Кај мојов од крај на декември, уште не се сосема повлечени. На почетокот беа и влажни, сега се смирени, но не сосема исчезнати. Во комбинација со осип беа, но тој се повлече. Да, за сега не давај ништо ново. Со што ги мачкаш?
Зедов тестери од Еуцерин маслена купка и лосион за атопична и интензивен за локално да мачкам на местото. Имам и Мустела. Дали треба да се мачка само еден крем додека се види дали има ефект?
Мачкај една недела редовно со истото, ако има минимално подобрување продолжи, ако се влошуваат мењај. Ако се воспалуваат или почнат да влажнат прашај педијатар за кортико. Најчесто даваат Афлодерм на бебиња. Ама ако најдеш чаре без кортико боље.
Мојот беше многу исфрлен мачкав афлодерм по препорака се повлече и откако прекинав да го мачкам за два дена пак се појави многу полошо. Тогаш земав сос о спреј биодерма прскав три пати на ден, за неколку дена се повлече скроз и еве од тогаш наваму редовно маслена купка и интензив лосионот и го држиме под контрола. Во мегувреме и со афлодермот и со сос спрејот користев купка и лосион за атопична кожа.
Зимно време знае од никакви причини да се појавува дерматит, но ако покаже на нешто реакција нели ќе биде многу по лошо. Јас дадов после година ама откако немаше воопшто лишаи, кожата скроз и се исчисти. После годината дадов јагоди, па јатки сите на оддалеченост давани. Кикиритки и мед немам дадено ако е 2г 2м.Мед планирам да дадам само да најдам убав домашен, затоа што веќе има јадено производи кои содржат мед. Лишаите може да стоат долго време битно е да не се црвени и иритирани, и да биде хидрирана кожата постојано. Кога пробуваш некоја козметика треба да ја користиш повеќе време за да видиш дали ќе даде резултати. Јас сум презадоволна од Биодермата и ја немам сменето од кога појави прв пат.
Постојано мачкам, на секое пресоблекување. Најчесто се жолтеникави, но понекогаш знаат и накај розевко-црвенкасти да станат. А Биодерма не е со кортико, така? Друго што може да пробам? Уријаж, Еуцерин, Биодерма, Мустела се без кортико?
Немат кортико овие ниедна. Биодермата иде како најагресивна, пример Велдеа е природна и тешко дека ќе помогне барем во наш случај. За другите немам искуство не експериментирав. Незнам колку можеш со тестер да увидиш дали ќе помогнете, а цели пакувања па се скапи.
@0ли ист случај е и кај нас,над лактите мали пликчиња. Мене педијатарот ми даде маст,за два три дена се повлекоа,престанав да мачкам и пак прееска напипав рапавко.Ке продолжам да ставам. @Sexybaby86 пиша позитивно искуство со маслената на Уријаж. Кај внук ми не помогна таа,значи ептен е до самата кожа. Види со тестери,пробај повеќе,не се исплати големи пакувања дур најдеш соодветна козметика. Јас да дотрошам Веледа,мислам да се префрлам на Биодерма.
@0ли Uriage маслена користам за малата, неа и’ се повлекоа лишајчињата. На нив ставав и Bioderma Atoderm Intensive Balm, и оваа комбинација се покажа успешна кај мојата. Uriage маслената не е специјално за атопична кожа, бар мислам дека не е наведено на неа, ама супер делуваше кај малата. Биодерма и Еуцерин доста ги фалат за овој проблем, поинтензивни се. Маслената Еуцерин и јас ја користам и одлична е.
