Дерматит е, и на мојата и беа вакви ноџињата како прошарани, па дерматолог потврди дека е тоа. Ние сме уште на Биодерма Атодерм, маслената и балзамот, уште е малку сува кожата меѓутоа не е веќе црвена и не се познава ништо. Друга опција е Риластил или на Ла Рош, јас повремено менував, и тие се супер. Како поприродна опција маслото на Веледа ми го спомнаа.
Сега е смирено и само на допир се осеќа. Се исплашив колку се вжари по бањање. И минатиот пат така ама беше сосем малку. После бањање всушност и приметив дека толку се проширило. Сега го има само на допир. Се плашам да не се прошири повеќе или и на други места.
Тоа е дополнително зошто кожата им е тенка и многу реагира на топлински промени. И јас имам таква кожа, влегувам во просторија со клима и како лик од Аватар станувам Кај нас не се прошири така да мислам ако мачкаш редовно (мене ме советуваше барем 2 пати дневно) ќе се повлече.
откако ја открив кремава, се препородив, за ден и пол ги снемува лишајите атопични (кај децата мои) или црвенилото во газе ...
Majki help. Moeto e 5+++ ova e strasno veke. Go banjam so Bioderma maslenata, balsamot atoderm ne mi odgovara se vcrvenuva uste tolku,mustela stelatopia isto, cicaplast baume isto...alfoderm mackav 5dena ne se povlece, ne go cesa no mnogu e zalno...Isto ima i dolu kaj nodzinjata i okolu vratot
И мојата скоро од секоја крема се вцрвенуваше и стануваше полошо. Се среди кога почнав да ја капам само со вода и не ја мачкав со ништо буквално. И тоа капење што поретко најмалку на 3-4 дена, кратко туширање, значи со истечна вода само и со не многу топла вода. Само газето го миев со мнооогу малку маслена купка. А ваква иста беше на целото лице и по телото. И ова не е за афлодерм да се мачка или било што друго со кортико, само полошо ќе направиш.
Мами ја би однела на кожно да го видат, летоска му се појави на син ми околу врат страшна егзема, бевме на лекар и ни направија микс од кремови, го мачкав околу 10 дена со тоа... Исто во комбинација со кремата на Еуцерин (погоре го ставив)..., со таа и кога му се пројавува лишајче одма после 2-3 мачкања проаѓа. Со лесно!
Вчера ја потрошив Биодерма Атодерм, а недела дена пред тоа на синко на обравчињата му излегоа ситни бубулички и суви делчиња баш околу устето. Педијатарот вика не е страшно, најверојатно е пошто се лигави многу и скоро цело време му е влажен тој дел, па се суши. Е сега се мислам дали да земам пак Биодерма или да ја сменам со Уријаж или некоја друга да ми предложите? Да не му е презаситена кожата од Биодерма ми е на мисла, додуша само едно големо шише до сега имаме потрошено. Уште ја користиме маслената купка од Биодерма и не планирам да ја менувам, таа ни е супер. Или да не мешам козметика и да си продолжам со Атодерм и понатака? Откако почнавме да ја користиме не ни се вратија лишаите фала богу, само ова на образите сега еве
Не менувај. Не знам јас за тоа презаситување колку е издржано, јас 2 години користам атодерм и немам дерматит ко што имав. Инаку и на неа сега и се зарапави кожичката, почнав да ја мачкам почесто него летово па ќе видиме. Ако не се повлекува или се влошува ќе одам на дерматолог па после ќе сменам. Истите ги користиме.
Здраво на син ми на образот му се појави како лишај и рапаво е на допир.Некој совет,педијатарот ми ја препорача еуцерин атопи,некој искуство со неа
Баш денес гледав шо да земам. До сега користевме мустела, за бањање и крема за мачкање. Повремено знае да се појави дали на раче или ноџе така сува кожичка црвено мало кругче. Од мустела стелатопиа не поминува. Се кислам дали да земам биодерма или ова што го имаш постирано од еуцерин? Дали од иста линија користиш и купка? Дали да ја менувам мустелата. А имам залихи направено. Дали мачкаш само таму каде што е лишајот? А гледам на еуцерин имаат различни видови од оваа линија атопи, знаеш што е разликата?
И мене ме интересира баш која е разликата бидјеќи имаше повеќе видови.Инаку да знаеш баш сега ја гледав кремата денес во зегин е намалена од 824 денари на 577 денари
Да имаат намалување на еуцерин, биодерма и уријаж. Па да земам нешто сакам Само не знам дали и купката ќе треба да ја сменам.
Јас од Еуцерин сум многу задоволна, користам маслена купка ( Атопи контрол), лосион за мачкање од истата линија, и оваа горе што ја имам постирано, смирувачки крем, разликата меѓу лосионот и смирувачкиот крем е во текстурата, по-мрсен е вториот, кога се појавуваат лишајите ги мачкам само нив, му го мачкам лиценцето сега како залади, газето ако се вцрвенува после градинка, додека лосионот го користам после туш, значи не го мачкам секој ден. Со атопичен се расправам кај двете деца, со тоа што кај ќерка ми, користев стелатопија, биоклин, биодерма, бевме и на дерматолог, користев еден крем од шеа путер, ниишто не помагаше освен кортикото или таа кремата на Скендер, што после неколку мачкања ми стана шубе да не има кортико и престанав да го користам - кај неа морето ни го реши проблемот со атопичен, фала богу веќе нема некој посериозен проб, освен во лицето од ладното некогаш. Кај син ми, реков ќе бидам полабава, почнав со Хип козметика од пораѓај и некаде после 3тиот месец он се исфрли по раце и нозе, и тогаш имаше промоција исто на еуцеринот и така ги купив, и не ги сменив од тогаш. Кај нас од сите три, највеќе има ефект смирувачкот крем,тоа е нашето искуство, се надевам малку помогнав.