Ако ја купиш купката Атопи и видиш разлика, пиши ми...јас ќе продолжам со пх 5, во аптека ми рекоа дека многу разлика нема,да си продолжам со пх 5, правевме таму споредба на состојки во пх 5 има парфем а во атопи контрол нема, ама во пх 5 има пантенол а во атопи нема...ако не видам напредок, ќе ја купам купката од атопи, па ако не му помогне еуцерин планирам блу кап да земам
Не треба да се користи во големи количини и многу време. Може да пробаш со тенок слој ако помага ќе се изчисти веднаш. Мада ако не се шири и променува јас не би ставала ништо освен од колекцијата што веќе ја користиш.
За тие што имате дечиња/бебиња проблем со лишаи, што се појавува зимно време и не поминува со никакви креми, рестрикции на храна и слично, пробајте со витамин Д. Јас сама си открив лекот за моето дете, дека секоја зима му се појавуваа лишаи, се чеша, крв си пушта, и со ништо не помогна, освен додаток на витамин Д. Ми требаше долго време да сфатам дека до тоа е проблемот, затоа што давав 300UI Д3 секој ден, и мислев дека е доволно. За деца до 2 год се препорачува до 1500UI, јас постепено накачував доза, од 300 на 1000, па на 1500, и со секое накачување видов подобрување. Со 2000UI на ден му се исчистија лишаите скрос. Сега иде летно време со многу сонце, па скоро го исфрливме витамин Д, и лишаите не се вратија. За наредна есен ќе бидам спремна. Се надевам ова ќе помогне на некоја мајка.
Ние имаме само по една две точки мислевме дека се лишаи ама ни рекоја дека е атопичен дерматит;па го мачкаме со Uriage и Alfoderm исто пиеме сируп Лоратидин...
Морам да го пишам ова и да стои тука во случај да ви притреба. Мојата 9 месечна ќерка има проблем со дерматит и мака мачиме изминативе 6 месеци. Пробавме многу работи, да не ви ги набројувам тука, сигурно ги знаете сите и се беше џабе, ништо не ни помогна. Во очај се решив да го пробам мелемот на Скендер. Еве веќе 2 месеци нема ниту една мала точка на лиценцето и телото, а имавме сериозни раскрварени рани, страшно беше. Ова е мое лично искуство, а искрено сум многу мноогу против надри лекари, "природни" масти, мелеми и слично.
Каде можам да го најдам тој мелем? Јас имам на рацете и три креми не ми помогнаа. Едната помогна ама откако ја потрошив се врати егземата.
Човекот живее во Чаир, слободно јави му се. Подолу ќе ти оставам бројче. Се надевам дека ќе ти помогне. Нас не спаси!
И јас веќе што не нашљакав што не купив ...фајде од ниту една крема Неколку мој познанички ми ја кажаа истата оваа крема. Еве и тебе те читам денес. Треба да нагласам дека е за бебе?
Образите му се црвени како мрежа од капилари е направено. Ми рекоја дека е атопилен дерматит и да пробаме со афлодерм и биодерма. Од што најчесто е ова? Алергиска реакција на што?
Јас му нагласив дека е за бебе, иако верувам дека истиот мелем е и за возрасни. Ќе ти каже дека е направен од природни состојки и дека може да се користи и кај новороденчиња без проблем
Го купивме и ние за синко, кажи ми дали откако му помина на твоето бебе уште го мачкаш по малку како за превентива?
На Скендер кремата содржи кортико. Испитано има моја братучедка на Фармацевтски факултет во лабораторијата. Не е дека нема како што он тврди. Е сега и афло и белогент сите се кортико. Ако кратко време мачкате и врши работа ок. Само да не користите континуирано
pobaraj tester od apteka filagrin protekt mast , probaj so nego , toj nema kortikosteroidi a e efikasen
Последниот пат кај Весна Пљакоска во Систина. Задоволна сум. Убави препораки ми даде во принцип ме смири лично мене дека до 4 години ке се повлечи и дека ке нема проблем покасно. Хигената кремата и останатото исто така ми се погоди. Го бањам со уријаж маслена хемосе купка мачкам биодерма. А кога е нафрлан па и раскрварен мачкам афлодерм 3 дена и продолжувам бидодерма атодерм превентив. Море и сонце и соблечен да диши кожата или многу лесен памук на него од облека