Како им дијагностицирале атопичен дерматит на вашите бебиња? Кои симптоми биле најчести? И дали сте испитувале алергија на кравји протеин, кои биле симптомите и за тоа?
Дијагноза како таква на дерматолог. Јас се сомневам во моментов на влошување на состојбата од кравјото млеко меѓутоа тоа за сигурна точност може само преку алерго тест па да видиш точно од што е. Мене ми е некако уште мала за такво нешто 1г и 5м е
Со 2 години може да се повлече само а за нај точни и веродостојни резултати мислам после 3та година беше
Го носев за друго на лекар, зборевме и за носето дека од раѓање му е растечено и хрчи. Напишала во извештајот “Екцематозни промени на обравчињата, дискретен ларингеален призвук…” . Ми спомна атопичен дерматит како можност (има преосетлива и сува кожа, со црвенила повремено), евентуална алергија на храна односно според неа на кравји протеин, ми рече да водам дневник на исхрана со елиминација на почетна алергена храна, плус му препиша Летизен 3 недели претпоставувам за ларингитот. Збунета сум, јас мислев кожата е таква, буквално да го допрам поцрвенува. Сакам да испитам алергија на кравји протеин за да знам дали е тоа, инаку е интолерантен на лактоза не знам дали е поврзано. Докторката вика не.
На нас ни дадоа дијагноза во козле. Кај нас се појави после воведување на цврста храна ама неповрзано со ништо кога воведував туку кога се разболе букна. Ми рекоа да се ставам на диета и јас и на детето да давам ха формула. Кога се смири воведував намирници наново на ништо не појави реакција. Сега сме на аптамил комфорт дека ха престанале да произведуваат и немаме проблем. Искрено не знам што го тригерираше. Правев за него алерго тест од крв не покажа никаква алергија на храна туку лесна сензитивност на какао, јатки, риба и пченка. Воведов какао немаше реакција, исто давам палента и од тоа нема. Што значи тестот не ми помогна баш ништо.
Искрено јас од понеделник ќе зимам упат за на дерматолог и планирам кравјото млеко да и го тргнам. Може да е по сензитивни кожичка кај вас, кај нас е ептен алармантна ситуацијата а пред месец дена беше лом. За лицето имаш веледа лилаковата линија ок се покажа кај нас и секако консултација со дерматолог, тоа што при допир кожата се вцрвени а ако е мн бело како ќерка ми нормално го сметам не му продавам толку значење она е бела како снег
@le.soleil @Noranora Извинете малку ќе бидам досадна ама пробувам да сфатам што треба да направам. Ако ве сфатив добро вашите се исфрлаат по кожата и веројатно си стојат неколку дена црвенилата. Кај моево нема нешто исфрлано туку си се појавуваат некои црвени точки, кругови, мазно е нема ништо рапаво и се губат истиот ден најчесто. Дури и кога го скокоткам нежно одма поцрвенува местото кај што прстот ми поминал. Образите му се стално црвени и рапави, ако не го мачкам многу полошо станува. Од раѓање кожата му беше многу сува и рапава на некои места, инаку од старт ја користам Веледа белата и сега му е мека и нежна. Јас едноставно мислев дека има сува и проблематична кожа и сум го решила проблемот. Сега не ми е јасно што да правам со исхраната, дали покасно да воведувам алергени, дали ако има можност да е алергичен на кравји протеин да го тестирам и да се префрлиме на козјо, целосно е на ад и може тоа му прави проблем што цело време хрчи од раѓање. Вторник сме на месечна контрола, ќе видам и другата докторка што ќе каже. Ме фати денеска неспремна и не знаев ни што да прашам. Да барам ли дерматолог, вие каде идете? Дали да чекам па да воведам повеќе намирници да видам како ќе биде. Скроз сум збунета.
