1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атос, Грција - свето место недостапно за жените

Дискусија во 'Религија' започната од karenin, 5 мај 2013.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Што мисллите колку е оправдано постоењето на вакво место? Зашто уште кога се направило истото било предодредено само за мажите? Дали некој може вистински да каже каков е животот таму?
    Отсекогаш сум се прашувала и за тоа Зошто е потребно само жените да носат марами во манастирите, а не и мажите? Знам дека е поради тоа што привлекуваат, ама нели и мажите некогаш привлекуваат? Нели треба да научиме да си ги смириме страстите барем во тие мигови кога сме во црква? Тоа е дел на некој начин од оној внатрешниот мир или...?
     

    Прикачени фајлови:

    На naty32 и elka.timova им се допаѓа ова.
  2. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Според едно старо предание, Пресвета Богородица пловела заедно со Свети Јован Богослов кон Јопа во Кипар, во посета на Лазар. Кога бродот со кои пловеле бил истуркан од бурата надвор од курсот, на тогаш паганскиот Атос, тие биле присилени да допрат во близина на пристаништето Клемент, во близина на денешниот манастир Ивирон. Богородица излегла на брегот, и воодушевена од убавината на природата која ја видела таму, ја благословила и Го замолила својот Син да ја претвори во нејзина градина. Потоа се чул глас: „Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо на спасението за сите оние кои го бараат спасението!“ Од тој момент планината е посветена на Мајката Божја, како нејзина градина, во која не е дозволено да стапне ниту една друга жена.
    А од друга практична причина (зашто тоа е држава во држава, си има своја влада во Солун, од таму издаваат визи и одобрение за посетителите) што ете тие живеат таму и се појдени можеми некои од нив и како деца, па влегувањето на Атос можеби би било и искушение за некои од нив итн. Секако тоа е и Божјиот благослов па затоа дури и животните што се наоѓаат таму се само од машки карактер, ние луѓето можеме да си мудруваме колку сакаме но ова е сето што е познато за Атос, а навидум чудно и многу не верно, но сепак Атос останува најголема Мистерија и Тајна на светот.
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако оваа случка и вистинита и ако навистина се чул глас кој рекол така, тогаш зарем не вели гласот: „ЗА СИТЕ оние кои го бараат спасението!“? Значи евентуалниот глас не рекол „за сите МАЖИ што го бараат спасението!“, туку „ЗА СИТЕ што го бараат спасението!“. :)
    Не знам кој бил тој што ова го протолкувал дека се однесувало само за мажите, бидејќи е јасно дека и мажите и жените го бараат спасението и спасението е дар Божји за сите луѓе без разлика на нивниот пол, националност, религиозна позадина итн.
    Од друга страна пак, познавајќи го несебичниот карактер на мајката Божја опишан во Светото Писмо, некако тешко ми е да поверувам дека таа би забранила жени да стапнуваат во нејзина градина. Блажената Марија била дружељубива и често се дружела со жените, па дури и кога отишле да го помазаат телото на Исус, таа отишла во придружба со неколку жени и покрај тоа што тој гроб веќе формално и легитимно и припаѓал на неа (како мајка на Исус).
    Ова е само мое размислување читајќи го ова старо предание.
     
    На tessie, mimiiiii и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Божјата Мајка, ниту донела таков закон, ниту пак тоа е така. Тоа е нејзина градина и од почит и љубов кон неа се практикувало и сеуште тоа е така, таа да биде првата и последната која стапнала во нејзината градина.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Мелех, да го знаев ова предание. Може не волку убаво како што го опиша ама од прилика го познавав. И може ли да ми го појасниш тој Божји благослов кој е ориентиран исклучиво само кон мажите? Сметаш дека е нешто слично како Божјиот благослов бременост кој го имаме ние жените? Смешна компарација нели? Да, да! Бидејќи чуден ми е малку овој благослов кој го исклучува женскиот пол. И може и ваквите благослови да се заслужни за тоа колку жената сеуште е во инфериорна улога (посебно во државите како нашата, кадешто ние жените мора да си трпиме се само за да живееме во брачната "хармонија").

    Од почит и љубов кон Богородица се практикува влез само за машкиот пол.? Чекај ние жените во нас немаме почит и љубов? Зар мислиш дека Богородица навистина би го сакала тоа? Искрено ама нималку не се согласувам со тоа. Да се одреди едно место на земјината топка како машко место е несомнена одлука која ни укажува за неправедниот страв и став на мажите кој е упатен кон жените.
     
