Бебево имаше проблем со атопична кожа(тоа јас сама дијагноза си смислив ,педијатарот е штура на зборови ) т.е. имаше лишаи насекаде по телото. Со користење на Биодерма се средија,повремено се чуствуваат како рапави. Но ме загрижува едното обравче. Често знае да се вцрвени,а особено после цицање. Дали од мојот прашок,дали од мојата купка или можеби е поврзано со храна па му смета ? Која храна се избегнува при атопичен дерматит?
Неможеш да одредиш сега на што реагира зошто е мало. Високо алергени ти се цитруси, јатки, овес, кравјо млеко. После 3г се релеватни тестовите за алергија. Му се вцрвенува образот веројатно од допир, ако му се смирува само од себе не е страшно. Ќе ја надмине алергијата со тек на време. Моево да го видиш колку е црвено, на све реагира. Туку, мајки на многу атопични деца, како пројдовте со вакцини? Збукнаа алергии пост вакцина?
Мојата на првата вакцина, што е на 2м со рота заедно, помина многу лошо и всушност од тој ден и почна атопичниот дерматит и месеци се опоравуваше дури да се исчисти кожата. Нема примено други вакцини, по препорака на имунолог, иако е сега 2 години.
На мојава прв пат лани зимата и се појави кога имаше околу 5 месеци. Немаше на многу места ама одвај се оправивме. После тоа летото немаше. Па после имаше ако јадеше кравјо кисело млеко. А сега пак има или не знам искрено дали е тоа пошто лани имаше како суви корупки и се чешаше. Сега се чеша ама нема така суво. Сега се расчешува и сама си ги прави црвенилата па дури гребаници како од мачка. Ама под брадата каде што се допира пример со јакната, и кај ушите каде што завршува косата таа зона и е сува и црвена сува баш како лани што беше. До сега никогаш немала на лице. Ова кај ушите кај косата можно ли е да е од шампонот? Уште од лани почнавме со био дерма маслото, ама во последно време многу ја чеша главата после бањање па и телото и по бањање исто како не бањата пак се чеша како шуга да има. Викам да не не и одговара веќе биодерма да не се презасити. Има ли крај ова, пошто некако ми изгледа дека нема.
Еве мајки,вака изгледа едното обравче. Тука е после бањање,но во текот на целиот ден се вцрвенува. Освен кога спие тогаш не е црвено,само рапаво.
Ако сакаш стави афлодерм, ама не е страшно чим се губи. И од ладното се јавуваат егземи во зима почесто.
Бебето има атопичен дерматит на 3 места засега, на двете рачиња и едното ноџе, како мали рапави пликови. Не е демек алармантно, ама нормално дека не е сеедно. Пробавме Ла Рош и Мустела, од првата поминуваше донекаде, особено лицето, Мустелава вода. Од 100% невен маст можам да кажам дека има солидни резултати, ама пак се враќа. Сега докторката ни даде Еуцерин за проба, препорачајте нешто што се покажало ефикасно.
Bioderma маслената купка и балсамот. https://www.bioderma.mk/nashi-proizvodi/atoderm/huile-de-douche https://www.bioderma.mk/nashi-proizvodi/atoderm/intensive-baume
Не чини Еуцеринот, ама пробајте ако сакате. Само атодерм е ок донекаде иако на син ми и тоа не му помага
Кај мојата се појавија од алергија на кравјо млеко на обравчињата искрено одма мачкав со уриаж Xémose анти иритант и за 2 дена и се оправија. И за малиот исто лишаи му се имаа направено со нејзе се средија.
Ve molam nekoja ako ima iskustvo, uste od bolnica malata pojavuvase crvenilo na lice ponekogas najcesto koga place otposle pomimuva pedijatarot veli atopicna koza e sega znam vo bolnica mi go zemaa kremot sudokrem nosev po se izgleda so nego ja mackaa ne prasav ama koga mi ja vratija i bese smireno, probav i so majcino melko ednas nekako se posmiri i sega pocna pak ama mozno e da e od kravjo mleko citam tuka a jas jadev kiselo mleko i pavlaka ke gi isfrlam i ke vidam sto i kako ama nezz dali sudokrem da ja namackam
Bekutan doma a vo bolnica nezz ke probam prvvo da amenam ishrana i babylove senzitiv planirv da smenm i pa duri otposle uriaz ili sl deka citv tuka moze da nema efekt moze i da treba da menjam pak a skapi se realno
Бекутан не би ти препорачала, составот не им е баш нај. Јас досега сум користела Uriage, Bioderma, La Roche Posay, сите се за атопична кожа и ни се погодиле, а можеш и Weleda заштитен балсам за лице со невен, во Зегин ги има, од нив лосионот со невен и крема за пеленска регија имам користено, добри се.
Немој бекутан, не чини стварно. Подобро земи од ДМ некое природно кремче, не се многу скапи Нас зошто биодермата не ни помага ни дадоа риастил.
Мајки не знам од каде да почнам. Очајна сум веќе. Лани за прв пат и се појави дерматитот на ќерка ми ама тогаш имаше кај лактите, вратот и позади колената ама баш беше суво рапаво на допир. Сега нема ништо такво освен кај ушите и брадата. А по цело тело се чеша нон стоп, кога пишувам нон стоп буквално мислам во секоја секунда. И нормално од чешање пошто агресивно се чеша цело тело лом и е. Дури и во глава се чеша. Не знам веќе на што реагира. Толку немоќно се осеќам. Не знам како да и помогнам. Само памучни алишта носи. Детергент фрош. Омекнувач не користиме. И бои толку јаки како црвена не и облакам таква облека. Не ја наоблекувам за да не се поти. Биодерма маслото за бањање го користиме а за мачкање мустела стелатопиа. Што друго би можело да биде тригер. Дали можам да и дадам летизен за чешањето? И да ми препорачате некој стварно добар дерматолог. Фала ви
Давај и минимум 2 недели сируп за алергија, плус земи го на бидерма спрејот за чешање. Дали јаде боени работи? Големиот син реагира со чешање така на цело тело од боени работи (сладолед, бомбони, шеќерна волна..), и од бигорот на водата во Скопје. Примети дали и се интензивира чешањето после бањање и не ја бањај секој ден. Добар дерматолг имало во поликлиника Железничар. Јас сум го носела кај Маја Димова на клиника,а за бебето закажав кај Старова во Мавровка
После бањање многу се чеша. Баш ради тоа ја бањам два пати или еднаш неделно. Ама никако не бива. Значи сируп за алергија можам да давам? Спрејот го имам ама од спрејот уште повеќе се чеша. Кај старова нели тешко се добива термин?
И до крај март ако и се смири на ќерка ми пример дерматитот што тогаш? Еве лани и се изгуби после февруари, дури во мај или јуни пак и излезе малку и пак се повлече. Околу сирупов, колку време може да се дава дека си ми пишала минимум две недели, дали треба пауза после да се прави? И конкретно за летизенот збунета сум сега. Летото ќерка ми имаше осип после тт, матичната ни препиша летизен по 3мл пред спиење. Не го ни употребив. Се повлече сам осипот. Сега има година и пол, читам на упатството пишува од 2 години нагоре по 2.5мл два пати на ден. И сега не знам како да и давам. Во Ремедика има некој добар дерматолог?