Јас на 5 воведов храна, исто со егзема е ќерка ми. За една недела 7 прави, ништо не и засметало сега за сега.
Бебето ми е 11 месеци. Некаде од 3ти месец на ногата -поточно зглобовите кај стапалата се појави атопичен дерматит. Не се проширува но не се ни повлекува целосно. Тогаш беше на мајчино млеко, но истото продолжи и кога почнавме со храна. Не е поврзано со храна бидејќи не забележав промена во однос на храна. Мачкав Атопик Еуцерин, но не делува многу. Матичната ми даде афлодерм да мачкам 5 дена, и после првите две мачкања целосно се изгуби, но како престанав да го ставам одма се појави со намален интензитет. Со што советувате да продолжам а да не е кортико - матичната ми ги даде само еуцерин атипик. Дополнително, по аптекиве не можеш да најдеш ниту еден тестер, а не ми се купува толку скапа крема а да не делува....
Биодермата Атодерм има мала од 40мл, околу 500денари е, можеш да пробаш со нејзе. Јас така земав за ќерка ми, супер се покажа, па си ја земав ппсле големата.
Гледам ти пишале за Биодермата. Кај нас па нема некакво влијание, така што најверојатно е индивидуално. Исто афлодерм мачкавме и откако прекинавме одма се појави. Од тогаш на периоди се јавува, на периоди се повлекува, а мачкам цело време биодерма атодерм интензив и го бањам со маслената купка на биодерма.
Има тестери по аптеките од Мустела. Побарај во повеќе аптеки. Јас не би третирала со кортико се додека не стани единствено решение, пример се отвара како рана, се чеша неиздржливо. Не знам дали користиш пробиотик секојдневно зошто тој е многу битен во справување со АД. Обично се враќа повторно и повторно на исто место се додека не зајакне имунитетот и тоа се враќа во време кога е паднат имунитетот. Во меѓувреме мачкај со креми наменети за АД најбитно веднаш по капењето додека е кожата сеуште влажна во првите 2 минути. Најмногу од Биодерма се задоволни колку што читам, па би ти препорачала да почнеш со неа. Кај помалата ќерка пробав со Мустела, А Дерма, Еуцерин и Биодерма и кај неа Биодермата во комбинација со маслената купка дава најмногу резултати. Инаку на големата ќерка тие флеки на исти места како во вашиот случај се јавуваа до година и пол и потоа сосема исчезнаа. После тоа само знае лицето да и стани суво од ладно време, но никпгаш не престанав да користам козметика наменета за АД.
И нас ништо не ни помагаше, цело време сме со биодерма маслена и млекото за атопична кожа. И се правеа рани, крв и течеше, ноќе не можеше да спие се чешаше, постелнината со крв ја правеше. Почнавме со афлодерм, само тоа и помогна да и се залечи, меѓутоа кога ќе прекиневме после 2-3 дена пак иста песна. Од сите страни слушав за кремата на Скендер и решив да ја пробам. Дали е до кремата, дали расте (скоро 1 година), но рани и суво прекина да и се прави на сите 3-4 места каде што имаше, ретко знае да и се појави само на едно место каде што и беше најизразено. И тоа со 2-3 мачкања одма се повлекува. Може на некој ќе му помогне нашето искуство.
Тотално исто., само што фати и бактерија стафилокока на крај на раните. И јас пробав се вклучувајки и маста на Скендер и некоја друга маст правена. Точно е дека тие две масти одлично делуваа, раните преку ноќ магично изчезнуваа, а тоа се постигнува само со кортико крем. Поради тоа никој не може да ме убеди дека маста на Скендер нема кортико, освен некој да земе да ја провери. Поради тоа повеќе никогаш не би употребувала крем без декларација,.
Се исто е и кај нас,со иста козметика сме и ние и плус Филагрин Протект дерматолошки е испитана и е без кортико личи на вазелин, многу убаво и го нсмрсува лицето и позади ушите и го смирува чешањето. И кога воведовме цврста храна осетив од што реагира и не и давам, а и др ми кажа овошје со мов да не давам(кајсија,праска...) и цитрисно овошје исто и јас не ѓи јадам бидејки сме на доење, плус од сувиот воздух надвор штом излеземе веднаш и се вцрвуваат образите. Многубсе нежни и осетливи
Со што им замивате газе? Јас до сега со Мустелата, ни бркаше работа за тоа, да не ја фрлам ама при крај ми е. Не ми се мие со масленана на Биодерма, 5 пати на ден ја мијам. Бејби Лав користела некоја само за газе на атопичарче?
Имам користено и на бејби лав, а сега џонсонс користам само за измивање газе нема реакција. Исто атопичар ми е детето
Бејби Лав не, го мијам со Хип од почеток и немало проблем до сега со пеленска регија. За дерматитот исто користам на Биодерма.
Дали вашите бебиња што имаат АД и се само на формула давате обично ад млеко или ад Ха што е за таа намена? Кое испитување се прави за да се утврди дека бебето има дерматит?
И двете деца ми се со АД, исто и двете се на доење. Поголемата ќерка има пробано адаптирано млеко 3 пати и сите 3 пати имаше страшен осип на пеленската регија и околу устата каде што допрело млекото. Кога веќе би користела формула, секако дека тоа би било хипоалергено млеко.
Dali e ova zagrizhuvachki? Pedijatarkata reche da machkame kanesten a od kako ke vpie sudokrem. Znachi strashno se nerviram zatoa shto upat ne dobivam za kozhno. Iskustva nekoj??? Itno.
И ние сме исто, јас бев кај 2 ја дерматолози и старова и Коста во аеродром. Само Биодерма за атопичен маслена купка и крема ама нее поминува.... Важно е да не се шири... Педијатар рече до 1 година ќе го има па ќе го нема... Сега трето мислење ни препорачаа кортинант крема.....