Ја интензивно барав деновиве нешто маслени, ништо не можев да најдам што сакав. Мојава имаше мал проблем на 2 месеца, откако се среди до 13 месеци немаше ништо. По 13тиот месец и на газе почна да се исфрла доста често. До 13 месеци крема за газе скоро и да не користев оти немаше никаква потреба и не сакав само да ја шлакам. Ептен летото од море, сол, пот знаеше многу малку да се зацрвени, неколку пати цело лето и тоа беше. По 13ти месец знае лом да се направи ако не сменам пелена истата минута. Проследено со тоа заедно и кожата и стана рапавка ниско на грб, па се прошири и високо, а последно и на места по нозете. До сега од веледа козметиката сум многу задоволна, случајно налетав на колекција од Веледа за атопична кожа derma white користел некој да сподели искуство? Нарачав вчера лосион, купка/гел немаше, или јас не успеав да најдам. Ама оти не се работи за лишаи, го нарачав гелот кој и до сега го користев, класичниот на Веледа календула. Имам воведено и мед и јатки и кикирики. Немам приметено ништо од нив. Проблематична е за јадење, слабо јаде и релативно ограничена сум со намирници и пак не можам да откријам од што и се дешава. Дали може да е наследно? Јас имам егзема која значително се влошува на зима. Еве сега веќе после 3 недели третман ми се подобрува. Обично со хидратантни креми средувам, ама сега беше многу влошено, па завршив на дерматолог и со обемна терапија.
Веледа за атопичен немам користено, но календула гелот му ја сушеше повеќе кожата, ако имате таков проблем би ти рекла да пробаш маслена купка, мене ми е преубава веледата ама ради дерматитот остана неискористена
Секако дека може да е наследно ама и тебе нешто ти прави да ти се појавуваат. Иста сум и јас. Зимата е посебно мачна. Велдеа White Mallow го ставав кратко ама никако не помогна. Пробав и на мојата кожа мене па уште толку ми ја иритираше ако е бејби.
Веќе нарачан е. Ќе го пробам, па ако не ќе барам друго. А ти најде нешто што ти помага тебе? Стапалата ми се средија, а еве седам со дланки од горе натопени во крема, оти кожата ми е ужасно сува. Кремава ми е од дерматолог дадена, ми го среди лишајот и чешањето, ама не ми помага баш за сувоста, ужасно сува и нееластична е.
И јас си ставам Биодерма ама ако се залоши многу само кортико ставам. Јас ако возрасна неможам да се контролирам со чешање и ги правам лом рацете.
А да пробаш масло да мачкаш? Не се разбирам ни во дерма-проблеми баш, ни во масла, ама штознам... Инаку сигурно нешто внатрешно фали штом надворешно се манифестира, знам некои деца на членки овде со млеко имаат проблем, со глутен може да биде поврзано. Алерго тест немате правено?
Јас исто како тебе прво тоа нарачав од бел слез лосион. Никако не му помогна ич. Потоа земав биодерма се среди.
Јас користев за малово Еуцерин атопик првиот пат кога беше целиот лом му помогна продолжив со еуцетин, ама кога се нафрла пак не му помагаше. Има екстремно сува кожа се перути дури кога земав пробиотик ваја имаше тестери на биодерма ги пробав и одма убаво му омекна кожата. Продолжив со биодерма засега е супер.
Збори ми за чешање. Стапала чешав на гребалката за нокти од мачорот. Покрај егземата на стапала и габична развив зимава, ем болеше ем не можев да престанам да чешам. Среќа тоа се среди. Уште дланкиве од горната страна ми останаа суви до болка... Не ми помага. Шлакав масло од календула и кокосово. Ама ништо не помага. Мислам за дланките дека вака ми се влоши дополнително поради гелчињава за дезинфекција што содржат алкохол, а надвор нон стоп ги шлакав рацете и дополнително од ветре и студ таман да се пресушат и нормални, а тек па склони кон егзема. За алерго до 3 години се смета дека не се највалидни резултатите, дека често менуваат маливе па затоа не сум и праела.
Не шлакај дезинфекција на горна страна на дланка, секако не допираш со таа страна Стави ја малата на елиминациона диета по некоја недела, ама многу е веројатно да и прави проблем тоа што и тебе ти прави проблем. И да, генетски е.
 Не ми текнало тоа ама секако се чешам до крв. Си влегов во шема и за мене не се вознемирувам веќе колку за малото што ми е