Ова ли е атопичен дерматитис? Сношти после банјање, прв пат го приметив. Има на двете рачиња, од предната страна кај што е лактот, но на левото раче е повеќе. Инаку да напоменам дека пред четири дена примивме вакцина и овие неколку дена, немаме воведено нова намирница. Користиме Веледа козметика од раѓање. Исто од раѓање користиме ист детергент ариел бејби и ги пеглам сите алишта после перење. Кажувајте решение и ваши искуства
Нема правило кога ќе се појаве, консултирај се со педијатар, земи колекција за дерматит. И смени го Ариел, многу е јак. Бекутан, Персил, Виолета до сега се покажале барем кај мојата добри. И пуштај ги алиштата на дупло плавење.
Не реков дека е од тоа има многу причини, со што треба да ја исклучуваш можноста од секое. Многу вода, непријатен материјал, ако е на доење може му смета нешто од твојата исхрана и многу други фактори. Како и да е советувај се со педијатар.
Мајки,беба има како лишајче едното раче,над лактот позади,околу 1цм дијаматар.10+ месеци е,а ова го има поодамна.Не се чеша,не се вцрвенува,само еднаш после бањање приметив розеникаво дека стана.Има нормална кожа,не е склона на иритации ко што сум приметила,а од козметика користам само Веледа.Ко што читав,честа појава е,и го надраснуваат децата. Сметате ли дека треба да сменам козметика,односно да користам наменска за дерматит. @Annath ке ја означам,видов дека има искуство со синчето.
Не мора да менуваш колекција ако и одговара, само лишајот може да се третира со креми кои се наменети за атопичен дерматит. Ако забележиш дека се шири или се појавуваат на друго место, тогаш може да смениш. Ама Веледа е добра козметика, јас Логона користев, не ја сменив воопшто кога се појавија лишаите. За атопична кожа освен Мустела и Еуцерин, има една колекција Линола Фет наменска за атопична и сува кожа, кај нас тешко се наоѓа, ама многу е добра за вакви ситуации. Имаат убава крема од колекцијата за атопична кожа. Мислам дека може да помогне за вакви лишаи, братучетка ми во Германија ја користеше кремата и купката. Освен ова, НатураВерде имаат солидна колекција за бебиња за нега на посува кожа на база на овес. И од неа сум задоволна, ако веќе сакаш да ја смениш Веледа. Но како што реков, подобро немој, оти може да ти изреагира на промената.
Фала ти @Annath Линола ја знам,се користи и овде,имам тестери од маста за пеленска регија,убава масна конзистенција имаат и супер се впива.Ке побарам од маста за атопична кожа,па третирам само на местото,баш убав совет ми даде.
Дуника, те молам погледни ги сликите малку погоре што ги ставив, дали е така и кај твојава цуцка? И јас пред три дена после банјање приметив, ептен малку зацрвенето и рапаво на допир. Од предната страна на лактот е. Има и на другото раче, на истото место, но таму ептен малку, како точка е, скоро неприметно е. И јас од раѓање само Веледа користам, не знам дали да мењам, козметика, прашок за перење ?! И пратив слики на матичната, ми пишала дојди тестери да ти дадам, да пробаш една крема на природна база. Е, нема проблем, ќе пробувам креми од каталог на моето дете. Зачленета во форевер мислам дека е. Од Систина, од докторот немам уште одговор добиено, не знам дали дерматолог да барам .
Да @eta така слично,само помало е. Ке пробам со Линолава јас,па ке споделам искуство. Ако сакаш ке ти донесам,во Април би требало да сум во Мк.
И моето има на исто место,треба редовно мачкање со козметика што ќе и одговара.Јас го мачкам со биодерма,претходно пробав неколку не одговараа.На ногата и рана му се направи ептен му се влоши па морав да земам крема од скендер и за една недела немаше ништо.Зошто да не идеш да ти даде тестери и да пробаш доколку на друг помогнале,сепак подобро на природна база отколку со хемии.Пробај со еуцерин,со маслената купка и крема за тело atopi control.Обично еуцеринот на повеќето им помага
Вака беше и кај моето, прво на рачето па се појави и на мешето на едната страна мал дел. Беше 4 месеци бебе, дотогаш кожата стакло, немаше ни теменица ниту акни како новороденче. Ова преку ноќ се појави кај нас... Ја сменив Веледа со Биодерма атопи интензив, лосион за тело и купка за капење. Јас типував на некоја храна од она што јас јадам (јајца или млеко), ама изгледа не е од тоа. За среќа не се прошири, со козметиката мислам дека го ставив под контрола. Сега на 8 месеци полека полека почна да се губи. Изгледа како им зајакнува имунитетот, успеваат да ги надминат ваквите кожни проблеми. Сега за овде зедов Мустела лосион за атопична кожа и Еуцерин маслена купка, па се надевам ќе има уште подобар резултат. Мислам дека треба да го третираш со нешто за да не се шири. А, досадни се кожниве болести и вистина мора да се пробува додека се пронајде вистинската крема.
Дерматит е и мојата исто имаше само плус на грбче. И јас користев веледа и персил и тврдам не е од прашок, едноставно склоно е дерето. Земав биодерма, таа маслената купка и млекото и за 2 дена се смири. И не ја бањај секој ден, тоа уште повеќе им ја суши кожата, јас ја бањам секој 2 ден
И кај нас има вака баш на лактите, риластил мачкам јас по препорака од педијатар се смирува од тоа ама имаше и на лицето он, претходно веледа и логона користевме дека органски ама не му помогнаа од риластилот за 1 недела му се среди.
Ви благодарам на сите на советите Ќе сменам козметика, прашок за перење, се што е потребно. Утре и со дерматолог ќе се консултираме. @dunika благодарам на понудената помош, ако не помине до април, ќе мора да ми донесеш и Линолава, да пробаме. Ќе ти пишам .
Јас само кремчето линола фет го најдов во еурофарм Туку дај кажете асален кожен? Старова термини нема Горица ми се испонаша по телефон и не и одам Анчевски ? Ремедика сум била ама никакво внимание оддалеку го виде малтене на врата Сега се активира доста на ладново
Ладното му смета, и кај моево се активираа на ладно. Ама не е чаре претоплување, туку полесна облека и хидратација. Само хидратација.
Цело време го мачкам од еуцеринот и од линолата. Он е лабаво облечен и преку зима зошто е с’клетџија и пие доста вода... Ама сега од студов и обравчињата црвени со лишаи Иренке која логона ? Ти текнува ли? Уште тоа не сме пробале
Провери Grahams козметика дали можеш да најдеш. Мојата имаше премногу сува кожа и цела беше нафрлена. По првиот ден одма се прижетува разлика.
Ќе помине Ели. Гледам и моево од вчера има на рацете т.е на зглобот од дланката. Ќе се повлече штом ќе се стопли. Јас ништо не мачкам, не сака, не дава. Голем е, ама не сака да се мачка со ништо. Иначе од Логона јас ја користев колекцијата со невен. Не знам дали Ирена мисли на истата.