    На MaggieTatum, tessie, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Супер звучи сето ова вака презентирано, ама мислам дека реалноста за жал е сосема поинаква.
    Лично сметам дека со недозволувањето на жени на Атос сакаат да покажат дека елиминираат можна појава на страст (кон жена), што за жал, не ги спречува да си ги појават меѓусебе.

    Пред неколку години во Грција имаше скандал со попови од Света Гора кои се снимаа меѓусебе, облечени во танги под мантиите и си се довикуваа со „Дејзи“ имиња.
    Исто имаше и деца кои отишле да се замонашат таму, а кои избегаа зошто поповите ги злоставувале.

    Брат ми беше лично таму, предвреме се најави и специјален пасош му извадоа за да влези, и тој беше воодушевен од местото, од природата, од смиреноста, од неколкуте попови со кои разговарале, ама реално - никој не знае што се случува кога ќе падне мрак.
     
    На tessie и EvAngelos им се допаѓа ова.
  7. emaus

    emaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Едноставно не е умесно жени да престојуваат во машки манастири и мажи во женски манастири (дури и неколку канони говорат за ова). Со тоа што на жените не им е дозволен влезот на Света Гора, ништо не им е ускратено од спасението и животот во Христа. И на Атонската Гора и во секое село се служи истата Литургија, се чита истото Евангелие, се проповеда истиот Христос. И светињите кои се по светогорските манастири (чудотворни икони, свети мошти) често се изнесуваат на поклонение по православните земји. Забраната за присуство на жени едноставно е куќен ред на светогорските манастири. Но и таа забрана не е апсолутна. Во време на епидемии и војни, и жени нашле засолниште во светогорските манастири.

    Не мислете дека и на мажите-мирјани им е дозволено да прават што сакаат на Света Гора. Ограничен е бројот на визи што може да бидат издадени и најчесто престојот трае неколку дена. А ако некој сака да се воодушевува на убавите фрески и да ги слика монасите како да се некаква атракција, искрено нема што да бара на Света Гора или во некој друг манастир.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Забраната во Света Гора да влегуваат жени не е од вчера таа датира многу одамна. Тоа е по наредба на Мајката божја Пресветав Богородица која е игуманија на Света гора. И не е дискриминација како што рече некој од членовиве туку заповед која постои од кога постои Света гора.
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А што би можел обичен човек да прави 2-3 дена во манастир во Св.Гора?
    Има време за сликање, за шетање, за икони и фрески разгледување, за читање од библиотеката, а најмногу за спиење и одмор. Немаат струја, со паѓање на сонцето сите се прибираат по собите и седат на свеќи, а стануваат нешто пред изгрејсонцето за првата молитва.

    Нив им е рутина, ама на гостите им е необично и како такво и го набљудуваат.
    Всушност, зошто и дозволиле да има посети официјални, па макар и со специјални дозволи и пасоши? Зошто наплаќаат??
    И што е најчудно - зошто различно наплаќаат за припадници на различни вери????
    Зошто ги трупаат тие пари, кога никој од нив не го напушта полуостровот?
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Токму ваков одговор и очекував, издржан. Едноставно има манастири кои се женски, а има и манастири кои се машки. Само би ве замолила да ми појасните нешто. Јас знам дека во женските/машките манастири смеат да влегуваат и мажи и жени, само не смеат да преноќуваат таму оние кои се од спротивниот пол. Дали е тоа така или јас сум грешка? Ако е тоа така значи исклучок е планината Атос и уште неколку слични места кадешто е забранет секаков пристап на женскиот пол (дали е човек или животно).

    И убаво би било ако сте биле на Атос да ги споделите вашите искуства. Како што спомна и Моира за искуството на брат и.


    Уште една недоумница! Ако толку е свето тоа место нема да имаат потреба од сите тие рестрикции. И молам, на припадниците мажи од други религии им е дозволен влез, а на жените кои се Христијанки им е ускратен. Зошто? Или што си се одвоиле како држава во држава. Чуму сето тоа?

    Според мене тоа е убавина која треба да ја доживее било кој човек! Секако пожелно е да се внимава кој се пушта на тоа тло ама тоа не би требало да се прави преку родовата поделба. А замислите некој маж го допре тоа свето тло, а истиот е педер. Нели е и тоа опасност за светоста која ја носи местото само по себе? (Ова само ве прашувам за мислење, јас немам ништо против хомосексуалците).
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Најлошото е што постои „рангирање“ на религиите, па според тоа се плаќаат и различни износи за дозволите! Плус што мораш да доставуваш доказ дека си христијанин (потпишана изјава/потврда од поп/црква) за да ја платиш пониската тарифа, оти нели, не ти веруваат само на збор.

