Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атопичен дерматит кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од lavica-e, 3 март 2014.

  1. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    А има некоја од вас дерматит пост партум? Мене ми се појави на лице и се шљакам и ја со Биодерма, Ла рош кога ставив ме чешаше, а гледам и синко се чеша.
    Педијатар е со став дека јас некоја храна не ја убаво поднесувам, па и на бебе преку доење пренасам.
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.386
    Сестра ми. Наводно дека не внесувала пробиотици.
    Купи еуцерин атопик и и помага. Сега се шлапа од биодермата на ќерка и и вика дека и она и помага. Исто и со маслената купка се бања. И бебе и е лом со лишаи :sweat:
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.386
    А мене ме занима нешто:D
    Кај син ми се активираше позади коленици (имаше и по тело ама со кортико само таму смирував) а кај ќерка ми само на лев образ. Има лишаи на едното раче и нозете ама тие ги смирувам со ла рош , пантенол било што и помага.
    Еве сега син ми ,5 и пол години, како залади исто му се активираше позади колената…. Зошто само на одредени предилекциони места? Еве различно и кај двајцата е
     
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    Продолжи си со мустела чим така мислиш. И јас моментално ја користам мустела. Два пати на ден. Не се трга скроз ама Барем не дава да се влоши дерматитот. Од Другарка бебето и од братучед на маж ми исто мустела користат и кај нив скроз го повлече.
    Јас од Еуцеринот бегам како ѓавол од крст на ќерка ми ја направи жар црвена и колку беше жална за гледање се утепа чешајќи и цела рани се направи. Додека се освестив. Два три дена мачкав еуцерин. Потоа ла рош го смири. Ама морав афлодерм на раните.
    Пробав и био дерма, моментално сме на мустела.
    Биодерма мустела и ла рош само го држат под контрола да не се прошири ама не го тргаат скроз.
    Кај нас е така. Мислам и дека тешко се наоѓа крема скроз што ќе го тргне. најчесто се трга само од себе кога детето ќе развие имунитет.
     
    На MikicaBt, VirgoStar и Iva Mitrevski им се допаѓа ова.
  5. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Од ладно да доста се активира али очигледно секое место различно некои викаат кај сто е влажно кожичето искача од лиги од пот па се шири али се повеќе активна е егземава од младо до старо сигурно и храна и генетика си има нешто…. А ме занима што има врска боите што ви рекол дерматолог и постелнината.? Ај џемпери волнени боцкави работи ама црвено пастелни бои… :^):^)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    Јас баш внесував вжза време на бременост, дека пиев антибиотик, па си продолжив со пробиотиците. Исто знам земав и Лактогин...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Bas sea go manjacev, izbledeno e sigurna sum, bese epten crveno, i kako prosarano e isto, da se nadevam ke se trgne, na mustelata pisuva dva pati na den da se macka, jas stavam 3,4 pati…
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  8. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Јас не знам баш дал ни е тоа или е од ладно и црвенко малце и се праи на лицето ама купив и јас биодерма и окај. Која сте ја пробале од белата скроз со плаво гледам има и некоја биодерма атопк со потемно плаво што е разликата во таа?
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.386
    За појаки бои повеќе хемикалии се употребувале така нешто ми објаснуваше .
     
    На VirgoStar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.386
    Интенсиве бауме , таа ми рече да ја купам за атопична . Види на вашата што пишува
     
    На VirgoStar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.386
    Пробајте и риластил, на син ми последно тоа пробав и само тоа исчисти.На девојчево, ништо (facepalm)
     
  12. Bravenewmama

    Bravenewmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас почнав во овес да го бањам навечер, во тетра пелена ставам малку ја заврзувам и во водата ја ставам има значително смирување на црвенилото. Од риластилот немавме никакво подобрување дури и повеќе се исфрла како со вруќици беше целиот. Во понеделник сме на преглед па ќе видам што ќе каже педијатарот за понатака.
     
    На andromedae, VirgoStar и nevermet18 им се допаѓа ова.
  13. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    И ние имаме проблем со лицето, по препорака на доктор користев афлодерм, сега е смирено. Лицето му е многу суво, да ми препорачате лосион за тело и лице? До сега е користено weleda со невен
     
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    На мојата телото и се смири од биодерма лосионот. Имаш и на а еуцерин меѓутоа зависи на вашето дете што ќе му одговара. Доколку нема ништо кожата и ја одржавав со еуцерин пх5 со црвеното капаче.
     
    На VirgoStar и Mermaid90 им се допаѓа ова.
  15. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што открил од што се појавува дерматитот? Синко има на образите. Има една годинка и јаде веќе скоро све. Не знам како да откријам од што е :(
     
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    Мајки помош.
    Како се справувате со чешањето?
    Во спиење премногу се чеша и не може да спие од чешањето.
    Многу ми е жална, не можам да ја гледам.
     
  17. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Еден апдејт од мене..и се смири егземата на бебето, мачкав пантексол маст, матичната ми ја имаше дадено за контактен дерматит кога имаше на обравчињата. Природна крема е и е ефтина. Околу 160 денари.
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Што педијатар е тоа :) А склона си на алергии, прв пат ти се појавува? Атопичен дерматит е или што е? На кожен да си отидеш, не педијатар да ти дава дијагноза на тебе. :) Имам атопичен (и контактен ама тој си е друга дијагноза), ми се појави после 5-6 месеци и се мачам уште. Дека дојам па мојава не ми ни даваше да се шлапам со кортико се само биодерма, ми иде да ја џитнам тоа биодермата веќе. Нема врска храна, ни пробиотик, ни дека ќе му пренесеш на бебе. Атопичниот може да ти се јави од недостаток на сон, од стрес, голема промена. Тоа што можеш да правиш, да спиеш, да се луфтираш, да излегуваш да шеташ, да не се нервираш и да си продолжиш со атодермот.:)
    Оди си на кожен ако многу ти смета, на кое место ти е појавено? Јас очајна станав, добивав напади на чешање не можев да издржам и сега почнав со терапија и алерго тестови ми закажа, ме теши дека е мала површина и дека не цица често па нема да му смета на бебе, а ќе се консултирам и со педијатарот дали е во ред, ако не ќе ја одбивам. :|
    А да, јас си имам историја ама како дете, па тинејџерски години и толку.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    @Mucika бев на кожен, ама во фаза на проаѓање дури не се ни познаваше и ми рече себороичен дерматит. Гуглав ама моето не изгледа така. ми даде 2 лортико креми и еве ме страв ми е да ги користам.
     
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Ако почнало да се повлекува може ќе се повлече целосно. Биодерма да не имаше посебна линија за себореа да видиш. Им кажа дека доиш? Прашај го и педијатарот. Еве мене педијатаров ми вика откажи го доењето :( не смеела таа крема со доење. 14 месеци е, ама немам замена за заспивање и сега се мислам уште некој месец со алергија да се шетам ако издржам, па после да ја одбијам и да почнам третман. Инаку ако е краткорочно недела дена, толку е кортикото, нема да е проблем, афлодерм ако е слободно можеш.