bioderma atopi, се надевам ќе даде ефект. Пробав и cicabio, blue cup, mustela stelatopia ништо посебно не помогна. Многу ми ја пофалија и La rosche atopi, имала липиди мн повеќе од сите останати. Но, дали имате пробано да смените исхрана? Моево мн јаде сирење, кашкавал, млеко, а доктор ми рече прво ова се да исфрлам, да мачкам со биодермата и видливи резултати ќе имаме по 1 месец па ме интресира и ваше искуство
И јас денес почнувам со Биодерма Атодерм Интензив, гел за капење и лосион за тело, се надевам на резултати! Инаку веќе 5ти ден не јадам ништо што содржи млеко, значи баш ништо и декларации читам. Ќе тестирам 2-3 недели вака, ако има подобрување, дефинитивно е до тоа Едит: моево цица сеуште, затоа јас исфрлам се што е млечно
Биодермата единствена што го хидрира. Блу кап знаел да го смири црвенилото. Но кај моето биодерма се покажа одлично. Од исхрана кажано ми е да му исклучам јужно овошје (цитруси)освен банана,јатки,чоколадо. Од текстил да избегнува синтетика и волна. Бањање што поретко со гел,а туширање само со поладна вода секојдневно. И при бришење со крпа само да тапкам нежно.
Малото има неколку лишаи,не се црвени тука како исушена кожичка па ме интересира дали можам да го вакцинирам или нема врска ова со вакцината?