Ај пробај со пантексол маста...можиш и повеќе пати во денот. На мојата од тоа и се смирува дерматитот.
Таа за рани и изгореници што е? Со мустелата и еуцерин пх5 и ја оддржував кожата, тоа и користевме за бањање до пред 2 месеца кога се влоши состојбата. За бањање ќе пробам со биодермата, фала
Скроз исто кај ќерка ми. Од пред извесно време многу е влошено. Ништо не помага, освен малце афлодерм ама не ја мачкам, евентуално многу ако се раскрвари. Ми рекоа дека најверојатно е поради покачување на ниво на полен во воздухот и дека најверојатно е алергична. Јас сум уст случај од раѓање во март ми се активира егземата. Ако најдеш нешто што помага пиши, јас уште не сум нашла, сите колекции за атопична и ги пробав.
Мене матичната ми ја даде за контактен дерматит што имаше на лицето....мрсна е и природна..ништо не губиш..пробај неколку дена со неа мачкај ја.
Бебе доби дерматит од 3ти месец. Не сум сигурна ама како да ми се чини дека ние му го предизвикавме, периодот залади и кај во вреќичка за спиење да не се открива и плус кебенце, а месец беше октомври, ама кога си нова мајка, поим немаш некогаш што правиш (ова за мене си зборам ) Стелатопија, Еуцерин, Биодерма (го смири буквално за 3 дена, после една недела исто), Уријаж....никаква промена. И пробавме со мелемот од Скендер, магија! Од географска карта од црвенила по телото, чисто ко солза. Сега е 9 месеци, пак има рапави делови на цело тело, се зачешува одвреме навреме ама не е страшно, има(ме) среќа. Вчера ја земав Веледа од бел слез па да видиме како ќе биде.
Магијата е во кортикото Јас моето дете сеуште одбивам да го мачкам со кортико, ама секој си знае за своето дете нели
И моја претпоставка е дека магијата е во кортикото ама прво секако секој си знае најдобро за своето дете, а второ подобро 5 дена кортико и повеќе дерматит да нема, него да го мачам детето со години и да го мачкам со све и свачега и да трошам илјадници денари на креми кои не му делуваат...и јас сум презадоволна од мелемот ама овде на форумов не смееш да се пофалиш од нешто зошто има вечни дежурни кои мислат дека се знаат...мелемот од скендер се на се го имам користено 10 тина дена и тоа кога бебето имаше 4 месеци, сега има 24 и на тој дел од телото никогаш повеќе дерматит не му се активира...а сите други креми на форумов што се вртат се пробани, потрошени се мн пари, па радо би ставила кортико него дете да го гледам да се мачи, да се чеша, да тече крв, да вришти итн Ама секој го знае најдоброто за своето дете
Мојот коментар не се однесува ни на тебе ни на Теа иако вас ве цитирав, ама по темава вечно има полицајци, ако спомниш кортико леле како да си направил смртен грев
Секој нека прави како мисли дека е нај добро за своето дете, немам ништо против но секако имам за свето дете мислење
Па и јас и ставам кортико коа крв и тече. Ама и ставам Афлодерм, маст со одобрение од Малмед и состојки во прилог. Факт е дека во тој мелем има кортико, зашто егзем не проаѓа за 2 дена од ништо друго освен од кортико. За тоа ми беше коментарот, можда малце саркастичен ама јбг таков ми е стилот на изразување . @Noranora значи од вчера што ми текна Јекодерм почнав позади коленце да и мачкам, каде што не и проаѓа егземата, ептен подобрување има. Просто да не ти се верува. Сите скапи креми ги пробав, сега на евтини ке се свртам.
Јас и намачка кокосово масло и можам да ти кажам дека делуваат по смирено ама прв пат ја на мачкав прееска кај 15, чекам бар ден два па да споделам искуство
Не сум сигурна дека е кортико. Зборувавме со докторка од Козле (самата вика многу го користат ама они како доктори не смеат да препорачуваат вакви креми/ лекови) за кожава негова, она вика некој си го однел мелемот на испитување и главнава состојка била сребрена вода. Е сега, додека сам не си испиташ ова ќе биде рекла казала муабет.
И јас ставам Афлодерм некогаш ама не му делува...макс 3 дена редам, само што ќе помислам дека е средено пак се вратило...како што расте и фала му на господ и се подобрува дерматитот да не го зарекувам, зимава убаво поминавме...на лето обавезно море по препорака на доктор ама знае позади колената и на лактите да се нафрла и тоа убаво да се нафрла..и веќе поголем е и се чеша и сам крв си прави А за мелемот не се сомневам дека има кортико ама нас ни помогна...а како гревче беше...цело торзо му беше нафрлано на 4 месеци,..да ти се плачи...после неколку мачкања, мислам два пати по 5 дена беше и никогаш повеќе на торзото не му се направи..а имам редено и на други места, не му помогна и го баталив, го фрлив и повеќе не сум купила
Мајки каков детергент користите за бебешките алишта и дали користите омекнувач? До сега користев бекутан но сакам да сменам бидејќи бебе има дерматит.