Ќе видам деновиве како ќе биде, и пишав на матичната ми препорача од еуцерин млеко за тело за атопична кожа
Мене како атопична кожа ми личи. И моето вака беше. Јас мислев ќе се исчисти демек од рајѓање е ама погрешно сум мислела. Јас биодерма користам масло за бањање и лосион за тело потоа. Секаде кожата е под контрола а на моето бебе најмногу му се прави зад и во ушињата и попочето а помалку на образите но има едно на ноџето тоа никако не поминува. Ми дадоа афлодерм последно и нема ефект никаков
Кај нас само на челотп е ваква на друго место не, освен на обравчињата има црвени брунки, а тоа миислам дека е од млекото што ја бришам и што ја галам. Колку време вие се занимавате вака со козметика? Незнам дали да земам нешто да почнам да ја мачкам си викам да почекам... стварно незнам
Pa malata ima sega 5 meseci. Pocnav od 2 meseci so biodermata i ne ja menuvam zasega e ok. Ti rekov samo so toa na nogeto nemozam da najdam soodveten tretmaan i za toa mnogu se sekiram
Izgleda ne sme go nasle praviot doktor. Sega koristev posledno afloderm i da napravam pauza pa ce ja odnesam na kozen doktor
Малата има 2 и пол месеци Што може да биде ? Исто и на веѓите има а главчето цело се перути Дали може со витаминска маст од бекутан да ја мачкам ?
Тоа е атопичен дерматит и кај нас почна од два месеци и почна со малку по лицето и после се прошири. Нас не советува банање мах.два пати неделно со маслена купка да не се бања секој ден затоа што тоа ја суши кожата дополнително. Ние сме во Германија и овде ми даваа секакви Креми ги пробавме сите и кога дојдовме за Мк пробав со бекутан бадемов крем по совет од друга мајка, дебел слој од кремот пред спиење и за 5 дена му помина и не се врати, после уште некое време имаше суви делови на нозете но на лицето ни беше најкритично и таму помина. Е сега веќе има 3 години и немаме проблем со кожата но има неколку алергии и тогаш му било од алергија што ги примал преку моето млеко.
Истиот проблем го имаме. После бањање особено му се лупи, го мачкам со хидратантна крема од бекутан, се повлекува и насабајле пак се појавува. До пред некое време беа како брумчиња, па се исушија, исчезнаа и сега се лупи... И на лице и на глава. Докторката ми рече дека се бебешки акни, ама веќе подолг период ги има.
Епа исто после бањање е по црврна кожата, како што пишав погоре почекав неколку дена црвенилото ни исчезна, сега е како корупчиња мали очекувам да почнат да се лупат, околу веѓите кај нас најмногу е такво. Инаку и јас со истата крема мачкам не купив ништо друго, засега и ја смирува па ќе видиме
Здраво мајки, дали сте се сретнале со вака нафрлано брунки? Малава е 2 години, имам и јас на рацете вака брунки, ама на неа и се влоши моментално, многу и се прошири еве и на сликава се гледа, и на бутчињата има по некое и на обравчињата. Моментално не можам да ја носам на кожен бидејќи сме во изолација, дури после 29ти. Исклучив омекнувач, исправ се наново само со прашок на дупло плавење, плус се и е пеглано, буквално и чорапчиња и пеглам, ја бањам со Хип, газе по какање, а инаку целосно на 3т ден откако залади. Се буди ноќе и ми вели боли, се чеша, се вцрвува. Не знам што да направам до 30ти за да и олеснам.
Мајки ние бевме на дерматолог, на син ми му постави дијагноза атопичен дерматит. Меѓу другото, препорача да смениме пелени, да земеме некои сензитив. Ај малку помош, од кои фирми има сензитив?