Бога ми ептен досадно е, а и козметикава за таа намена прескапа е ама ај битно да им помине. Не прскам спрејче пошто нема чешање а и ја носев на кожно 9+++м е, и се јави пред не цел месец, претходно немаша ништо, така да веројатно е алергиска р-ција и плус е многу бела па по склона и е кожата на сушење. До крајов на неделава решив да мачкам еуцерин атопи ако не помине ќе морам афлодерм.
Се изначитав на темава за атопичен дерматит и иако е за бебе темава сметам дека имате искуство па затоа овде да си прашам. Ќерка ми е 3 ипол години и досега не сме имале кожен проблем, а сега од пред една недела и на двете раце на внатрешната страна од подлактицата и се направија ситни брумчиња како лезии кои се шират и постојано се чеша. Мене по се ми личи на вакво нешто, односно егзем, и почнав да мачкам афлодерм, мијам со хиперманган, мачкам со кокосово масло ама не се смирува чешањето два дена па си реков да не е нешто габично па да правам полошо. Ќе прикачам слика да ми кажете на што ви личи, а секако планирам да консултирам и кожен доктор утре. Спојлер
Ова ми личи на алергиска реакција, носи ја на лекар а во меѓувреме колекцијата на биодерма ти ја препорачувам.
Што ви се покажало најефикасно за дерматитот? За бањање користиме од биодерма атодерм маслотп за туширање. Ми се допаѓа преубаво е. И не би го сменила. Е сега од кремиве ниеднс не помага. Користев еуцерин, биодерма, ла рош, моментално мустела и пак почна да се појавува од вчера. Два пати на афлодерм завршив. Ама тоа е само моментално решение. Предлог за друга крема)? Изгор се кремиве. Барем да имаа ефект.
Да, и белчо мој има. Цел грб ишаран, и по едно на раце и нозе и лево обравче. Обравчето го чеша пред спиење па го шприцам и со Сос спрејот. Биодермата како да нема голем ефект, па нарачав Ла Рош Посеј па ќе видиме. А маслената купка на Биодерма леле колку убаво мириса.
Маслото за туширање е преубаво навистина. И преубсв пријатен мирис има. Јас имам ла рош добра е ама не го трга скроз. Еуцеринот најлошо делуваше кај нас. Био дермата и мустелава вака ок се ама пак се појавува само не е страшно. Тоа ме теши. Не знам дали да пробам некоја друга крема.(или да земсм пак мустела кога ќе ми заврши). Уриаж или блу кап. Искуства со кремиве ако има некој да сподели.
И јас мислам дека е алергија ова. Мислам дека е од ладното. Забележувам дека почна пак да му се појавува на вратот и обравчињата (исто и лани зима беше така), па земав на Веледа крема од невен против студ.
Мојата има на вратчето пошто тука уште и се трие кожата. И на лактите. Ама на едната рака многу малку неприметливо. Проблем е што во вратот многу се чеша во спиење тоа од бебе и е навика и сега детматитот го влошува чешајќи.
Ja за мене ја користев 2 пати на ден 6 дена за дечиња не знам.. зависи како ви е кажамо и за колкаво црвенило се работи…. Што детергенти користите за осетливава кожа? Фрош или има некои други со по океу состав?
Има во ДМ Денк Мит Ултра Сензитив прашак и омекнувач. Баш на нив пишува дека е погоден за алергичари.
А од la roche која ја имате? Пред извесно време на син ми му збувна едното обравче. Пратив слика кај двајца педијатри и добив ист одговор, личи на атопична кожа. Едната ми рече афлодерм да мачкам три дена, другата ми препорача риластил. Среќа дома имав тестери la roche и уште додека чекав одговор го намачкав. За 2-3 саати имаше значително подобрување. До вечерта уште два пати го намачкав и сабајлето немаше ни трага од црвенилото и исфрленото. Двете докторки ги известив и ми кажаа дека најдобро со таа козметика да продолжиме. Во спојлер кремчето што го ставив Спојлер
Блу кап ко што знам има кортико. Го нема пишано во составот и ради тоа кремата во многу држави е повлечена.