И мене ми го снема Ставив во корпа , викам ај да заспие бебе па да платам и ми снема два производи и ништо сега нема да им нарачам Очигледно пуштиле 2,3 креми
Ќе и пројде од афлодерм пак ќе се јави. Матичната вика мачкај да не дојде до инфекција . Ама не се смирува никако. По препорака на нејзе земав еуцерин интензивирачки со црвената линија едното обравче го реши , ама со другово мака мачиме Се мислам дали да ја барам таа крема од Скендер
Здраво ме интересира ако имаш искуство да ми одговориш. Прво кај лактот и се појави на ќерка ми денес видов како ситни кругови имаше и по рацете и кај вратот мачкам ла рош. И кај газето има црвенило дали може и таму да се појави дерматит? Може смешно е прашањево ама не ми изгледа како пеленски осип пошто не е баш кај анусот туку кај кожата на газето.
Кај ќерка ми (дури беше бебе) се појавуваа егземите од атопичниот строго во лице и пеленска регија, не беше црвенило, имаше разлика кај нас. Со син ми, поскорашно искуството ми е, егземите се на други места, во пеленска не, освен што е поосетлив и одма поцрвенува ако не се пази..
Мене на дерматологија докторка ми кажа дека ја испитале кремата на Скендер и дека содржела премногу кортико кое е силно за возрасни, а не пак за бебиња. Јас за поголемата ќерка во очај зедов и навистина таму каде што имаше отворени како рани намачкав и преку ноќ кожата се опорави. Ако е природен кремот тоа не е возможно. Подобро земи појако кортико, зошто Афлодермот е најслабото, отколку крем без состав, кој знае што има во него. Сега за помалата не се осудив да земам Скендер. Не знам како изгледа точно местото, ама ако не поминува подобро направи прво брис, можно е и да се инфицирало, па да треба да се мачка со антибиотик за да помини.
Денес не виде докторка дерматолог пријателка на тетка ми од Белград, на детско одд работи. Дефинитивно ако егземот стои повеќе од недела е инфициран. Даде белогент со пантенол измешано навечер само, како најдобра козметика ми ја посочи адерма ексомега ( за син ми ја користев, тука ја нема повеќе), а како замена Биодерма атодерм интензив, за одржување. Во момент штом видам збукнува веднаш елиде 1%. (мислам дека така беше). Ако ја чеша многу , ми спомна некој антихистаминик но бидејќи е мала , ми рече можам ациди борици на стерилна газа. Друго добро ми спомена крема за лице што ја користам да додадам АД капки внатре. Да споделам вака се Со исхраната ми рече да терам, приметив дека збукнува од банана тоа било така бидејќи содржела доста хистамин како и спанаќ, зелка, и незнам уште нешто ми наброја…. Ако ми текне уште нешто ќе споделам, еден саат ми држеше предавање жената Ааа, ми спомена и некој пробиотик л атопик чинам беше , го имало во Србија, наводно се сметало последно дека дерматитот се јавува од недостатот на некој лактобацил кој го имало само во тој пробиотик . Исто ми спомена и дека штом првото дете имало дерматит требало јас во бременоста да пијам пробиотици а јас не пиев…. И мене ми е шубе за Скендер ама во очај тоа го напишав
Ako imate problem so atopicen dermatit obratete se kaj dr Vesna Pljakoska od Sistina jas raatot si go vidov kaj nea
Белогент е баш јако кортико+антибиотик. И мене ми го препишаа кога мојата беше 4м, ама кога исчитав како бил многу јак, не бил за бебе, не бил за лице, решив да не ја мачкам со него. Јас би рекла подобро прво брис да сте земеле, да се види која точно бактерија ја има (ако има) и на кој антибиотик делува. Моите цело време со стафилокока се инфицирале. И јас за поголемата користев А Дерма и најмногу и одговараше. Сега за помалата, затоа што ја нема, ја купив од Бугарија, ама па штом ќе ја намачкав благо се вцрвенуваше и кожата по некое време почна да се лупи целосно на цело тело. И затоа што сменив 4 козметики и никоја не одговараше, престанав да ја мачкам со било што и тек тогаш кожата најмногу се опорави. Тој пробиотик го нема кај нас. Кај нас најдобар за атопичари ти е Омнибиотик Панда во кесички е. Има повеќе видови, ама баш тој во кесички е за деца под 1 година. Јас го давам веќе неколку месеци и сега засега кожата е супер.
@Erika.greeneyes јас мачкам, знае некогаш и црвенило да му се појави после градинка, му проаѓа брзо. Деновие баш му се појавија, завчера и се чешаше многу, цело време го мачкам, денес гледам избледени. Ќе видиме дали ќе ни успее без кортико.. А за кремата од Скендер, пишував негде наназад, ја користев кај ќерка ми, преку ноќ се повлече и ме фати шубе , нема шанси едноставно без кортико така да лечи, што знам...
Девојки на што ви личи ова? Прво имаше на лиценцето па му се смири, сега има на страната од кај ушињата па на вратчето ама не на цел врат туку на едната страна, на другата страна има многу малце. Што да правам и дали да го носам на лекар? 1+ сме.
Јас планирам пак да почнам да пробувам да не му се прави АД од некоја храна. Еве веќе 3 дена сум без кравјо млеко, со тоа што внимателно читам се што ќе купам, зашто многу производи имаат во себе млеко, или сурутка, или траги од млеко. Потребно е не две недели, туку над 20 дена за да се исчисти телото од кравји протеин. Ако не помогне ова, тогаш идеме на јајца, па јаткасти...
Bebevo e veke 6 nedela. Izminative 2 dena primetiv deka ima isfrlano sitni bruncinja, koi gi imase samo na liceto cat pat, a sega i vo regija na celo, teme, pozadi usna skolka. Po telo nema nisto... Proprateno e so suvost pozadi usni skolki i perutanje okolu vegi... Koristam hipp kupka, i kremata hipp za lice...ne znam ni dali moze da e reakcija od hipp Ne znam dali stanuva zbor za aktopicnost... Koga ke se napne da place, celo teme po glava se vcrvenuvs isto i po lice na tie regii kaj bruncinjata potoa ke se izgubi crveniloto..vo petok ke odime na pedijatar da vidam sto ke ni sovetuva..no me interesira vaase mislenje, i kako da tretiram. Dali da zemam bioderma maslena kupka, ili eucerin krema za aktopicnost ds nanesuvam na lice...
Не е ова атопична кожа, рано е за да покаже било што. Ич не сум поборник на Мустела, Еуцерин и Биодерма ако нема потреба, а во вашиов случај нема, ќе се исчисти само.
Дали некоја мајка има искуство со купката? Бевме на кожен и ни ја препорачаа, ќерка ми 4 месеци има дерматит на лицето, на нозете, на стомачето.