    Верувам во Бог, ама не верувам во ништо земско и никој земски човек, зошто се` што се прави денес - се врти околу парите и бизнисите, за жал. Црквата (конкретно во Грција) е најбогатата институција, и во пари, и во злато, и во земјишта и недвижности, и што е најтрагично, трупа и трупа уште повеќе без усул, еве доказ е и плаќањето дозвола за влез на Света Гора.
    Мислам, ЗАШТО? Нивна е? САМО нивна? Бог им ја дал, и им рекол да ја стопанисуваат ко своја?
     
    На EvAngelos, Sara123 и kravce им се допаѓа ова.
  12. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Феминки чекајте малку зошто врева за без ништо мислите дека сте дискриминирани??? За да отидеш на света гора, треба да ти прифати престој некој манастир од некоја од помесните цркви, па со тој документ да побараш од владата во Кареа влез!!!!!!!!! Имајте на памет дека сите тие таму се зилоти, кој од нив ќе дозволи пристап на неверници, припадници на друга религија????????????? секој миже да тресе глупости колку сака.............. ви кажав тоа е ТРАДИЦИЈА 1000 години некој во таа традиција верува............ зошто ДАЛАЈ ЛАМАТА СЕ НАОЃА НА ТИБЕТ....................... тоа е исто......... Каренин зошто умираат млади некои луѓе......, зошто некој прави сообраќајки итн. БОЖЈА РАБОТА нели? па и света гора е таква БОЖЈА РАБОТА,
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ние имаме на ум, ама дали ти не` читаш дека таму ДА, влегуваат и неверници (зошто никој не е неверник по изјаснета припадност нели) и припадници на други религии, само што плаќаат поскапо?
    Не знам каде виде „тресење глупости“. Јас ти кажав од прва рака искуство од Света Гора, процедурите кои брат ми ги помина се вистински и реални, се` што виде и слушна го проследи како лично искуство. Имаш ли ти такво искуство да споделиш со нас тука?

    Традиција....многу релативна работа. Постојат ли записи кои покажуваат дали отсекогаш се наплаќал влез на Света Гора или тоа сега им текна, на оваа „постава“ на монаси?
    И што врска има Далај Лама и Тибет со Света Гора? Демек двете свети места? А во Тибет се плаќа влез?
    Како и да е, само да се врати, ќе ти кажам искуство од прва рака од другарка, и мене живо ме интересира дали платила влез во некој храм таму.

    И не знам само како ги спои Света Гора со сообраќајките на младите луѓе....која е поврзаноста на волјата на Бог Света Гора така функционира и одлуката да згасне некој млад живот?
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emaus

    emaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Манастирите се сопственост на Цариградската патријаршија и не се хотели или излетнички места. Секој има право да одлучи кого ќе пушти во својот дом. На ден смеат да влезат макс. 100 православни и 10 неправославни. Православниот поклоник не оди на пикник или во музеј, туку на послушание, духовен разговор и богослужба.

    Точно е тоа дека се наплаќа визата, но не и влезот и престојот во манастирите. Тоа е пред се` политика на Грција.

    оф-топик: Во Мека не е дозволен влез за немуслимани.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мислиш, човечка работа.Некаде имат грешка во толкувањето на Библијата :geek: Некои работи, немаат логика.
     
    На tessie и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    По наредба на мајката Божја? Мајката Божја си замина од овој свет уште во 1-от век, а тоа што некој во нејзино име наредува, тоа нема врска со неа. Патем и зошто мајката Божја би забранувала жени да влегуваат таму? Зошто таа би била толку посесивна или љубоморна за тоа место? Зошто мајката Божја би правела полова дискриминација?
     
    На karenin и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Информација од Wikipedia: Оние кои живеат на островот мора да бидат мажи, постари од 18 години и истите треба да се монаси или работници. Монасите кои живеат на островот сметаат дека присуството на жените на островот би го забавиил патот кој самите тие би требало да го изодат за да стигнат до нивното спиритуално просветлување! (Тоа го спомнав и јас во првиот пост без да знам дека навистина самите тие тоа го мислат и кажуваат!)
    Во минатото имало случаеви кога на самиот остров привремено престојувале и жени. Но во 2003 година Европскиот Парламент побарал да нема повеќе прекршување на универзално признаениот принцип поточно да не се дозволува никаков влез на припадничките од женскиот пол.
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      33,3 KB
      Прегледи:
      270
  18. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Жената има посебно место во животот на Црквата!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    преку неа (Ева) дојде гревот на овој свет и преку неа (Пресвета Богородица) дојде спасението на овој свет, Ако не била жената светот немаше да постои, ми текна на текстот и сакам да го прочитате напишан од игуменот на манастирот Григоријат, архимандритот Капсанис:

