На малата и се појавија т.е. на допир ги осетив како лишаи....суви кругчиња на раце и нозе на по едно место. Дали е тоа атопичен дерматит или што е, Јекодерм да мачкам?
Да атопичен дерматит е. Јекодерм никогаш не би мачкала на мене а уште помалку на бебе. Ке си земеш маслена купка на биодерма (ја користам и задоволна сум) или еуцерин (не сум ја пробала ама ја фалат) и лосион. Јас користам биодерма интенсив бауме.
Природно,на пример? Освен Велдеа другото не е природно али ефективно . @brm_brm третирај го со колекција за дерматит ,јакодермот не е баш за тоа.
Јекодерм е за регенерација на кожата, ама има подобри производи за таа намена. Плус ужасно мириса. За атопична кожа немаш природно решение ама имаш соодветна козметика. Јас имав проблем со синко и од веледа жолтата колекција се префрлив на виолетовата за екстремно сува кожа ама не помогна. Сега сум на биодерма и добра е. Ама гледам ножињата суви му се, ке треба да земам атопи превент.
Со око не се приметува ама на допир е како сувичко и не е црвено. Значи атопичен дерматит е, а ! Во водата значи маслена купка, а на косичката? И по телото со што да мачкам или доволна е купката?
Има шанси да очекувам подобрување од кога ќе напонлни 3 години или така ќе си остане? Сите можни креми за дерматит ми се пробани, од никоја не видов некое значајно подобрување. Едноставно на периоди е, кога има помалку кога повеќе лишаи и црвенила. Се чеша, ја мачкам и по неколку пати на ден, докторите сите велат ќе биде подруго после 3 год. А веќе 2години и 8 месеци е. Среќа на лицето не и се појавило од 9 месеци.
Ако не се гледа црвено, би ти препорачала да пробаш веледа масло во вода. Значи гел за бањање веледа, во водата ке ставиш масло а после бањање мачкај со веледа лосион од виолетова линија. Ако сакаш слики кажи ке ти пратам. Пробај превентивно вака ако не ти изгледа многу проширено. Синко имаше на неколку места ама со ова што го наведов нагоре не помина.
Пробај биодерма кај мене на син ми од тоа му помина. Иначе обрни внимание на исхрана, приметив од што јадев сувомеснато што беше полно со конзерванси се исфрли. Престанав со тоа и му помина плус и со биодермата.
Јас имам егзема од бебе. Сега на 29 години, со бебе родено, се уште ми се појавува. На лицето не, но на раце, нозе, обавезно, 3-4 пати годишно. За жал и ќерка ми ја наследи од мене. Не се губи никогаш, само се намалува.
Зависи што ја предизвикува и дали ќе го надрасни проблемот. Мојата тој период и помина алергијата на млечно и така се повлече дерматитот. Еве кај мене од дете е и уште не се повлекува ,но влијание на надворешни фактори и хемикалии. Немате испитано до сега ништо така?
Не, алергија не сум испитала, ми викаат да направела 3 години за поточни резултати. Како бебе беше страшно, како расте и намалува, но никогаш не и е скроз исчезнато. Сега еве два месеца има само на нози, на лето имаше и на рамењата, над гради. Сега таму е мирна.
На официјалниот сајт на биодерма пишува дека биодерма не се користи за предвремено родени деца ! Друго чаре за атопичен дерматит?
Пробај со кокосово масло. Читав дека помага, а природно е. Coconut Oil for Eczema: Benefits and Uses (healthline.com)
Majka, preporaka za Elidel krema, 1000 denari e ama ne e barem emolient, probavme se isto taka. prezadovolna sum.