Сега ја гледам темава па да прашам поискусни. Бебе 3 месеци само на доење, на лактите приметувам лишаи,рапаво класичен дерматит. Мачкам Стелатопија, со маслена Еуцерин еднаш неделно го бањам и пак не се повлекува. Дали се вакцинираат децата кога се со активен дерматит?
Моето има на лицето често му се активира ко црвенило и лишаи кога ќе се стега од грчевите и плаче баш на вакцина ме праша докторката од кога му е и што користиме и не направи проблем го вакцинираа.
Moeto trebashe minatiov ponedelnik da go vakciniraat no bidejki imashe na nodzinjata bash kajs hto bockaat ne go vakciniraa rekoa da se iscisti pa da go nosam eve planiram vo ponedelnik zdravje da go odnesam. Ama ako nema tamu isfrleno kje go vakciniraat bebenceto.
Ние почнавме да ја користиме биодерма превентив, пишува да се користи двапати на ден. Па така ја мачкам сабајле и вечер меѓутоа не приметувам некој ефект освен што хидрира. Кога и се вцрвуваат повеќе обравчињата користам биодерма интензив и од интензивот за ден два и минува црвенилото Но незнам дали може да се користи интензив подолг период Бидејќи штом престанам да мачкам биодерма интензив за некој ден пак и се вцрвиваат обравчињата
Од Веледа кремот за студ. Мачкам околу 20 минути пред излегување, така ме советуваа на форумов, за да упие кожата и да се припреми за надвор.
Јас би пробала, зошто да не. Природна козметика е. Е, сега, мрсен е доста, па да не ти направи црнки или акни. Да не испадне сум те зезнала со муабетов.
Да јас со се што купувам за бебе се шљакам Само за студ земам на Бејби лове крем околу 100 ден е и за него и за мене е супер Некако позадоволна сум од веледата
Мојов не можеше ни секунда да ја поднесе на лице а сува кожа има. Мустелата има лесна текстура, мачкаш и одма впива. Ни свети ни лепи. Не знам нас не ни се погоди веледата за студ ич.
Па добро, индивидуално е тоа, ете не се погодува на сите. Додека не се проба дали одговара, не може да се знае како ќе се впива. Моето искуство е супер. Мачкам околу 20 минути пред излегување, со впиен крем излегуваме и заштитен е, воопшто не му се зацрвенува кожата ниту му пука. Да не се погодеше, ќе барав друг крем.
Користите ли омекнувач за алишта? Бебе е 4 месеци имс многу осетлива сува кожа, не знам дали да пробам, до сега не сум ставала
@BabyT* ако можеш да ми одговориш, а и некоја друга ако има искуство. Кога воведуваше глутен, јајце, млечни...? Дали некое од овие ти покажа реакција? Исто ме интересира, нели вечерата се млечно житни каши, со какво млеко ги правеше? Страв ми е сеуште да дадам ад, не знам како ќе изреагира...
Најпрво покажа реакција на к. млеко , се исфрли околу уста.Потоа продолжив на јогурт не покажа, на сирење не, на моцарела да. Па почнав со ноќните млечни каши од нив одма покажуваше реакција. Повеќе пати имам пишано, еднаш ако покаже црвенило после јадење одма прекинувајте и не давајте неколку дена, затоа што ние така завршивме во болница. На глутен не покажа, а на јајце само на домашно.
Фала ти, на мисла ми е глутен да дадам деновиве, се надевам дека добро ќе пројде. Па кашите за вечера ќе ги правам без млеко само житарка и можеби малку овошен мус. Ти се исфрлаше, или егземите се воспалуваа, како покажуваше реакција? А сега како сте, ги "надрасна" некои од овие интолеранции со возраста или немате сеуште тестирано со она на што реагираше како бебе?
И млечно кога ќе даваш прво само насабајле, ако е ок и навечер. Кога е алергија кај некој деца се воспалува само дерматитот (и во овој случај не треба да давате ако не изгледа страшно), кај мојата беше и дерматит и црвени пликови. Сега е 2г, сеуште дава реакција на кравјо, но си конзумира козјо и овчо и немаме проблем. На кај 3г пак ќе пробаме, а и воедно тогаш би направиле тестирања .