    Господ Исус Христос ни овозможува одново да се соединиме со Бога и да се вратиме на првобитниот позив за кој Бог и го создаде човекот. Затоа Исус Христос во Светото Писмо се нарекува: Пат, Двери, Добар Пастир, Живот, Воскресение и Светлина. Христос е новиот Адам, Кој го исправа Адамовиот првороден грев. Првиот Адам со својата непослушност и егоизам нѐ одвои од Бога. Вториот Адам – Христос повторно нѐ соединува со Бога преку Својата љубов и Својата послушност кон Отецот, преку послушност до смрт – смртта на Крстот. Христос ја насочува нашата слободна волја кон Бога, за ние, принесувајќи Му ја на Бога нашата послушност, одново да се соединиме со Него.
    Но, делото на Новиот Адам барало и дело на Новата Ева – Пресветата Богородица, Која го исправила гревот на Старата Ева. Ева го поттикнала Адам на непослушност кон Бога. Новата Ева дала одлучувачки придонес за Воплотувањето на Новиот Адам, Кој ќе го поведе човечкиот род кон послушност на Бога. Токму затоа нашата Владетелка Богородица, бидејќи прво беше човечко суштество кое – на посебен и единствен начин – се обожи, имаше не само основна, туку и неопходна и незаменлива улога во нашето спасение.
    Според св. Никола Кавасила, големиот богослов од 14 век, Пресвета Богородица немаше да Му ја принесе на Бога својата послушност и слободна волја, ако не Му одговореше – „Да“; Божјото Воплотување немаше да биде возможно, бидејќи Бог (во кој било друг случај) ќе ја нарушеше слободата која му ја подари на човекот. Бог не би можел да се воплоти да не постоела таква пречиста и пренепорочна душа, како што била Богородица. Таа целосно ја принела Својата слобода, Својата слободна волја, целата Себеси на Бога, за да Го прими во Себе и да ни Го донесе.
    О, колку и должиме на Пресветата! Затоа Црквата и укажува голема чест и почит на Богородица. Св. Григориј Палама, сумирајќи го светоотечкото богословие, вели дека Пресветата зазема место веднаш после Пресвета Троица, дека таа е бог (по благодат) веднаш после Бога – го поврзува создаденото со несоздаденото, или – „прва меѓу спасените“, како што кажува еден друг богослов на нашата Црква. Св. Никодим Светогорец, еден нов просветлен учител на Црквата, богослови дека светлината која произлегува од Пресветата ги просветлува, дури и ангелските чинови. Затоа Црквата ја величи Пресветата како „почесна од Херувимите и непоредливо пославна од Серафимите“.
    Воплотувањето на Логосот и обожувањето на човекот е најголемата Тајна на нашата вера и нашето богословие. И тоа е она со што нашата Православна Црква секојдневно живее преку своите Свети Тајни, својата химнографија, иконите, односно во полнотата на својот живот. Дури и архитектурата на православните цркви ја потврдува оваа вистина. Куполата на црквите каде што се изобразува Христос Седржителот го симболизира слегувањето на Небото на земјата – вистината дека Бог стана човек и дека се насели помеѓу нас, како што пишува св. евангелист Јован.
    Бидејќи Бог стана човек преку Пресвета Богородица, ние Ја изобразуваме Богородица во олтарната апсида за да покажеме дека Бог преку Богородица навистина слегува кај луѓето на земјата. Богородица е „Лествицата со која Бог слегува“ и „Лествица која нѐ изведува од земјата на Небото“, во Неа се сместува несместливиот Бог, заради нашето спасение, Таа е „Поширока од Небесата“.


    Еве и сами се уверивте дека преку жената се огреши светот и преку девојка се просветли светот!!!!!!!
    Некои од светите отци велат - А зошто Бог чекаше толку многу време за да се овоплоти? Бидеќи милениуми милениуми од Адама и Ева до Христа и Богородица не се нашло чиста утроба за да се смести Несместливиот, Оној кој неможе ни цела вселена да го собере, се смести во утробата на една девојка!
    ова ви го пишувам само и само да не мислите дека го мразам женскиот род!

