Искуства со елидел ? Кожен ми рече штом ќе видам се активира егземата на едноро обравче (најчесто тоа е проблем) веднаш да почнам со кремата Каде ја има?
се чисти од хормоните на мајката. не треба ништо да ставаш, можеш на глава и само со вода да миеш некој период, за еден месец ќе се исчисти. Исти ми беа и двете деца @eli25 јас имам користено елидел, ми рекоа дека може над 2 годишна возраст. Исто се става мал слој како кортико кремите еднаш пред спиенње, ама ми напоменаа не на лице. Ја има во Зегин. Со неа одложував некој период додека да стигне за кортико.
Ќерка ми е 7 месеца ама ми ја одобри дерматолог. Кај неа штом се активира на образот , набрзо почнува и стафилококата па смирувам само со пантенол и белогент измешано во кутивче . Само на две места има ама на обравчето и е најизразено и ќе се потсмири после некој ден пак
@eli25 Немам искуство, релативно нова е кај нас и во последно ја препишуваат, ама од тоа што имам читано помага многу, едно време и јас се мислев да ја земам. Колку што знам имуномодулатор е кремата, па и со неа треба внимателно во слаб слој и без изложување на сонце, во секој случај подобро решение од кортико. Инаку првично не беше наменета за деца под 2 години, но колку што знам во 2021 тоа беше изменето и сега е дозволена за деца под 1 година. За Белогент пак знам дека е јако кортико за бебе, за стафилококата јас обично сум мачкала хлорамфеникол претходно секогаш брис сме испитувале и за среќа хлорамфениколот секогаш бил на антибиограмот. Јас би ти рекла кога најпрво ќе се активира прво брис, зошто баш стафилококата прави такви повторувачки егземи, па потоа соодветен антибиотик без кортико и потоа вклучи го елиделот.
Така ми кажа дерматологот дека е стафилокока и препиша белогент. Не го давам чист туку во сооднос со пантенол крема , измешани заедно во тенок слој пред спиење. И помага после трето мачкање ги снемува скроз. Но ќе помине некој ден , пак ќе се вцрвени. Инаку , белогентот е комбинација од кортико+антибиотик. За елидел она ми рече штом ќе почне да се вцрвенува веднаш да вклучам да не се прошири….
Знам дека е кортико+антибиотик затоа пишав најдобро антибиотик без кортико и тоа со одредување преку брис. Сакав да кажам во белогентот кортикото е јако, но исто така и антибиотикот. Штом има стафилокока ќе си ја носи на кожата, но при повреда на кожата постои можност за инфицирање. Поради тоа се препорачува да се лечи со послаб антибиотик, за да не се створи резистентност и потоа кога навистина ќе треба да се користи, гентамицинот во случајот, да не делува. Само поради тоа. А и колку време мачкаш, ако мачкаш само три дена веројатно е малку за антибиотикот потполно да делува, па да не се враќа поради тоа.
Da bas taka pocnav od sinoka pak samo so voda da mijam glavcw. A na lice promivki so caj kamilica stavam.i ss sredi.. Ti blagodaram
До која возраст се повлекува ова? Пробав многу креми ама ниедна не помогна скроз. Дури и се прошири и се влоши. Од еуцерин атопик контрол се направи цела црвена се чешаше се направи цела рани со крв не можев да ја гледам. Па мораше афлодерм маст. Се повлече и ете 2 недели немаше и пак почна да се појавува. Пак на истите места. Пробано е ла рош,еуцерин,био дерма. Сега ставам мустела и пак мачкав афлодерм се повлече. Па да видам дали со мустела ќе биде ок и ќе го држам под контрола или ќе треба пак да барам нова крема. Па и не се баш евтини кремиве за атопичен. А лотарија е дали ќе одговара..
Син ми е 5 години и сеуште се активира на ладно кај него. Сите креми ги имам пробано… Ѓавол и пол пари
Зашто на ладно? Јас па мислам на топло. Еве сега беше црвен на цело меше и грбче, пред недела дена на потколениците. Спиеше со боди плус пижамчиња, горна и долна, сега само боди му оставив и долни пижами. Во спална ни е 16 степена. Све пробав, уријаж мислам најмногу му одговара од бебе. Сега докторката на кожно ни даде атодерм за бањање и крема. Таа на итна афлодерм на места каде најмногу се исфрла, од едно мачкање се повлече. Очајна сум, во пон закажав у Козле, друго рекоа и на кожно во Ск да закажам. Страв ми е, ова само се шири.
