Ne se cesa, denes cel den go pratam… ova od ednas volkavo bidna, pred 10tina dena epten malo bese mislev od so se ligavi e crvenoto ali ne
Ако не се чеша види со мустела продолжи. Па што ќе ти каже доктор. Ако се чеша мора афлодерм пошто рани ќе се направи. А на отворени рани мустела не смее. Само прати го ноќно време во спиење. Ќерка ми само тогаш се чеша.
И мојата е со егзема и најмногу ннарацете..денес ја однесов на педијатар и ми даде број од докторка во пензија која прави кремови за егземата. Денес ќе ја порачам па ќе споделам искуства. Исто ми препорача козметика од avenno... Во Грција ја имала.
Др Старова Дермапраксис @MikicaBt Ако е таа од Битола докторката кремата е со кортико. Зошто не ја мачкаш со Афлодерм барем знаеш што мачкаш. Можеби и докторката продава афлодерм препакован по друга цена.
Само бизнис е во прашање. Таа беше докторка во Здраво, па откако отиде во пензија, крема почна да продава на таа карта што е докторка. Сигурно не измислила нешто ново туку само измешала кортико со некоја друга крема. А и имам слушнато дека е уствари кортико уште пред 5 години кога и јас барав креми за поголемата ќерка.
Да, таа била, ама веќе и порачав пред да ми пишиш и ми е непријатно да и откажам. Се надевам дека ќе делува кремот. Инаку ми препорача докторката Блу као или како и да се вика а тука читав дека не е во ред таа крема а потоа ја спомна маста од докторкава па како помало зло реков од неа да порачам. Штета ако е вистина така, на името да заработуваат.
Не би да ти се мешам ама ако веќе се нафатам кортико да ставам бар ќе ставам нешто што е издржано а не да мачкам кортико крема на дете од некоја докторка што господ знае што става таму. Еве ја и ќерка ми со атопичен од бебе па све со еуцерин и биодерма средувам. По скапо е да меѓутоа го одложува кортикото.
Јас за Блу кап кремата имам читано дека порано содржела многу мала количина на кортико, но веќе неколку години било тргнато од составот. Муабетот ми е подобро било кој крем со декларација, макар и кортико да е, отколку некој ваков крем како од докторката. Барем кога купуваш кортико свесно, има шема на нанесување и се придржувал, а вака ниту знаеш што ставаш ни како треба. А и докторката и Скендер ако ги прашаш викаат нема кортико колку сакаш временски мачкај. Ама ете дерматолог лично ми кажа дека кремата на Скендер ја испитале и не само што содржела кортико туку многу, многу јако кортико кое никако не смее да се мачка кај бебиња или мали деца.
Тогаш не ја земам, предложете ми некоја крема, не треба да содржи кортико? Прв пат се сретнувам со ваква ситуација и стварно не знам што да правам. Фала
Јас можам да ти кажам јас детето со што го третирам и ми се покажа како добра комбинација еве и сега си напраив залихи од попустите на еуцеринот. Еуцерин масло за туширање атопи контрол, биодерма (не е на попуст околу 1650 е) атодерм лосионот, веледа љиљаковата за лице и ауцеринот атопи контрол смирувачки крем (исто на попуст земав 2 кутии денес). Дур ти се на попуст еуцеринот земи пробај. Подобро тоа отколку да мачкаш одма кортико мое мислење. Се разбира постојат ситуации кога е не избежно зависи детето до кој степен е со атопичниот.
Пред некој ден другарка ми ја испрати сликава, провери сеуште дали е акцијава, не се заинтересирав бидеќи пред недела дена земав јас.