Здраво, дали ова ви личи на АД? Значи челото и вегите и се како со лишеи се перути и е црвено. Дополнително на обравчињата како акни има. Бебе е 4 недели
Мислам дека не е иако уште е рано да се кажи за бебе од 1м. Мене образите ми изгледаат на ок, а тоа што е на челото мислам дека е исто со теменицата и ќе падне постепено. Сепак биди внимателна до 3м ќе знаеш за посигурно.
Користел некој Хип на бебе со егзема? Јас само газе и мијам со Хип, за бањање со Биодерма ама сакам да пробам млекото на Хип и ако и пасува, сакам и да ја бањам со Хипот.
Моето бебе е 7ма недела старо, м6 се појави црвенило прво на вратот па суви и перутави ушиња и црвенило позади ушните школки, и на носето и веѓичките лушпици. По се изгледа е атопичен дерматит, земав од Еуцерин атопик контрол купка и лонсион, а по препорака на патронажната го бањаме со хипермамган. Изгледа како да се смируваат ама ќе видиме. Читав добри искуства за купка и лонсион на Ла Рош, шорано постоеше една крема Цвет, ја правеше докторка од Битола но миалам дека веќе не ја прави. Искуства мајки?
Јас ја имам земано таа Цвет ама тоа одамна и никогаш повеќе ни таа ни Скендер. Прво за Скендер докторка од дерматологија ми има кажано дека била испитана на институт мислам беше и дека содржи премногу јако кортико иако тие кога ја продаваат кажуваат дека нема, ама за пари веројатно и лажат. Таа Цвет ми е нешто слично. Мислам дека пензионирана докторка од Детски диспанзер ја произведува и дома односно веројатно меша некои креми со кортико. На тие креми немаш декларација што значи не знаеш што мачкаш. Плус затоа што сум користела и кортико крем ќе ти кажам дека делуваат појако и побрзо од сите дозволени креми со кортико за деца. Сега засега ако се смирува продолжи со тоа што користиш моментално. Ако се влошува оди на дерматолог каде ќе ти кажат што точно да користиш. Ќе знаеш барем што точно мачкаш. Тоа на носето и веѓите веројатно е слично со теменицата и ќе исчезни со време. За вратчето конкретно ќе гледаш да е суво и не мачкај таму ништо. La roche posay lipikar baume ap+ имам јас, добар е за атопична кожа, ама сепак секој крем кај секое дете разчично реагира.
Моето беше слично, ама на веѓите и ушињата не ставав ништо. Само на вратот ставав афлодерм, препишано од дертматолог. Откако завршивме со терапијата пак се појави. До сега неколку пати му се појавуваше. Од козметика ниедна не му помогна, свашта пробав.
Ви ја препорачувам кремата Filaggrin protect-македонска медицинска козметика. Преубава за АД. Испробајте ја
Според моите инстражувања и консултации со фармацевти нема…има некоја состојка што е забранета во Сад, колку што сум информирана, па затоа во Сад мислам не се продава…ама ако веќе користиш афлодерм што знаеш дека е кортико, која е разликата…сепак твоја си е одлуката јас само споделувам мое искуство…нас многу ни помогна, пишав и не знам дали во оваа тема или во друга, од едно мачкање ни помина осип на телото и толку, пак не сум ја искористила…а имаме АД од 3 месеци а сега сме 19…се што можеш да замислиш имам пробано, од ецерин, биодерма, бабино лекови, скендер, афлодерм, се…претходно ни се исчисти со маста на скендер која патем и таа има кортико и во таа форма повеќе фала му на бога не ни се врати, тогаш беше гревче, цело торзо му беше со флеки…од тогаш навака само на витките на лактите и колената ни се правеше, се до пред 2-3 недели кога му се направија точки околу врат и точки на стомак…мачкав афлодерм никаков напредок немаше и реков ќе ја купам блу кап која патем уште на 3 месеци од кожен доктор ни беше препишана како единствена крема без кортико (тоа беа зборовите на докторкаа ) и ја купив од едно мачкање, се снема..па така моето искуство со кремата е позитивно
Se mislev za Blue cap da ja zemam, jadni malecki so belive kozicinja, site kozni promeni kje im se javat!
Jas ja dobiv, no koga gi prasav kade moze da se najde mi pisaa deka ja ima vo fila aptekite i vo nekoi podobro snabdeni. Isto od 16 septev. e na popust. Treba da vidis kaj niv na sajtot.moze i da naraca online
филагрин протект бариерната маст може да ја порачате он-лајн на institute.mk од 14-30.09 ќе биде на попуст 10% за една или 20% за две, без трошоци за транспорт, а по аптеки во Скопје ја има во повеќе на Еурофарм, ДНА АННИ фарм, ФИЛА аптека, САРА ФАРМ, ПРОМЕДИКА и други
Може има во темаваа.... ама не најдов. Дали атописки може да биде само околу устата? Синко е 8 месеци и често после кашичка ( не можам да заприметам од што конкретно - лик, кромид, компир....) се вцрвува околу устата. Кога му е смирено (нема црвенило) е само суво и рапаво на допир. Не знам дали е тоа. На околу четири месеци имаше така сувко кај лактите...
Немам искуство ама ми личи на дерматит, што мислите? Спојлер Се појави пред некој ден, на двете коленца по многу малку. Мачкав хидратантна крема, се чинеше проаѓа. Денеска е проширено на цели коленца. Деловите што се црвени се рапави и после бањање беа како вжарени, не знам зошто.. Сега не се толку веќе. Што би ми препорачале да земам за да го третирам? Би сакала нешто не многу агресивно.