И јас сум скроз збунета, поготово што од 4ца доктори добив скроз различни препораки и стварно не знам кого да слушам. Еве што ми препорачале Кај нас почна со сува погруба кожа на некои делови, тогаш мачкав ла рош и се среди, па после почна црвенило на обравчето и кога се разболе букна силно црвенило на пеленска регија. Мачкав алфродерм се подсмири ама уште го имаше. После тоа се влоши состојбата од вирусот и завршивме во козле. Таму почна да се шири по раце по нозе секој ден ново искачаше. Го боцкаа за алергии и ми рекоа ништо да не мачкам. Тек кога оздраве и се вративме дома почнав со биодерма купка и ла рош секој ден. Се исчисти скроз и сега нема ништо. Како што напишав све наново воведував да утврдам дали е од некоја храна и на ништо не ми пројави реакција. Сега ми е страв да воведам кравји производи иако бев на консултации кај професорка една гастролог педијатар со специјалност за исхрана и ми рече дека ме верува дека се работи за алергија од кравји протеин и само јајце да не давам до година друго све да си давам. Ама ете ми фуфка. Планирам да дадам малце следен месец па ќе видиме. За све алерген ќе се тресам ама тоа е... Инаку тоа црвенило што се појавува кога ќе го допреш не е ад, и другото синче го има а немал атопичен дерматит, такви им се нежни кожичките. Дури кога плачат цело тело им станува жар. У козле ми рекоа и тоа било алергија, ама таму и ми рекоа да давам само вода со лимон на 7 месечно бебе така да не знам колку им е за верување. Не знам што да те советувам, кај и да одиш различни совети ќе добиеш. За тест за потврда на алергија дефинитивен не знам дека постои. Ако разбереш сподели те молам. Јас правев во авицена оној од крв за храна ама ти викам ништо не ми помогна.
Може не е алергија на храна или во тој панел што си го правела во Авицена не бил опфатен? Јас на поголемиот му правев во Биотек инхалаторен и нутритивен и се покажа досега како точен. На пилешко месо искочи кај него ама немал проблеми со кожата.
Па не ми спомнаа од колку, јас мислам на година и нешто му ги правев. Докторката ми рече да не правам ама јас на своја рака, смачено ми беше. Еве ги: Јас се мислам тој комбинираниот да му го правам, морам и на домашна прашина да испитам имаме во фамилија.
Мајка од ова што читам не ми личи на атопичен дерматит, не се губи тоа и на допир е рапаво ќе ти ставам слика доле да видиш. Прво како совет АКО е атопичен, не го бањај детето секој ден, секој трет ден, не со мн топла вода што по ладна да биде. Додека е активен дерматитот се гледа да е на диетална исхрана што повеќе може, цитрус ич. Од после се одржува кожата со лосион јас конкретно користам еуцерин пх5 со црвено капаче и бањам со мустела, а кога е активен со масло на еуцерин бањам и користам биодерма и еуцерин комета нај изменично и веледа да лице. Не знам дали и колку ти помогнав
На мојата и се појави некаде во декември беше. Прво на лактот а после се прошири и на други места. На кои брзо се повлече. А на вратот и лактот не одма. Го имавме едно добри два месеци. Рапаво е на допир. Знам дека многу чеша, мојата во вратот лом се правеше. Рани. Стварно тежок период за еден родител пошто гревчиња се не можат да спијат од што се чешаат и се будат. Јас стварно не знам кај нас што го предизвика. Вкусови уште немавме пробано. Ми рекоа да носи само 100%памук. Омекнувач не. Детерген за алергичари. Навлажнувач на воздух за да не биде сув воздухот и слично. Јас се сомневам дека и се направи од едни алишта што и ги купи свекрва ми материјалот беше дебел синтетика ли не знам ама памук не беше. И од тогаш и се појави. Мислам дека јајцето ја влошува состојбата и не јадам јајце. Некако одолговлекувам и да и воведам млечни производи и жолчка. Не знам од што ама се повлече. Тогаш мачкав редовно по двапати мустела стелатопиа а бањам сеуште со биодерма маслената. А сега со мустелата мачкам само еднаш на ден.
Биодерма крем за тело и биодерма маслена купка. На моето исто така му беше од ко се роди, едно време мн беше лошо дури користев и кортико крема, беше на екслузивно доење до 4 и пол месеци, јас се исфрлив што е алергено, ништо не јадев ама немаше врска, со биодермата се среди, еве го и ден денес 4г и 4 месеци е, тој уште си има егземи, де јавуваат на поладно време, со биодермата е уште. Уште нешто капење најмногу 2 пати неделата. Газе секој ден тело никако со дерматит капење често, многу се влошува со капење, уште повеќе се суши кожата.
И кај син ми овие 2 му го средија проблемот. Минатото лето кожата му беше катастрофа ради често бањање, а па на одмор да не зборуваме. Предходно користеше Еуцерин ама после со Биодерма овие 2 производи за многу брзо време се среди.
Еве го син ми како беше, сега се читав на почеток еуцерин имав за тело, биодерма за капење, потоа продолжив со биодерма крем и исто биодерма за капење.
Земав упат утре сме на дерматолог во Железара ако некој сака да праша нешто пишете ќе се обидам да прашам што ве занима
Бтв денес ми кажаа дека во биодермата има кортико и не е за секој дневна употреба. ОК се одјавувам више. Се пренапнав.