Користам се исто како до сега. За бањање био дерма атодерм маслената купка. А за мачкање мустела стелатопиа.
Јас би ја сменала мустелата, некако не ми е за атопичен и би го купила спрејот со Цинк од Уријаж..презадоволна сум од него..син ми од 3 месеци е со атопичен, сега има 2 год и 8 месеци и само од време на време му се активира, последно кога му се направи на рачето го купив спрејов, прскав 3 дена и го снема...и сега го користам и за пеленска регија на неколку дена и за секакви кожни промени...всушност е како лосион ама разреден и во спреј форма..а за тело мачкање пробај еуцерин или биодерма, имаш од атодерм балсам (и лосион ама балсамот е подобар барем според мене)
Здраво, бебе е месец ипол и од завчера почна да се нафрла на лицето. Педијатарот ми предложи купка и млеко за атопичен дерматит, но мене не ми личи ова на атопична кожа, па ме интересира ваше мислење од искуство. Не знам дали да го носам на второ мислење или да почнам со нешто. Фала
Ние пробавме се што ни препорачаа од уриаж, еуцерин, сега моментално маслена купка биодерма и а-дерма лосион за атопчна кожа. Го смирува моментално но не го лечи, а кога е ептен алармантно афлодерм и белогент по препорака на педијатар. Конкретно ноќеска се уби од чешање мачкав афлодерм. Дајте предлог од искуство на некоја крема што ви помогнало вам. Фала однапред.
Син ми ноќеска се уби од чешање мачкав афлодерм у три сабајле. Срце ме боли незнам веќе што да мачкам, пробано уриаж,еуцерин,биодерма моментално а-дерма , ако имаш испробано нешто друго што пожага колку толку пиши те молам
Мојата од 5 месеци мислам имаше кога и се појави а сега има 14 месеци. Проблемот е што на секое дете не одговара иста козметика. Се изнафрлав пари за еден куп креми. Од ла рош па се до мустела. Ла рош и био дерма балсамот не и помагаа, а еуцеринот многу и ја влоши состојбата. Со мустелата се средивме. И сега одамна немаше. Не знам од што и се појави сега. Па и во пеленска регија има.
Се што имаш наброено имаме пробано...освен мустела зошто не знам не ми е некако козметика за атопија ама ако ви одговара да си тераш...блу кап имаш пробано? едно време многу ни делуваше одма се чистеше...некогаш и со ништо буквално поминува некогаш сто креми ќе смениш ништо не ќе проделува...сега последно сум задоволна од спрејот од Уријаж и не е скап, некаде 500 ден а го користам за секаде дури и за мене...Да не имаш нешто воведено ново во храна? или да не е бидена болна? мојов го приметувам а му падне имутитетот и обавезно некаде букнува дерматитот
Има во некоја од аптеките попуст на Uriage, Bioderma, La Roche Posay или некои од другите лосиони за атопична кожа?
Си кеираш профил на страната на зегин,и при наплата на нарачката ти даваат термини за достава.Обично за 2 дена е доставата за надвор од Скопје,а со рокови засега нема утка плус и несто мини подарочиња праќаат или мостри од креми слични на тие што ги нарачуваш
Мачкај со биодерма атодерм, барали мустела. Кај ќерка ми ок поминавме со неа, а со син ми ако веруваш се , се , се купивме , на крај риластилот помогна. Кај ќерка ми користев и блу кап. А дерма исто набавив од Бугарија кај нас ја нема веќе. Кај син ми не помогна , кај ќерка ми да. Како ќе заладува времето, знам што ме чека со двајцата Ќе звонам кај Старова пак, бар у декември да начекам термин , иако таму ни на телефон никој не крева
Да сезона сега ќе се активира скоро кан секој а да за термини подобро уште сега ептен ако треба ама упорно на гиксниот креваат
Незнам дали го имаш пробано пенестиот гел за капење биодерма, кај ќерками се покажа многу поефикасно од маслената.
На бебето( 4 месеци) кожата на лицето му е рапава. На надлактиците и околу лактите има лишаи црвени. На бутовите на нозете на допир се чуствуваат лишаи кои не се вцрвенети. Користиме Еуцерин пх5 маслена купка и од истата линија лосионот. Дали треба да ја променам козметиката? Што ќе ми препорачате? За алишта користам персил бебешки течен детергент, дупло плавење и без омекнувач перам.
За алиштата фрош. А за козметика би ти препорачала биодерма за бањање. Нас еуцеринот негативно ни влијаеше, многу и ја влоши состојбата. До тој степен со рани. Јас мислејќи правам добро мачкав викав ај треба време да делува тоа место подобро полошо стануваше додека се освестив д и сфатив дека може од еуцеринот е. Кога го прекинав,се подобри. А гревче стана.