Многу почна да и се појачува егземата кога е болна. Биодерма нема веќе ефект. Земав Веледа, Еуцерин, вака не ми личи дека има ефект. Јас за мене кога ни е најжустра егземата мачкам Кутерид. Кутеридот е кортико. Се мачка ли на дете или некоја таква маст за дете дали има? Многу е гревна, крв си пушти од чешање денес.
Не следам каква историја имате на атопик. Со бои нешто прашува @VirgoStar, јас имам позитивен алерго тест на боја од текстил, ама тоа е обично контактен, не атопичен дерамтит. Препорака, да носам светла облека... Пазев еден период, сега веќе не. Атопичен дерматит се јавува на нежни места и по мојот дерматолог има на која возраст каде најчесто се јавуа, ама кај мене се покажа дека нема правило возраста, еве сум магарица и имам атопик кај што имаат деца. Во суштина се јавува позади колена, кај лактите од внатрешната страна, околу уста, на очни капаци, меѓу прсти, позади уши, околу врат. Може ладното да го влошува, ама најчесто е од нешто внатрешно предизивкан. Ова кај ќерка ти којзнае дали е атопичен или е некој лишај што викаш, може од сувиот воздух, нешто моентално што и сметало и сл.
На 6м толку се чеша? Тешко е, не знам што да кажам. Има такви и од биодермата демек покрај регенерација смирува и чешање (ама како да не..). Цикабио мислам беше, може и во фрижидер да стои, ладното го смирува чешањето. А дерматолог што ви вика, не се смирува од терапија и повторувачко е? Она пошто е мала можда може и пробиотик да помогне, прашајте за омнибиотик ПАНДА, скап е доста, ама ако одлучат дека може да помогне ќе пробате. Закажете си и кај Старова ако е толку повторувачко, пошто долго се чека термин, а дај боже да и пројде па ќе го откажете или ќе го дадеш на некој друг. А јас и алерго тестови би си направила па што сакаат нека викаат они дека не се правеле на мали бебиња.
Jas samo da javam pozitivno iskustvo so mustela stelatopia, ke stavam sliki kakvo bese i kakvo e sea po 8 dena mackanje samo so nea. Bebe 8 meseci, prv pat se javi i pocna kako mali crveni tocki za na kraj da porasne epten.
И нас мустела ни помогна за лактот се повлече. И на вратот се повлече ама пск се повторува и ради тоа што се чеша ќерка ми има влијание. Ништо посебно не ни кажа. Само да купам афлодерм за раните. За бањање биодерма маслото за туширање. Тоа е супер ми се допадна и нема да го сменам. А за мачкање биодерма интенсивен балсам. Најверојатно со биодерма соработуваат. Кај нас кремите имаат некој ефект ама се повторува не е страшно ама на вратот во спиење се чеша неконтролирано и прави рани па мора афлодерм и се вртиме во круг. Купив и спреј против чешање од биодерма ама нема ефект.
Нема решение за жал за чешањето, освен кортико, антихистамини и креми кои не се толку лесни и затоа не ги даваат често на мн мали деца. Односно проценуваат колку е неопходно да се третира или не. Афлодермот те советувам на своја рака да не го користиш, тој има шема како се дава, односно се третира интензивно па се намалува постепено, претпоставувам така ви го дале. Ако е некое место подоле од вратот и ако можеш да облечеш некое боди или маичка позатворена тоа е едно од решенијата исто така за да не си прави рани. Прашај си и за пандата, а пошто воведувате вкусови на таа возраст води си дневник да видиш дали некој вкус би му сметало на бебето, односно дали од нешто помалку или повеќе се чеша. Прашак ти препорачувам фрош, омекшивач не, алиштата плакнете ги дупло, проверете си влажност на воздухот, мачкајте ја кожата често да се подобри бариерата на кожата и стави го тоа спрејчето во фрижидер. Инаку не верувам да имаат особена соработка со биодерма, они од сите си земаат процент, ама кожнава мене ми викаше дека на презентации биодерма се најотворени, им даваат тестери, соработливи, транспарентни, овие другиве веројатно не им ни идат да им објаснат за производите и не знаат што да ти понудат.
Каков омекшивач за алишта? На бебе со чувствителна кожа никаков омекшивач не се става не бебешки не знам каков да е.
До сега не сме користеле од маслата за туширање па само да прашам тоа на Eucerin или Bioderma дали се за коса и тело или само за тело?
Фала ви преперав се на дупло плавење постелнини алишта па ќе видиме сега некако биодермава не ми помажува некои резултати, али трпение како викаат
Имате ли искуство со некоја од кремиве? https://institute.mk/prodavnica/filaggrin-protect-100-ml-barierna-mast-za-intenzivna-nega/ https://laboratoriosbabe.mk/product/pediatric-emollient-cream-педијатриски-емолиент-крем/
Оваа вторава на бабе баш ми искочи на фб и гледам билборди реклами ама не сум ги сретнала по продавници ги има воопшто или онлине само… штета што не дсваат тестери реално сите вакви крени се игор цена а ако не ти одговара чабе стои на полица…
Девојки дај хелп како се справувате со егземава некако неам живци бебуш цело црвено под образи тоа место најтешко за одржување и од лигавчиња и бодиња чаре како праите… на 2 ума сум дал да идам по лекари дерматолози или да чекам упте освен старова кој друг? А нејкам кортико да давам мало е биодермава некако споро ми иде…
Зборував со еден човек што работи во аптека и има доста знаење. Го прашував која козметика лично он смета дека е најдобра за атопичен. И он ми вика јас можам само да ти нудам за да ти соберам пари. Ама ова е само маска моментална само го маскира дерматитот. Треба да откриеш која е причината од што настанува. Дали од некоја храна или некој друг фактор. Ама ајде како да откријам не е едноставно...
Во право е... Кај нас од ладното, од ветерот му се воспалува кожата. Сега дека е потопло е колку толку под контрола. Лето, пролет, есен немаше ништо, зимата пак се активираше, па мачкам Веледа пред излегување од дома. Кај вас сега како е?