    Епа мили мои зар Богородица не заслужила да има свое место, секако заслужила. Еве немора да зборуваме за Света гора зашто цело време се вртиме во круг, зошто жената во храмот е со шамија и сукња? Затоа што означува покорност дека има таа своја глава, тоа е мажот, а пак мажот ја има жената како свое тело кое го чува и пази!!!!! Се плашам во иднина да не го поставите прашањето зошто во Црквата нема свештеници жени, некако со коментарите почнува алармантно да биде. Несакам да бегам од одговорност па како Пилат и јас да си ги измијам рацете, но верувајте ми секогаш има зошто зошто зошто?????????????? верата се прифаќа со срцето па после со разумот во Црквата, а кога ќе ги соединиме и срцето и разумот тогаш ке наличиме на светогорските монаси??????? Ова го пишувам за феминките кои сакаат да дознаат и со кои разговарам и коментирам, а не за Евангелос и модераторот Гордана, кои постојано и постојано ги бриши коментарите оние кои не и одговараат неа и нејзиниот Евангелос.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    До сега во ниту еден коментар не спомнав дека Дева Марија не заслужила да има свое место. Според мене таа е насекаде околу нас т.е. целиот универзум е исполнет со нејзината енергија и светлост. Исто како што е исполнет и со енергијата и светлоста на Исус и многу многу Светци. Значи целиот универзум им припаѓа на ним.
    Ќе може ли да ми кажеш како да го сфатам делот со шамијата, жената и покорноста - телото и мажот? Сепак не сум навлезена сеуште во дешифрирањето на Библијата.

    Инаку зошто за Ева постои лошо мислење кога таа посакала само да го одгатне непознатото и да се здобие со ништо зло туку со знаењето? И неможете да кажете дека Адам е прогонет од Рајот поради грешката на Ева. Жените се грешници исто колку што и мажите се! Доколку некогаш е направена страшна неправда тоа е во моментите кога се одлучило жената да се претстави како грешна, вештерка, блудница - ама тоа е друга тема!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    хмм во евангелијата не читаме баш дека Бог ја прашува или замолува Богородица дали ќе може Неговиот Син да се воплоти во нејзината утроба. Напротив, читаме како Бог суверено и објавува (ја известува) дека таа ќе зачне и ќе роди Син и дури и наредува да го нарече Исус не оставајќи и слобода во изборот на името. Богородица не рекла „Да“ (бидејќи тоа алудира дека Бог ја прашал), туку рекла: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!”
    Зар ако Богородица рекла не, ќе пропаднеле сите оние пророштва кои Бог ги прорекол за Исусовиот живот, Исусовата смрт и воскресение?

    Му се чудам на храброста на Палама и на другите негови истомисленици како можат да судат кого Бог поставил од Својата десна страна, кој од лева страна, која до Него, кој веднаш после Него и сл. Искрено ме потсетуваат на онаа случка кога апостолите Јован и Јаков дојдоа кај Исус и преку нивната мајка побараа Тој да ги постави од Неговата десна и лева страна на Небото, по што Тој ги УКОРИ велејќи им:

    "Мојата чаша ќе ја испиете, но да седнете оддесно или одлево од Мене, за тоа не решавам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил."
    (Исус Христос, ев. Матеј 20:23, Библијата)

    Замислете, дури ни Господ Исус Христос не се дрзнува да каже кој ќе биде поставен од Неговата десна страна на Небесата, туку вели дека тоа единствено Неговиот Татко го одлучува, а тука некои луѓе си земаат поголеми ингиренции дури и од Исус Христос да пресудуваат Кој ќе завземе почесни позиции на Небото до Божјиот престол.

    Ако за некој Исус рекол дека е најголем меѓу родените од луѓето, тоа е Јован Крстителот:

    „Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јован Крстител“ (Исус Христос, ев. Матеј 11:11, Библијата)


    Секако дека заслужува, но кои сме ние да им даваме на починатите верници места на оваа распадлива земја која стенка заедно со сето создание и го чека нејзиното обновување? Но еве, дури и навистина да се чул тој глас од небото (според старото предание), еве дури и Бог навистина да и го дал тоа место на Богородица, зарем не заслужува тоа место да биде посетено од жени? Зарем не заслужува Богородица женски гостинки? Зар можете да ја замислите Богородица како се лути бидејќи некоја жена и стапнала на нејзината земја? Јас не можам да ја замислам. Јас мислам дека дури и еден ден кога ќе бидеме на небото каде што Богородица ќе има некое свое место, јас мислам дека таа ќе биде многу радосна кога воскреснатите вернички ќе и доаѓаат на гости, мислам дека е и ќе биде многу гостољубива, понизна, несебична, непосесивна кон своето наследство на земјата и/или небото.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.