Зависи, кај сите е различно. Некои си го имаат цел живот, ама тоа е поретко зошто најчесто е поврзано со алергија на храна која или ќе ја надрасни или ќе ја избегнува и со тоа се решава и проблемот. На моите пример алергиски им е. Не знам алерготест дали сте направиле, јас и правев на 4м во Козле, престанав да јадатм тоа што и смета (на доење е) и ок е моментално. На лето на сите им се подобрува состојбата, кај некој дерматит изчезнува целосно, а на зима се влошува. Имаат влијание повеќе работи. На лето повремената изложеност на сонце е поволна, Д3 витаминот е многу битен за дерматит, морето посебно најмногу. На зима ако е греењето на струја и ако е сув воздухот не е добро за дерматит. Исто така промената на температурата во зима топло-ладно (кога се излегува од дома) го суши лицето ако не е непосредно намачкано со крем. Штом си закажана во Козле супер, ќе му направат алерготест, за кожно по мене нема потреба зошто ќе ти кажат крем од типот на Мустела, Биодерма да земиш и кортико ќе ти препишат, немаат друго решение.
А кога ви се појави вам? Ќерка ми сега скоро и се појави, на 5 месеци. Еднаш мислев храната да не е во прашање ама немам ништо ново јадено што не сум јадела претходно. (Исто на доење сме). Од после почнавме со вкусови. да и направам тогаш алерго тест најдобро. Можно ли е да е од недостаток на д3, пошто често ги заборавав капките да и ги дадам. И дали сакаш да кажеш дека треба навлажнувач да користиме?
Некаде после вториот месец, прво по примањето на првата вакцина имаше бурна реакција (затоа и нема други вакцини примено) и од тогаш си го има дерматит. Е сега не знам дали кај неа е поврзано со вакцината зошто обично и онака тој период се јавува кај повеќето, ама па од тогаш кожата долго време не се смири. Вака кај твојата на 5м не знам, мора да има некоја причина (терапија со антибиотик, паразити во столица, пестициди во храна...). Кожата реагира на некој проблем внатре во организмот. Најдобро е да направиш алерго тест за да бидеш начисто барем како најчеста причина за атописки. Ама во Козле да знаеш само на 10 алергени испитуваат. Самиот недостаток на Д3 не верувам дека е причината, само може да влијае ако веќе постои предиспозиција во смисла да се влоши или подобри веќе постоечката состојба. Сигурно не влијае тоа што си ги заборавала. Ако се греете на струја добро би било да користите навлажнувач, и за грлото и за кожата не е добар сувиот воздух.
Ја носев на педијатар ми рече ништо страшно, моментално го има ова на едното раче и помал круг на другото ама од надворешна страна. Почнав да ја бањам со биодерма, ставам на црвенилово цицабио ама нема некој ефект си стои исто веќе 10тина денови. Се мислам дали да ја однесам на кожно, да сменам биодерма со еуцерин? Мене ми личи на атопичен ама некако ептен лабаво ми рече матичнава дека ништо не и е да мачкам биодрма и тоа е тоа.. искрено ме плаши да не се прошири. Ме интересираше ваше мислење, пошто ептен паничар станав со детево 9м е иначе.
Мајки нафрлано ни е лицето педијатарот кажа да земеме Риластил па сакав да ве прашам дали има негде по аптекиве да се земат узорци да пробаме дали ќе има подобрување? Не е ефтина кремата, но ако нема ќе ја купам.
И ние вака на ноџињата, сега има на стомак и на грб. Веќе неколку месеца. Земав упат за Козле, еве не примија па сега лежиме. И двајцата сме на диета. Ќе испитуваме, прашањата беа за храна и лекови. И нас кожната др ни даде биодерма, малку се смири црвенилото ама сигурно треба да видиме на која храна е алергичен. Моево не спие убаво, одн се буди на саат два навечер.