Земав афлодерм неможев да го гледам многу беше жално го намачкав синоќа утрово го нема црвенилото и останато е рапаво со ситни црвени брумчиња, знам дека е кортико и треба внимателно со тоа , се надевам ќе се повлече овие ден два и продолжувам со веледата од бел слез па ќе видам како ќе делува се надевам ќе му помогне зошто е најприродна од сите.
И јас користам афлодерм кога е многу црвено, до 3 дена највеќе во тенок слој, единствено сега за газето ми продолжија до 5 дена беше жар црвено дури пред ранички отварање.
Тој може до 2-3 недели да се користи кај деца ама ако е ептен многу лоша состојбата. Многу лошо кај моето па и на меше неможеш да го држиш убаво неможеш на меше да го ставаш на раат веднаш се воспалува од што се трие со облеката
Кортизонот за жал краток ефект има... јас еднаш ставив и не се осмелив пак Пробајте да го најдете коренот, ова само ги третира симптомите (црвенилата) Хронично е, но за среќа во најголем процент се губи до втората година
Мал е за алерготест само на ад млеко е сеуште. Ништо немам променето во однос на перење купка лосион за тело. Од раѓање ми кажаа дека е многу бел и има сува кожа го мачкав еуцерин за сува кожа , понекогаш му се појавуваа по некое кругче црвенило на меше од бебе но си поминуваше со тој лосион. Незнам зошто од пред некој ден многу се нафрли и беше црвен. Дали зошто сегс е ладно времето па дополнително му ја влошува состојбата до кожата. Не е сув воздухот дома користиме и навлажнувач на воздух. Незнам како да откриам од што е. Педијатри двајце консултирав ништо ми рекоа само зошто е бел и имал сува кожа имал склоност кон атопија и толку. Да мачкам маст сега и колекција која сакам за атопична кожа.
А го чеша ли исфрланото? Малечки се многу, и мислам дека кога ќе набилдаат имунитет ќе исчезнат и овие проблеми. Да, зимно време посебно се влошува, да не носи некоја облека која дополнително иритира (волна на пр.)? Да не било пренаоблечено? Јас правев алерго тест, бидејќи кај нас во игра беше нетолеранција на кравји протеин (можеби треба да пробате со хирдолизирано млеко штом е на ад) Тестот не покажа некои алергии освен блага реакција на белка, односно пилешки протеини (што донекаде е и логично на оваа возраст) И уште се трудам да откријам на што точно реагира, бидејќи мојата диета од скоро месец дена без ништо што содржи млеко, не даде никаков резултат Се надевам веледата ќе ви даде резултати, таа барем е природна Пс. Доктор обавезно ќе препише кортико крема, како наједноставно и најдостапно решение, без да се види каде лежи проблемот
Па незнам дали го чеша ама многу плачеше постојано, не знае да се чеша сеуште. Претпостабувам дека го чеша зошто има многу ситни брумчиња и се вцрвуваат ептен се прави како црвени флеки кога лежи на стомак или го држам. Но сега можам да кажам цел стомак му беше црвен . Го облекувам во боди на куси ракави и тенки тренееки или шпикозни, температурата е 22-23 степени навечер е околу 18-20 за спиење не го покривам многу никогаш не се поти. Волнено не носи ништо освен едни плетени ракавички кога е надвор. Сета облека му е памучна. А докторите не се ни спомаа др причина само бело е бебето сува осетлива кожа склона кон дерматит,и јас сум била како бебе исто можеби и тоа влијае. И имам сува кожа. Еве сега е прв пат толку да се влоши па ако не се смири и да се одржува ќе правиме тест за алергија. Читав дека најчесто не била пронајдена точно поврзаноста на алергија кон одредени работи со атопичен дерматит.
Уф, те разбирам скроз, на моево на 4 месеци му се појави, одеднаш без да променам било што, а само на доење беше... Од раѓање немал никаков проблем со кожата, ама одеднаш се изиритира ептен Меѓу другото, поретко капење и со не многу жешка вода, тоа дополнително влошува Инаку тешко е за гледање, психолошки проблем ствара за цело семејство Останува да пробуваме најразлични креми и екстра да внимаваме, друго не знам што да кажам Предосадни се кожните проблеми и бараат доследност во лекувањето *ако нешто ви помогне слободно сподели овде
Лекот е сонце. Да се сунча дете. Еве цело лето мака немаше како нова кожа да имапе детево. Како залади и на прегиби е лом ама лом во буквална смисла на зборот. Мене ме чеша и боли како што го гледам. Значи не конзумира цитруси,јатки,кравјо млеко,апетисани,јајце единствено глутен давам и повторно и повторно пламнува. На места каде што не е пламен црвен и со бели дамки што му остануваат од лишаите што биле пламнати. Се на се детето ми е географска карта од егзема. Нема доктор каде што не бев во оваа годона и пол. Мислењата и советите горе доле исти Лесна гардероба во зимски период да не се прегрева. Бањање со маслена купка што поретко еднаш неделно а без маслена купка секојдневно може. Еве некој вид диета без горенаведените производи. И ходрирање со крема за атопичен дерматит. Јас користам биодерма убаво го измазнува. А при црвенило јако каде што на места има и крв од што се разранил пред бањање мачкам блу кап. Се тешам дека до 3 години се средувала овај вид на некока бебешка егзема
Се извинувам што упаѓа м во дискусијата но ме интересира зошто само еднаш неделно со маслена купка дали знаеш? И колку често можам да го капам, до сега преку еден ден го бањав.
Мислам ама не сум сигурна но за да почне да се масти кожата сама од себе. Нели од многу сува кожа е и се ова поврзано. За еден вид заштита природна да почни да си лачи самата кожа. А за бањање јас сега зимно време го бањам преку еден ден газе мијам после какање сега е голем кака еднаш дневно. Но ми кажаа доколку детето си има ред секоја ноќ да се бања пре спиење да не нарушувам многу пх вредност со купки да биде само вода па крема. А еднаш неделно со маслена купка
Вчера и денес на секој оброк ми се исфрла дете во образите. Ништо ново не му давам. Вчера и додека си играше го гледам образите одеднаш со ситен осип и црвенило. Што може да е работа? @BabyT* any idea? Едит: До сега ми се исфрлаше од одредени продукти само вака по лице.
Што даваше пред да се исфрле, после колку време се повлекува? Дали е како пликови или голем црвен круг на образи
Ситни точки во комбинација со црвенило. Ништо апсолутно не јадел ново. А и не може се да му смета. Од вчера до денес на 4 оброци исто реагираше а различно јадење. Поминува до пола саат после оброкот.
Дали ви прсвеле проблем за вакцинација кај дечињата со атописки дерматит? Знам дека не би требало да има проблем ама пак ме интересира искуство ако има некој
Што им ставате на лицето на вашите бебиња при излегувањето надвор? Се вративме од шетање обравчињата и се многу црвени, а кратко пред излагање ја мачкав биодерма...