Колкво е бебето? Не мора да значи дека е атопичен дерматит. Ти ја препорачувам и јас биодерма атодерм. Јекодерм не би на бебе.
Кај мене на 1 месец ги појави бебе, а јас сум со атопична кожа и сум на штрек, ми рекоа на 1 месец не се појавува дерматит рано било , еве после месец ипол и се поднамалува, биодерма шлапам 3-4 патин на ден.
не знаев во која тема да пишам, ваљда е оваа најсоодветна... ќерка ми има скоро три месеци, од пред две недели и се појави на едната страна на лицето како црвенило, се повлекува и пак се појавува, иначе сме на ексклузивно доење си мислам да не е од некоја храна.. лицето и го мијам само со вода и до сеа не ја мачкав со ништо, сега земав на уријаж колд крем затоа што примерив кога ја носиме надвор и се суши кожичката.. дали е ова дерматит или пак нешто друго, некој совет? ви благодарам
И ние бевме исто, јас ја носев кај Коста во аеродром.. Ми рече промена на храна за мене, млечно да се избегнува, јајца домашни и колку што можам повеќе домашни продукти. Ни даде биодерма за атопичен маслена купка и крема и мачкаме ама се смирува се повлекува, па пакќ се појавува. Важно не се шири. Проветрување препорака, освежувач или прочистува на воздух во собата кај што спиете и кога се бања да сжж не се брише со пешкир, туку да упие водата,само благо тапкање. Температура Макс 22.
Тоа е. На моето биодермата не му помогна, само витаминска крема на галафарм помогна да се потсмири малку. Инаку уште му е црвена и рапавка кожата, само не е до толку изразено како порано. И да, од ладното, од ветер им се супи дополнително.
Da toa e. Atopicna koza. Zemi i maslena kupka za banja i mleko za telo. Ce si mackate lice 2 pati na den. Ce mine i toa. Ce zarasnat
Мајки како се користи маслената купка на Еуцерин? Јас ставам во водата, не директно на бебе. Дали може да се стави и директно на бебе, да си го насапунам па после да го исплакнам?
Дали ова и е од атопик.. Бевме на педијатар ни даде афлодерм се мачкавме и ни мине ама а прекратиме одма пак ни се појавува.. Инаку на мустела сме па се мислам ако е тоа да сменам некоја друга или ?
Ова се прави од што останува влажна кожата кај што се превиткува. Мора добро да се исуши после капење, некои ставаат и бебешка пудра. Афлодермот не се користи долго време, кортико содржи. Јас би ставала крем со цинк што не остава влажно после мачкање. И помалку облекување ако е топло дома и од испотено и жешко се прави.
На вратчето ние стававме канестен и белогент маст исто и на лицето има и само белогент мачкаме 5 дена и секој ден биодерма атодерм и туширање со маслена купка од биодерма. Белогент содржи кортико но многу ни помогна, докторот ни кажа пауза да правиме и по потреба пак да се мачка но да не се претерува. До 1 годинка така ќе било, ќе се појавува
I nie sme so atopichna kozha. Go banjam so eucerin. Na liceto go mackam so flogocid se povlekuva no pak se pojavuva. Dali mozham da go mackam so ova Ubav den majki.
Го имам користено само за пеленска регија а мислам дека и само затоа е наменето.. Некако многу ми е осетливо за на лице.. Пред тоа имам пробано со онаа маста за потпарено само на вратчето ама не ми е баш ефективна..
И ние имаме атопичен дерматит, па ме интересира како воведувате храна, На доење сме и давав еднаш дневно формула по 120мл, ама докторката кажа дека може да смета па прекинавме, и од тогаш почна проблем со какање и запек, и дадов пред некој ден една флашичка формула немаше реакција, а веќе сме 5 месец. Плаче по било каква флашичка што ке види, незнам дали да воведувам храна или да продолжиме со формула, бидејќи само со доење и се ствара запек
Не Само со крем наменет за атопичен дерматит Мачкање редовно 2-3 пати на ден по потреба. И не само на лицето туку и на цело тело