1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атопичен дерматит кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од lavica-e, 3 март 2014.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Јас да прашам од поискусните мајки со поголеми деца, има ли период кога стагнира чудово?
    Значи додека мачкам кортико до таму е. Ќе снема и утре почнува ново црвенило негде на друго место?
    "Нормално" ли е постојано ама значи постојано да се појавуваат?
    На раце и се појавија и жими таму што атопиконтрол акут ги среди. Абе под мишки и се јавија. Прво мислев дека е ради фалтите како испотени и вцрвено, ама после пројдоа во груби и рапави :swear:. Ме пукна чудово. На дерматолог беше мачкај по шема кортико и тоа месец време. Е сега од утре пак ќе барам термин, месец помина, не е акутно веќе фала богу, ама што кога ќе престанам со кортико на секој два три дена?

    Ај прашањето уште еднаш. Постојано ли излегуваат црвени флеки, и дали тие постојано преминуваат во акутни или може и да се повлечат, иако нема да се третирани со кортико?
    Ќе стигнеме ли до фаза каде со месеци ќе биде се во ред? Какво е вашето искуство? Кога преоѓа во акутна фаза? А кога си поминува само со медицинска крема без кортико?
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.702
    Пол:
    Женски
    Иако се поминати доста години, нашето искуство е дека помина односно драстично се смири околу 4 год.инаку имаше на лице,раце,нозе.
    Како што ни кажа нашиот стар педијатар.
    најдобар лек за егзема е море и сонце.
    Кај нас се покажа точно.
     
    На lackygirl, јolene, Isabel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    7.949
    Пол:
    Женски
    Денес бевме на дерматолог со малата, 2 г и 8 мес е. Од раѓање е со атопичен дерматит.
    Докторката вика до 7 години ќе се стабилизира, па ќе се намалува како расте ама никогаш нема да го снема. Ова ми е јасно јас на 32 год се уште го имам од време на време.
    Добивме 7 дена кортико по шема па после уште 1 месец крем Елидел, кој не е кортико, во комбинација со атодерм лосион. Дополнително сируп за алергија една недела и пробиотик на редовна база. Контрола за 1 мес, па ќе видиме.
    Она предложи и глутен да и исфрлам ама земајќи во предвид дека од раѓање и е, плус се вжарува кога е во трева, ова нема поента. После 3та година тестирања интолеранции на храна и алергии.
     
    На јolene и Isabel им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Се смирува во лето, знаеш големиов од бебе е со атопичен дерматит, зимава пак имаше егземи, уште му се јавуваат, ама во лето ги нема. Иначе исто беше дур мачкав кортико смирени, после пак на ново, нема крај, еве 5 год и 4 месеци е. Не е така лошо како бебе што беше, после година се смирија малку.
    Мојата комбинација :D
     

    Прикачени фајлови:

  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Истото комбо сваќе. Моето кортико само малку послабо е. Ама месец и повеќе помина од шемата..два дена ако не ставам, и одма сега гледам пак е црвено од доле. Ама не можам веќе, нерви искинав.
    Ќе ја носам пак. Денес ќе барам термин, ако не добијам ќе видам на приватно дали ќе дадат негде.

    Од креми сите ги пробав веќе тие што се за акутна фаза од аптека, не смирува ништо, ако не е кортико. На врат и на гради. На грб мислам и се повлекоа малку. На раце не се страшни, со било која хидратантна се смируваат. Ама овие ме плашат веќе..
    Ќе и остане белег. Да не оштетам кожата од толку крема.
    Инаку темницата и се врати. Се чеша крвишта се прави по глава. Не дава ни коса да и се мие. Камо ли да ставиш масло. И не ми ни текнува масло да и клавам, ќе ја пече. Не се големи, ама како првут се. А поврзани се. Т.е тоа е атопик само на глава.
    Ноќе особено додека спие, ако не може да се успие, се гребе се кубе. Ја земам кај мене и по цела ноќ, раце држам да не се повреди.
    Абе срце ме боли, не можам да му помогнам.
    Ќе ја носам у мај на море. Сонце не сака, се крие од него ко вампир. Ама ајде белки во вода ќе се заигра малку.
     
  6. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    3.982
    Пол:
    Женски
    Мајки на бебиња со атопичен дерматит што дојат дајте совет. Што да избегнувам повеќе од храна? Не јадам грав зелка зелени салати, газирано,сега ќе гледам да исфрлам и чоколадо не знам дали може тоа да влијае. Користам панда пробиотик веќе пола месец ама јас не гледам подобрување. Лицето и беше лом стававме афлодерм една недела сега е супер ама еве по телце искачаат на стомачето и на рачињата најмногу. Мустелата ми ја сменија со веледа, не гледам фајде од ниедна, препорака за козметика што ви се погодила за овој проблем?И со што ги перете алиштата? Јас користам виолета бебешкиот не знам дали да го сменам? Инсче бебе е два ипол месеци.
     
