1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атопичен дерматит кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од lavica-e, 3 март 2014.

  1. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Како ги воведовте кравјите производи? Јас се сомневам на глутен. Немам се уште дадено, ама приметив дека му се јавува јас кога јадам глутен.
     
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Па дадов прво кравјо кисело млеко, ама не бев сигурна од што е. Го прекинав. После знам давав зденка или крем сир и тие се кравји и пак се направи цела. Сега давам козјо кисело млеко и немаме проблем.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.786
    Пол:
    Женски
    Изгледа ќе го има чудово ќерка ми.:(
    Немав искуство со првото детенце, ова се појави на 42от ден од раѓање, како црвенило на двете обравчиња и акнички.
    Помислив на доенечки акни, но еве 3та недела си стојат и се црвени и сува кожа и рапава на допир. Кога плаче уште толку се видливи.;(

    Можно ли е на 1 месец и 3 недели толку рано да се јави дерматитов?

    Утре ќе носам на дерматолог, дома ставив антикорт 2 пати, но немаше ефект, претходно само со вода миев, на алверде шампон користиме. Денес ставив пантенол, како да има ефект.

    Искуства за дерматит во летен период и во толку рана возраст?

    Дали е до алверде,?
    Користев мустела со првото и купка и лосион, немаше проблем кожен никаков.
    Ова демек со природна козметика, па еве чудово се јавува:(
     
  4. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали ова е атопичен дерматит? Го има само на обравчето повеќе од две недели, афлодерм по препорака од педијатар ни рече 4-5 дена да мачкаме, 2 дена како мачкам нрма подобрување. Некој совет?
     

    Прикачени фајлови:

  5. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Да, можно е. Тоа време и на ќерка ми и се појави прв пат, исто летно време.
    Можно е и да и смета Алверде, мислам имаше во составот бадем, нема врска што е природна козметика, можеби некоја природна состојка и прави реакција.
    Подобро не користи никаква купка ниту пак лосион, туку само кратко туширање со истечна вода, не во корито.
    Но, на тие кои се склони кон атопичен дерматит, посебно на толку мала возраст, може да им се активира од многу работи, посебно ако е на доење.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.786
    Пол:
    Женски
    Изгледа не беше дерматит, ставив неколку дена пантенол кремче и се повлечи, го снема
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Дали од bioderma atoderm маслото за туширање ставате и на коса?
     
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На dromka и Butterfly1212 им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Правевме алерготест нутритивен панел, и тестот покажа дека не е алергична на млеко.
    Ама јас лично имам приметено дека од кравјиве производи и излегува дерматит. Зошто не покажа на тестот?
    Еве и во градинка млеко со бисквити им даваат. Не сум 100% сигурна ама мислам дека од кравјите производи. Како што тестирав кога и ги прекинав и се повлече. Сега пак давав откако го направив тестот и сега пак и се појави.
     
  10. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Тестовите не се секогаш точни, особено пред третата година на детето. Големи се шансите да се лажно негативни, па секогаш води се по реакцијата на детето.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.371
    i Можеби си направил погрешен тест, наместо алергија според мене требало да направиш интолеранција на лактоза.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Џабе ме тешат домашниве од страна, мене ова со атопискиов ми е многу страшно и сега паничам за градинка. Мали реагира на многу намирници, пример од морков партали се прави, а морков ставаат во се. Матичнава вика пази многу со храна, давај му само бејзикс, ај јас дома мака мачам врти сучи иста храна додека влезам во шема, пишувам за него што јаде, пишувам за другово близначе да јаде разновидно, ама многу напорно. И сега за градинка како правите? Нели таму нема избор, што им дадат ќе јадат, значи цело време ќе се бориме со егземата? Или ги носите во приватни градинки, демек таму може да си носиме домашна храна (ич не сакам, а и финансиски ќе биде страшно, ама ако мора и нема друг начин, тоа ќе биде).
     
  13. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Оди во градинката во која би се запишале и прашај кои опции ти ги нудат во врска со храната. Мојата е алергична на млечни производи и јатки и за неа нема проблем зошто многу деца ја имаат таа алергија, па за појадок има опција да и даваат нешто што не содржи млеко.
    Инаку не знам колкави ти се децата, ама поголемата ќерка реагираше на морков и се што е портокалово, но до 9м тоа го надмина и немаше проблем в градинка. Инаку и јас се плашев со морковот затоа што го има во секоја манџа.
     
    На MJ992 и Tess36 им се допаѓа ова.
  14. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Во право си, фала ти, ќе си прашам каде што поднесовме документи. 7++ се, значи има шанси ова со морковов да се надмине. Имаме уште многу работи да пробаат до градинка, планирам на година да ги пуштам на адаптација, ама затоа што он веќе реагираше на пола од воведениве, паника ме фати. Матичнава вика паузирај, врти ги основните додека се смири, па и од тоа се плашам, дали ќе стигне да проба се до градинка.
     
  15. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    На пријавата што ја пишуваш за упис во градинка има опција да наведеш на што е алергична ваљда баш ради тие причини. Така да најубаво е во градинка да си прашаш.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Ние поднесовме уште пред да го потврдат ова со дерматитов, ама и така сме на листа за чекање, ни рекоа да поднесеме документи месец, два пред да ги пуштаме, па тогаш ваљда ќе може да наведеме. И дотогаш мислам ќе знам на што се реагира.
     
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Ова чудово пак букна кај малава. Стварно сега не знам од што.
    Дали е можно што залади? Па алишта по долги и слично. Во зима го имаше често. Додека пак на лето се исчисти.
     
  18. Alex08

    Alex08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас. 18 месеци има син ми. Лом е целиот највеќе на раменцата и на грпчето. А таман помисливме се залечи,немаше два три месеци... И јас препишувам на поладново време, а колку само го чеша, душа мајкина:hug:ѓѓ
     
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    И мојава е лом на грбот,стомакот и нозете. На грбот и стомакот најмногу се чеша рацете се таму и се. Дури агресивно се чеша со тегнење кожа.
     
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.786
    Пол:
    Женски
    Што користите за атопискиот дерматит?
    Консултирајте дерматолог.
    Мора емолиентни купки и такви и лосиони за мачкање, обично на поладно време повеќе се активира