Мајки имам Мустела Стелатопиа ја зедов но дури потоа прочитав во упатството дека не се нанесува на рани.Џабе фрлени пари,ја давам упола цена на која и треба,920 денари ја купив.Не е воопшто отворена,само кутијата ја фрлив.
Зачувај ја, ќе дојде период само на сува и црвена кожа без рани па тогаш ќе ја упптребиш, за одржување влажност и мека кожа е одлична
@MamacitaBuena Се согласувам,задржи ја ќе ти се најде. Јас сега почнав со неа,па ќе пишам искуство за 3 недели...
Еве имам пишано текст на оваа тема па можеби ќе ви помогне нешто од ова (пишувам и од лично искуство со внучето така што знам низ што поминувате), а инаку кај него најефективна се покажа кремата Ексомега на адерма околу 1100-1200ден е од Еурофарм ја купува сестра ми, немав време да ги читам претходните коментари можеби некој исто ја посочил кремата, но морам да кажам дека од неа веднаш имаше резултати, а претходно од мустелата-не, пробавме и на бодерма атодермн мислам беше-ама сепак ексомегата беше најдобра, но мислам дека секој треба да проба повеќе креми мислам дека секоја состојба е различна и различна крема може да одговара за различно дете и искрем совет ако не е застрашувачки лоша состојбата стојте подалеку од кортикостероиди- повеќе штетат отколку што користат http://dietklubnutrika.blogspot.mk/2017/06/blog-post_7.html
Веке недела дена не јадам млечни производи но состојбата иста дури и се влошува..Веке незнам ни што да правам и што да ставам..И мустела и логона и биодерма и што ли уште нема ставено..Адвантан, белогент,канестен и многу други..И еве недела дена не јадам млечни производи а ниту пак мачкам нешто..Велам ајде стига креми може и од нив да е но не навистина незнам мајки каде да одам што да му ставам..Греота е се мачи многу целиот е рани рани по стомакот рацете и грбот..Ве молам совет помагајте навистина ми е потребен
Да и со еуцерин и масло и еуцерин црвена линија и еден друг пак на еуцерин..Се што слушнав и се што ми рекоа докторите ставив но никаков ефект
Еве ги овие сите што се за дерматит. Незнам од кој сте користеле, ама доста ги фалат дека поминувало. Сепак секоја кожа не е иста, на секој различно му делува. А нели ти препорачаа нешто на природна база?
Малата паковка кремот го имам користено второто и последниот крем..Само предпоследното ме го имам користено..Последно бев во Гевгелија кај Борис Хаџи-Николов и тој рече дека е многу влошено и дека мора кортико..Ми даде бетаметазон но не да ставам секој ден туку на секој 3 ден..Но фајде никакво..Сепак ти благодарам на одвоеното време
Јас со големата имав многу мака со дерматитот до минатата година, ама веќе порасна па и се повлекува сама од себе. Само таа крема најмногу ни помогнала и нема кортико во неа. Во Зегин барај ја Blue cup. Ако можеш и пиши ни како ви делува, баш ме интересира.
Да не ти давам лажна надеж, ама од првото мачкање ќе приметиш подобрување. Барем кај нас така се покажа, а ни кортико не делуваше.
Да ви се придружам во темава веќе некое време на детево му се појавија како лишаи на кожичката ама денес буквално збуфна цел црвени флеки од памет се извадив. Матичната не ми работеше, па правец Ремедика. Ни кажаа атопочен дерматит и докторката рече 2-3 дена афлодерм и колекција Биодерма. Ја прашав од што може да биде предизвикано,рече има многу фактори стварно не сфаќам од што е испровоцирано,единствено на што се сомневам е топлово
Атопичен дерматит е пред сè состојба на сува кожа со склоност кон создавање на егземи кои чешаат, па дури и рани како екстремна форма. Вообичаено е наследно, ама не се манифестира кај сите исто (јас имам сува кожа, син ми има дерматит). Во акутна фаза помагаат медикаменти од групата на кортикостероиди, а кога ќе се повлечат егземите, се одржува влажноста на кожата со соодветни купки и креми. Причини за тоа може да има многу - алергени во храната (млеко и млечни производи, јатки, јагоди, домати, малини, капини, праски, јајце...), алергени на облеката (прашоци за перење, омекнувачи), креми и лосиони за тело кои се со растителни екстракти, или купки за бањање кои премногу ја сушат кожата, а може да биде и од надворешни фактори. Јас кај син ми уште не сум открила од што е, а под сомнеж се јагодите, бидејќи јас јадев дента кога му се појави црвенило и флеки. Припази на твојата исхрана, исфрли млеко и млечни производи, внимавај со алергените овошки и зеленчуци, па ќе видиш. Ако нема подобрување, види со прашокот за перење или прекини со омекнувач ако користиш.
Фала ти многу на опширниот одговор. Конкретно и јас имам сува кожа, а и јадам се она што го наброја во алергени па ке исклучувам постепено по некој производ и ке следам. Неговата кожичката му е сува уште од раѓање, го мачкам после бањкање обавезно гледам да не биде кожата сува ама еве и козметика ке сменам може хип не му одговара. Како и да е ке земеме на биодерма и ке видиме. Фала уште еднаш на одговорот се надевам ке ја најдеме причината зошто греотка се стварно
син ми го малтретирав на 100 доктори и креми , последно од пријателка ми се кажа блу кап од зегин 850 денари и во лицето е како стакло презадоволна сум го препорачувам од цело срце