До сега ги имаш ли давано тие состојки т.е. Претпоставувам дека морков и ориз имаш. Да не е од мисиркиното или ако има уште некоја состојка во кашата. Ја би ти рекла да пробаш истата комбинација само ти да му ја спремаш, да видеш дали така ќе има реакција
Не давај пак наредниот ден. Можеш да дадеш по извесен период, пример по еден месец за да видиш дали уште ќе реагира. Имаше на Хип кашичка со мисирка, провери со неа.
Супер, баш ми е мило што ви одговара блу капот, јас преминав на еуцерин предходно се повлече црвенилото со крема која имаше кортико во неа сега само ја хидратирам но се сомневам на реакција од ориз заприметив дека и се влоши од како и дадов ориз па сега недавам некое време да видам дали е до тоа доколку немате побарано видете на 0+ месеци на youtube има две видеа добро обајснува докторка
И јас се сомневам на ориз недавам некое време, побарајте на нет имаше статија каде што пиши дека оризот може да биде алерген за деца и да предизвика егзем
Помага многу исто како било кој крем со котико. Имам читано дека некој ја испитал и содржела кортико. Лично мене докторка од дерматологија ми има кажано да не ја користам неа туку Афлодерм зошто во него има кортико дозволено за бебиња, а во кремата од Скендер има многу јако кортико што се употребува само за возрасни. Е сега на тебе останува да одлучиш, јас кога е критично на бебето и ставам Афлодерм крем. Скендер имав земено за поголемата ќерка кога беше бебе, ама сега не би го користела.
Женски, ве молам за совет. Очајна сум за помош. Бебето е месец ипол. Пред околу 2 недели има излезено ситни брунчиња по лицето и главата, кои стануваат црвени. Мајките-другарки околу мене ги прашав за мислење : хормонално е, до 40 дена ќе помине( сега е веќе повеќе), или од жешко е. До пред 2-3 дена беа само на лицето и главата, сега почнуваат и околу вратот да се шират. Денеска бев на педијатар, не ѝ обрати посебно внимание, ми кажа дека можам крема од невен да ставам. Не сум употребила никаква крема, надевајќи се дека ќе заминаат сами од себе. Ама се влошуваат ден за ден, и имам чувство дека ја чешаат плус. Си велам ако се од жешко, ако ставам мрсна крема, ќе и се затворат порите и уште толку ќе биде полошо? Не знам. Ми треба совет, насока... Ги исчитав сите коментари за кремите кои ви помогнале: биодерма, мустела, еуцерин, скендер, афлодерм етс. Не знам што би било соодветно во нејзиниот случај, и со која крема да почнам. Ви благодарам однапред.
И ние имавме вруќици по лице,врат,и на тело, кога отидовме на педијатар во Ремедика ги намалкаа бебето со Афлодерм еднаш, педијатарот рече доволно е еднаш, се повлекоа до сабајлето и не се пијавија пак, НО, не го бањај со многу топла вода бебето, не го облакај многу, доволно е боди со долги ракави без дополнителни блузи одозгора, покривај полесно со тенки кебенца и бегај од сонце. Мое и сами да се повлечат ама многу време им треба. Ти ќе си одлучиш дали сакаш еднаш со Афлодерм да премачкаш или ќе оставиш сами да исчезнат
Мамички незнаев на која трма да пишам па оваа како најсоодветна ми се виде, што им ставате на бебиња што се нафрливаат под устето кај брадата од лигавење. Дали бебешка пудра во прав, дали павловичева, дали Пантексол имам, незнам стварно што да му ставам.
Вруќици, се прегреало дете, не го бањајво топла вода, облечено лесно без слоеви на него, не го изложувај на сонце. Ако се шири и по тело ќе мора барем еднаш Афлодерм да намачкаш за да се смири, може и само да пројде ама ќе треба време да помине