Мајки препорачајте добар дерматолог, сакам да ја однесам ќерка ми да видиме дали црвенилата што и се појавуваат се АД. По препорака на педијатар ја мачкам со Биодерма Атодерм ама само на некои места се трга скроз, а на други се смирува. Исто кажете ми тие што веќе сте почнале со цврста храна, дали им давате на бебчињата храна што им предизвикува реакција? Ме замислува ова зашто ако се тргне таа храна скроз не ли се зголемува шансата да премине во алергија?
Се давам.И полека полека и се повлекува.Се нафрлаше од тиквица,па вишна,кајсија.Сега веќе нема реакција.Спомнав во Систина на др.Фиданоски…ми рече да не се грижам мн околу тоа.Со тек на време сам се повлекува дерматитот како ке зарасне детето и ке стекне имунитет.
Јас давам ама после некое време…и ако пак има реакција не давам…ама убаво е да се проба пак ако не била јака реакцијата, зошто имунитетот созрева…првиот пат на 9 месеци цел ми се исфрла околу уста од жолчка, после почнав пак да ја воведувам на 11 и успешно ми беше…сега јаде без проблем
Мојата кога беше алергична препорака беше алергенот да не се прима во никој случај. Т.Е на неколку месеци да се пробува по малку и да се следи. За алергиите нема правила . Најголема грешка направив кога покажа алергија еднаш,а јас продолжив да давам (демек давај и ќе ја надрасне) ,епа не заврши во болница со уртикарија.
Ако заприметиш дека некоја храна ствара алергија ќе прекиниш да ја даваш, но ќе пробаш повторно по еден месец пример. Зошто како расти бебето така и алергијата на одредена храна се намалува. Пример бебе на 6м можи да биди алергично на 10 алергени, а на 8м на 5. А тоа дека ако се тргне скрос се зголемува шансата за алергија не е воопшто точно и не треба да те плаши. Сама ќе видиш, ако некоја храна му прави опструции на кожата на бебето нормално нема да форсираш и да го гледаш како се мачи.
Ќе ја споделам нашата приказна со дерматитот. Беба родена во лето во најтоплото, и се појави некаде 2 месеци кога имаше по грбот и по ноџињата. Пиеше Холе кравјо(не сум ја доела воопшто). Тогаш не знаев дека е атопичен дерматит, после и се појави на образите и што се не пробавме. Афлодерм и антифунгол највеќе помагаа ама не смеат многу долго да се користат. Ни дадоа пробиотик и да ја мачкам и бањам со Биодерма, ни тоа не помагаше, земав и мелем ни тоа не помогна. Беба направи 6 месеци дерматитот само се влошуваше, немаше никакво подобрување. И веќе на 6ипол месеци решив да и давам домашно кравјо, адаптираното да и го тргнам. Може ќе осудувате ама откако почна да пие домашно дерматитот и го снема. Нема ни на образи ни по грб. Изгледа дерматитот беше реакција на млекото што го пиеше. Си јаде се што треба, си кака повеќе сега отколку кога пиеше Холе.
Каква крема до сега користевте?,исто сме со атопичен дерматит се повлекува црвенилото и по недела дена повторно на истото место се појавува
Сите имаат добро искуство со таа крема. Делува буквално исто како кортико крема. Нема состав на неа, така да за да има такви резултати од лично искуство претпоставувам дека многу веројатно е да има и кортико во неа. Некои имаат пишувано и дека некој ја испитал и дека навистина има
Alfoderm. Deneska zemavme od kremata od skender pa ke vidime kako ke bide. Nema i vo spienje se chesha i se budi plachejki.
И мене ми е таа следна на список...на дерматолог таа ми ја дадоа ама не ја купив, и само се токмам никако да стигнам...имам читано позитивни искуства ама не ми е пробана
Дерматолог ми даде тестер денес е втор ден како нанесував но нема никакво подобрување дури и изгледа како и поќе да се влоши местото, размислувам за еуцерин за атопична кожа да земам на своја рака некако дерматолог каде што одиме повеќе ги форсира биодерма и некој вакави како блу кап
Што ти не пробавме, нас само Скендер ни помогна. Со краткотрајно користење ни се повлече долгорочно. Претходно ништо не помагаше, после 2-3 дена беше пак цела рани. Баш сподели го вашето искуство.
За лице и еуцерин имаме користено и Ла рош и Биодерма и кортико имаме пробано џабе...моево е поголемо,14 месеци има и не застанува, јас намачкај го тој залепи ја фацата некаде пошто све оди во уста и џабе кремот...навечер спие на стомак и пак јас намачкај го кремот завршува на постелнина...и затоа немаме подобрување...а на преклопов меѓу рачето и шаката тука има, е тука го мачкам со се и сешто, може 6 месеци не му поминува...не го чеша не му смета ама мене ме нервира, па за тука сакав блу капот да ја земам
Blue cap нас не ни поможи беше само црвенило нанесував 2 дена блу кап го направи баш како изгореница црвено рапаво на крај кренав раце од дерматолог и ја однесов кај матичната ни препиша крема ни направија во аптеката и пак и пак мораше да содржи кортико добив објаснување дека морам да нанесам кортико за да се спречи и целосно да се повлечи крема е супер 2 ден а веќе делува и е смирено скоро да го нема
Фала ви мајки на советите. Бевме на лекар, сепак испадна дека е АД. Смирена и е кожата сега ама споро се повлекува. Уште ни е рано за воведување цврсти оброци, а со оглед на ситуацијава ни рекоа да не се брзаме, да останеме на млеко колку што можеме. @DanM @doubleinfinity јас почнав да ја користам Blue Cap веќе три дена и побрзо се повлекува егземата таму кај што сум ја мачкала со кремава. Ама како да ја трга само а кожата ја остава сува, па ја мачкам и со Биодерма секој ден. За сега сум задоволна ама уште е рано да се каже, ќе пишам за некое време какви резултати ќе имаме вака во комбинација со двете козметики.
Мајки и ние сме со атопичен.Денес дадов неколку лажички готова каша од морков,мисиркино и ориз и одма покажа црвенило околу уста.Дали уште еднаш да пробам ,некој со слично искуство