Таа е баш за атопична или има некој смирувачки ефект? Баш ќе видам во зегин после Знам дека ќе помине, се нервирам и жал ми е таков да го гледам
Моево не се исфрла веќе, чат пат му се појавува вака, ама најактивно беше некаде меѓу првата и втората година, после помина. Сега знае повремено да покаже малку рапавост на некои места, ама брзо поминува, за ден два. Иначе има 4 години. А големиов паметам дека имаше реакција на течни сапуни за миење раце пред некое време, имаше лишаи на двете раце на зглобовите кај дланките. А никогаш немал атопичен дерматит. Ги исфрлив тие сапуни од употреба, користиме Dove за миење раце. Одма му се повлече штом прекинав со нив. @eli25 обичната колекција, за смирување и хидратација на кожа. Не дека поминуваат лишаите од неа, ама кожата е хидрирана и не се воспалува.
оваа беше. Сепак се е индивидуално. Сега е скоро 6 год, уште е со чувствителна кожа, но добар е, сега ништо не мачкам.
Ја користела ли некоја од вас кремата за егзема на Скендер? Ми ја препорачаа дали е добра на природна база била. Цел е црвен рапав и има како лушпички многу му е сува кожата. Има на мешето, грбот, рацете позади колената... Утре ќе го носам на лекар, вака се нафрла еднаш земав Еуцерин Атопик се смири скроз сега пак исто со Еуцерин бањам и мачкам ама нема нешто подобрување.
Јас колку што знам кремата соржелаа кортико и покрај тоа што тие тврдат дека е природна ама незнам ... Јас не би користела.
Јас ја зедов, само првиот пат помогна, после џабе ја мачкав, не се повлекуваа лишаите, и така ја фрлив.
Искуства од млекото за тело на Биодерма за атопичен дерматитис? Таа ни ја препорача и педијатарот и дерматологот.
Кај моево таа најмалку помогна. Сите ги пројдовме креми. И на крај јас си се мачкав со млеката и туширав со кремите Јас би ја зела еуцерин атопик, таа помагаше малку од малку
Јас кремата ја имам помагаше првите два три пати сега веќе не иако не го мачкав нон стоп со таа само кога имаше мака.И сега дури и корки му се направија на лицето само Вазелин со невен на Сенсилис го намачкав со прво мачкање одма исчезна и се среди исто и устата многу јако му распука со едно мачкање одма му зарасна
Нир го користиме. Прво сос спрејот го користев додека се смири црвенилото напоредно со млекото за тело. Потоа продолжив само со маслената купка и млекото. Од тогаш наваму знае понекогаш да се јави мало црвенило но веднаш се смирува, а беше страшно.
Имате ли искуство со црвени мали брунчиња на стомак кај бебе? Педијатар ми кажа да мачкам со еуцерин аквапор ама сеуште ги има Претходно имаше и на колената сега само е рапаво таму, не е црвено ама на стомак остануваат.. да не е алергија, утре ќе ја носам пак