Поголемиот ми беше со егзема, среќа одамна му се нема ништо појавено, се надевам ја надрасна. Кај него маслената од еуцерин не ја влошуваше состојбата, ама не ја ни подобруваше. Маслената на биодерма и атодерм лосионот му помогнаа. Детергент користев и јас персил, ретко фрош, кај мене бебешкиот програм е со 4 плавења и обавезно пеглав. По препорака на дерматолог, омекнувач не ставав.
Не, ќе те молам слика...сега сме на Уријаж и тоа масло за особено сува кожа и задоволна сум, ама веќе здосадено ми е...иначе дерматитот ни мирува, само некогаш на мешето му се активира и се чеша иначе океј е
Зна Те разбирам исто ми беше и мене, кај малата многу се воспалуваше и од храна, па пазев и на тоа, сега е 2год и 4 мес скоро го нема.
Што користите појако за мачкање кога е алармантно? На кожен ни препорачаа или биодерма или уријаж за атопичен, тоа константно користиме, ама моментално на лице е катастрофа, рапаво, жар црвено, не се смирува. Или препорака за кожен што одма ќе може да се закаже, ако има?
Во друга тема една членка ми ја препорача оваа крема Дали за надвор ги мачкате со крема за студ и заштита од ветар? Сакав да го земам кремчето на Веледа,со големиот го користев одлично се покажа.
Јас за надвор, кога дува и е посвежо им ставам од уријаж колд кремата. Засега добра им е, ама уште не фатило баш ладно.
Да се самоцитирам, може на некој ќе помогне. За нас спас излезе ла рош липикар линијата. За десетина дена се среди мали, мазно му е лиценцето, пред тоа беше рани. Се надевам ќе потрае. Мене ми помага биодермата, кај него беше ок некое време, па нагло страшно се влоши, сега со ла рошот се смири, па ќе видиме.
Мојот ептрн се чеша од Ла Рош, а и јас кога ќе ставам ме пече. Со Биодерма и Мустела неаме таков проблем.
Многу зависи од кожа до кожа. Сите ги пробавме,ништо не му одговараше како ова. Ете читам сите за бебиња се крстат во Веледа, божем притодна козметика, јас додека бев бремена таков осип добив од Веледа што се плашам и да помирисам нивен производ. Дефинитивно мора да се пробува додека не се најде што одговара, ние почнавме со мустела стелатопиа, не му одговараше, кожната вика земете уријаж за атопична, ок беше некое време, па наеднаш му се направија рани ко дупки дури. Па ајде биодерма, се потстабилизира една недела и наеднаш пак букна и еве на крај ла рош, скроз се исчисти. Ама пак оставам да видам како ќе биде по некое време.
Во принцип приметив дека ништо не му помага да не му излегува, само кога веќе има да не го чеша и да не му се вцрвенуваат. Се додека не ги надмине алергиите ќе си ги има лишајчињата. Ама на лето само едно минијатурно, а сега нема нема па се исфрла.
Големиот има 4г уште има егземи по тело, лом се праои од чешање посебно во зима. Што не е пробано од козметика, моментално смирува, на долг рок ништо. Бебето е со уште полош дерматит ј алергии. Не знам што ќе праиме со него.
Уште е така бебе или најдовте решение? Мојата почна кратко откако се одби од цицање. А не ни беше екслузивно..ама и помагало шо и правев повремено бањи со мајчино и што цицнуваше. Почнавме истовремено со вкусови, прво мислев реакција е некаква на храна. Е арно ама и се рашири од на мешето неколку и сега гледам и дека ја чешка, се фаќа од горе преку облека. И дадоа денес некое средство за во бања со бадемово и парафин и некоја крема без кортико. Ставив сега за прв пат, па ќе следам. Пет месеци со веледата немавме никакво гајле. И наеднаш почна. Дур се покажаа се нафрла цело. И сега да сенадевам ќе помине. Ама долгорочно како да го стопираме. Гледам еуцерин имаат некоја крема. Некој ум?
Биодерма атопик уље за бањање и лосион. На бебево му е смирен моментално дерматитот, со тоа што ако јас јадам млечно (он цица) одма се активира. Крема за егзем на скендер исто помага. Ако му помине, пак ќе се активира дерматитот после вакцина, за време на болест, во зима. Најбитно, се надраснува состојбата со тек на време, ама треба да се издржи.
Јас уште не знам ни што е нашето. Почна со една егзема и се проширија уште неколку. Пратив слики на педијатар, ми пиша дека ќе и даде рецепт. Маж ми ги зеде и толку. Читав дека се активира често кога почнува со храна и по престанокот на цицање. Па си поврзав два и два. За две недели тек и е преглед и треба да проверам дали има вакцина . Најмајка. Ќе прашам тогаш. Се надевам само да и се повлечат. Кај нас она немаше проблеми јас кога јадев козји и овли продукти. Само до кравји протеин и сметаше. Ти комплетно ги исклучи сите? Ја сега си мислам кога ќе дојде ред за воведување јогурт, павлака. Што да правам? Си размислувала на темата? Овде педијатар рече дека се надраснува таа состојба и треба да се проба. Ќе прашам пак.
Паднат имунитет. Кај големиот после ММР ептен нови егземи излегоа, некои уште ги влечеме и после 2.5 години..
Се надраснува најчесто. Јас искчучив се млечно во сите форми, чиста е кожата. Ако не реагира на млечни, а појавува пак егземи, следно исклучи јајца, мед, јатки и цитрус. Кај деца со алергии е битно сите алергени да ги воведете до 1 година. Вклучително и мед и јагоди и цитруси и јајце да се види на што ќе реагира. Здравје, за воведување млечни, има шема (dairy ladder) по таа планирам да одам. Ѕирни на нет.
Jas i na pogolemoto dete a i na bebeto ja korustev kremata sto ja pravi doktorka od Bitola, fala bogu izcezna dermatitot kaj dvete, ne sum proverila dali sodrzi kortiko no i veruvam deka nema posto koga stavavme Afloderm ko kje se izgubese se javuvaa beli fleki od kortikoto, ako sakas da ti pustam broj vo poraka pa javi se i naracaj.
Здраво, ќе ве замолам за совет и препораки за креми за атопичен дерматит кај бебе од 4 месеци. На почетокот не знаев дека е атопичен дерматит па пробав со Веледа, Бекутан цинк оксид, јакодерм и не поминуваше, за после тоа да се насочиме кон креми од типот на атодем Биодерма, атоконтрол Еуцерин и сега последно Атопрел Фризидерм за од ништо да нема ефект . Матичната ни даде кортико Алфодерм и за 3 дена има резултат (колку што ни рече максимум да го користиме), кога ќе поминат уште 4-5 дена пак истата ситуација. Значи само на лицето кај брадата, црвено до рани и крв