Таман помислив дека проблемот со дерматитот е под контрола откако почнавме да користиме Биодерма Интензив но сум се излажала Интензив ни се покажа како доста ефикасна крема на почетокот, само после 2 мачкања брумчињата исчезнаа. Продолжив да користам паралелно биодерма интензив и превентив во зависност од тоа колку е воспалена Мегутоа еве веќе нема никаков ефект По 3 пати на ден мачкам интензив и не помага Мислам дека сега е највоспалена откако и се појави дерматитот. Некоја друга крема да ми предложите? И препорака за добар дерматолог? Очајна сум веќе, ова нема крај
Колку пари е биодерма превентив, само јас ли користам интензив постојано никој не ми кажал за превентив...
За брунчиња мустела стелатопија на нас ни помогна али за сувата кожа пробај со еуцерин атопик или еуцерин уреа 10% и двете се заатопична кожа побарај во аптека тестери да ти дадат и види дали ќе помогне крајна опција ти е уриаж за атопична
Ова што мислев дека има проблем со кожата на лицето, што му се правеше суво (лишај), магично исчезна откако прекина да цица. Ни трага на обравчињата дека некогаш таму имал црвенило и сува кожа.
Кремот не е магија, треба да а најдеш причината зошто се воспалува и со секоја наредна крема ќе биде исто додека прима алерген. Исклучи прво главните можни фактори. Си јадела нешто што му смета, исто беше и кај мене.
Две недели давам жолчка, друго ништо засега, 9 месеци ќе прави за некој ден. Баш кога почнав да давам јајце, се одби од цицање и му исчезна црвенилото.
Млечно веројатно си јаде веќе? Белката е поалергена внимавај со неа, модар домат,риба, печурки, црвено овошје и јатки. Мојата и на пиперка беше Ама воведувај полека и ќе приметиш лесно ако нешто се појаве стави го на мирување.
Од модар домат мојов партал се правеше... Него јас јатки не сум дала уште ништо. Дека нон стоп нешто е исфрлан и не сум стигнала. Едино има пробано смоки од кикирика. Немаше реакција никаква. Со што да почнам од јатки?
Јас само кикиритки немам дадено, не ни планирам. Почнав од бадем, па лешник, индииски ореви и обични. Нема некој ред, сите може да дадат реакција. Ако има уште дерматит почекај уште малку.
Точно е дека од ладното знаат да се појават, ама не и да се воспалат многу доколку се третират. Ако не се црвени и воспалени продолжи си со колекцијата. Не те прочитав купка користиш исто Биодерма?
Јас би те советувала ако не се воспалени да си продолжиш со неа. Ако има големи промени дури тогаш смени.
АКо ја има во Македонија колекцијата на Grahams обавезно земај ја. Ја користев за мојата и за еден ден се виде разлика.