  7. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Перам со фрош, и обавезно пеглам или сушам во сушара. Од козметика нас ни се погоди Биордерма Атодерм лремата о маслената купка. За храна не знам што да ти кажам дали и колку има влијание. Најмногу ми оди млечни да се исфрлат/намалат
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    7.949
    Пол:
    Женски
    Мајка еве ти од мене еден цитат
    Бидејќи е мало бебе, оди на дерматолог ако е многу влошено.
    Во 2 ипол години со ќерка ми се пробав, фрош, бекутан, виолета за перење. Пазење исхрана. Сите можни скапи и евтини, медицински и немедицински козметики. Ништо не е трајно решение за оваа состојба.
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Елена2016

    Елена2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мајки со бебиња кои имаат атопичен дерматит дали го имате користено пробиотикот омнибиотик панда и да споделите искуства дали имаше подобрување од истиот или не.
     
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Го користам моментално. Не видов голема разлика.
     
    На Елена2016 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. curious9

    curious9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Здраво, моето бебе има 6м и ова е втор пат кога му се појавува егзема на лицето, првиот беше на 3м и се среди по неколку дена со користење Биодерма интензив крем и маслена купка на целото тело. Одтогаш не сме ги смениле, но откако пред 1 месец настина егземата се активира пак на образите и успеавме да ја смириме само со Афлодерм на кратко.

    Сега решив да пробам со Риластил по Вашите препораки наназад затоа што треба да примиме нова вакцина па да се смири малку кожата, но ме интересира дали да мачкам само на егземата односно лицето, а на телото да продолжам Биодерма или да сменам насекаде Риластил и колку време да мачкам?
     
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Мачкај си слободно биодерма и понатака по тело. Реално тоа се креми за негување на кожата, да ја хидратираат и со тоа тоа да ја штитат кожата, со што би се спречило понатаму исушување на кожата и појава на егземи. И може да се случи една крема да е ок за нозе, ама друга за лице. Тие креми се наменети всушност за секојдневна и долготрајна употреба, додека кожата е склона кон егземи.

    Јас после 100 купени креми, и не видов некоја разлика, оти реално кога бебе склоно на егземи, е со намален имунитет и под стрес, на пример заби или скок, со која и да го мачкаш(освен ако не е кортико) ќе му избие.
    Решив сите медицински хидратантни да ги потрошам, па после да купам друга некоја да пробам.

    Денес бев пак на контрола. Доктор рече да си продолжам со шемата кортико и хидратантна крема по 2-3 пати на ден, на осетливите места. И така чекам да дојде лето, па белки се смири. Важно рече и во базенот и во море може да се бања, само предходно убаво да се накрема, а после тоа туширање и пак хидратантна медицинска крема.

    И на крај ми вика дерматологот, дека ќерка му таков ужасен дерматит, со егземи кои солзат, имала што и он сам се фрустрирал и знаел како ми е. Па поминало. Ме утеши ептен :@.
     
    На curious9 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chris0203

    Chris0203 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали има некоја од Прилеп да ми каже приватен дерматолог за утре, сабота е знам, не знам Др. Маргарита дали работи, ама итно ми е, бебево кожата ќе си ја откорни од чешање, цело е со егзема на челото и левата страна покрај увото…
     
  14. curious9

    curious9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Фала за советот, почнав поинтензивно со Риластилот на лице (4-5 пати на ден) и веќе има подобрување. Во меѓувреме забележав и дека му излегува и првото запче па се поклопило со настинката и затоа валда толку беше влошена состојбата, се надевам ќе се среди за да може да ја примиме вакцината следна недела.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Колку месеци има?
    На мојата сега пред некој месец(на година и пол) и се направи во главата како првут горе кај темето, и кај што завршува косата кај ушите.
    Шампон немав сменето био дерма маслото го користев повеќе од една година.
    За телото продолжив со биодерма. А за главата почнав со мустела пена за теменица. На почетокот немаше резултат. Ама јас си продолжив да и ставам
    пошто косата некако поубава и беше, не и се мрсеше толку.
    И сега брзо заприметив и го снемало првутот.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    9 месеци е. Ќе пробам, фала.
     
  17. Marija2007

    Marija2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki
    Dali nekoja od vas imala iskustvo so infantilni akni kaj bebe?
     
  18. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    695
    Здраво мајки, ќерка ми има година и три месеци и на кожата заприметив и се прават лишаи кафеавкасти и рапави некој совет од што може да и се прават што да мачкам по можност нешто на природна база ако постои.
    Бевме кај матичната таа вика алергија ни даде три дена да мачкаме со некоја крема кортико што содржи и помина на местата и пак се појави на друго место не отидов повеќе за консултација пошто уште тогаш ми рече ај сируп за алергија да не ти давам мачкај со кремата.
    Да напоменам има и сува кожа дали може од тоа да и се прави или алергија и се прави следно сакав да ја носам кај доктор Бачев тој е кожен доктор да видам што ќе ми кажи иначе од Охрид.
     
  19. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Предложете ми крем за хидратација за атипична сива кожа? Намалена е биодермата во Зегин...или сепак од ларош да ја побарам?
     
  20. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.919
    Пол:
    Женски
    На бебе му се погоди Биодерма Атодерм. Пробајте ја прво таа, и така е намалена сега. :)
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.