Моето исто на допир на ногата има само, не се гледа ништо. Педијатар го прегледа, дерматит рече дека е. Маслена купка и лосион за тело да се користи ми кажа.
Кај нас биодермата интензив не помогна. Друго чаре? И со што да го бањам? Моментално ништо не користиме за бањање, само вода.
И ние имаме атопичен, сега моментално само околу уста и на брада и биодермата и кај нас нема некој посебен ефект...јас пример имав некоја алергија околу уста, се мачкав со биодермата и одма ми помина...ама на детево никаков ефект...Иначе со маслото се капиме, убаво му е, претходно користевме еуцерин масло за капење, пробај со него.
За некој ден сум на контрола па ќе видам што ќе предложи. Секако сега ги пропуштив попустите за козметика, не земав ништо.
И за капење и за мачкање има. Да за сува кожа е линијата. Еве слика од декларацијата на лосионот. Денеска баш пред да го мачкам го проверував, цела кожа е исто мазна, го нема грубото место.
Majki dali bioderma intensive treba da se macka po celo telo ili samo na lisaite? Mojata ima samo pod vratceto. I od koga ke pominat se prodolzuva so istoto ili potoa so linijata za prevencija ili za suva koza?
По цело тело. Јас по препорака на дерматолог мачкам утро-вечер по цела кожа. И син ми моментално само на вратчето има, си перзистира долго време, другото му се исчисти.
Дерматолог ми рече дека биодерма е подобар емолиент од еуцеринот. Ние користевме еуцерин кога прв пат се појави егземата, сменивме биодерма и се смири.
Ви се случило ли на црвенилото да качи температура? Втор ден мачкаме флогоцид, во меѓувреме ставам облоги од камилица, вратчето од ноќва му врие од температура, бебе вришти, кожата ем му се лупи... Сабајле сме на лекар, па ќе видеме. Душата ме боли што го гледам дека се мачи златното...
Топло му е местото од воспалението, душиче. Со помин нека е мама. Ме интересира само зошто мачкаш флогоцид? Дерматолог ти препорача?
Не, сите блиски така ми кажаа... Викенд не` фати, не можев да го однесам на лекар. Денес сме кај матичен прво, па ако не` прати и кај дерматолог, ама гледам се повлекува. Него топло му било, затоа и вратчето му е жешко.
На што се топлите дома? 24 степени е. На едно ракавче е само. Дури се мислам и само боди по долги да и облечам, без боди маичка одоздола.
Една просторија на клима, др со дрва. Боди на кратки и блузе носи, ама и ја мислам дека попаметно е само на боди да е.
Флогоцид на мало бебе јас не би. Знам дека го користат за пеленска регија, ама и држи влажно, можеби и пече, затоа вришти. Ако има ранички од топло на вратчето, треба да го држиш суво, да го бришеш редовно. Може да ставиш беби пудра да држи суво, само внимавај да не вдише бебето. Јас во принцип не препорачувам, ниту користам пудра, ама малку да го засуши местото.
Немаранички, само црвенило. Суво му е, во аптека ми рекоа дека затоа е црвенилото. Нз веќе кого да слушам.