1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атос, Грција - свето место недостапно за жените

Дискусија во 'Религија' започната од karenin, 5 мај 2013.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Да не случајно носат шамија за да не им се гледа косата (која веруваат дека ќе ги возбуди) и сукња за да не им се гледа гола кожа на нозете?

    Јас се` уште стојам на ставот дека не пуштаат жени за да немаат искушенија, а доказ за тоа е еве и информацијата од каренин, дека 2003 е донесен строгиот закон за неприсуство на жени на Света Гора, а пред тоа повремено и престојувале. Како тоа наеднаш Богородица им се јави на Европскиот парламент (пази која црковна институција еј!) и им нареди жените да не стапнуваат повеќе на Атос?

    Да, не се плаќа спиење и јадење во конаците каде спијат дојденците, ама доволно е што за да воопшто стапнеш на ЦЕЛИОТ ПОЛУОСТРОВ ти треба да платиш влез, кој не е еднаков за сите! Нели Бог не` создал сите еднакви? Кој им даде право да ги делат луѓето по религиска основа?

    Јас разбирам дека религијата ја прифаќаш со срце, не со разум, ама не е на одмет и малце свест за одредени работи, посебно кога е докажано дека има нешто труло во државата Света Гора.
    Да видите само како се кренаа на нозе сите црковни лица кога државата сакаше да воведе данок таму....каде се да се кренат така сега, кога пола држава им е невработена? Само 20% од златото да продадат многу сиромашни ќе спасат, ама не, човечкото око (иако во служба на Бог) секогаш, ама секогаш, ќе остане ненаситно.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Според последната статистика на Грчката Православна Црква - Атинска Архиепископија, околу 1,5 милион луѓе во Грција секојдневно добиваат оброк од Црквата. Светогорскиот манастир Ватопеди, секој месец одвојува 50.000 евра, за хуманитарната мисија на Атинската Архиепископија. Ајде сега јавно да се извиниш за твојот напад кон Црквата во Грција!

    http://radiosvetigora.wordpress.com/201 ... %BE%D0%BD/
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Друже, немам јас потреба од јавно извинување кон никој, ти веруваш во тоа што го читаш од црковен линк, јас го проживеав тоа таму 10 години.
    Се надевам дека им дошло памет и пуштиле срце, ама со самото тоа што банковите сметки им се замрзнати заради матни зделки и сопствености, доволно ми кажува.
     
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не велам дека изворот е неточен, но велам дека е субјективен (радио света гора). Света Гора се фали самата себе колку е дарежлива. На пример, дали можеш да најдеш некој секуларен/надворешен извор кој ги потврдува истите бројки?
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Кога би гледале реално на работите, бидејќи Пресвета Богородица е жена, тоа место би требало да им биде достапно само на жените, ако веќе делиме мажи со жени нема логика мажи да бидат само за тој свет остров. Тоа е начин жената да биде дискриминирана, црковен "обичај" кој има длабоки корени.

    А ова дека Светогорскиот манастир Ватопеди одвојувал 50 000 евра за хуманитарна мисија ми е малку повеќе сомнително, од каде толку пари?
    Дали на Света Гора има фабрики и големи корпорации, па да можат толкава сума да одвојуваат за да ги нахранат гладните?
    Можеби монасите, бидејќи се мажи нели и по тој нивни редослед би биле поспособни за се, па рмбаат од сабајле до вечер за да ги нахранат гладните во Грција?
    Од каде се провлекла таа цифра од 50 илјади евра?
    Нели кога се оставаат пари во црква оди она правило-десната рака нека дава а левата да не дознае,така нешто беше.Зошто е тоа јавно фалење дека манастир дал пари во хуманитарни цели.
    И Тоше донираше ама не се фалеше, а што останува па со црквите.

    Многу сакам да отидам на тој остров, на тоа свето место и ме иритира таа забрана за посета од страна на жените, како сега да ми каже некој ти не смееш во црква да одиш, немој ти се молам, а КОЈ рекол така?
     
    На tessie, EvAngelos и karenin им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Радио „Светигора“ е радиото на Архиепископијата Цетињска и Митрополија Црногорска и приморска, зетско-брдска и скендериска на СПЦ-ПП. Црковно е радиото, но не е под власт на самата Света Гора Атонска.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Класично перење пари, ги вадат од манастирите и од сите други бизниси што ги имаат (колку само за инфо, пола Паралиаки улица во Солун е во сопственост на црквата, сите дуќани таму и` плаќаат баснословни ќирии, да не зборувам за многу други локации - еве и во нивниот линк се спомнува сопственоста над езерото Вистонида), и ги даваат на народната кујна, т.е. на црквата, т.е. НА СЕБЕ, и се` така во круг. Фино, фино.
     
    На Abeja и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ја следам целата оваа дискусија од самиот старт. Верувам, дека го знаете веќе мојот став, штом пишувам, ама сепак да појаснам :) .
    Мелех и Ортофил убаво објаснија и двајцата за она што е таму и како стојат работите.
    Ама сепак уште едно мало појаснување.

    Како ќе го објасниме тоа, ако не се земеме себе си за пример. Зашто никој не ќе го сфати другиот во вистинската смисла на зборот, се додека не почувствува макар и најмал дел од она низ што поминува другиот.
    Пример, да очекуваме гости кај нас дома постојано и постојано. Колку ние би издржале?!
    Зарем нема да плаќаме двојно, тројно, па и многу повеќе пати сметки за храна, струја, вода.... ?
    Ќе плаќаме. Ама од каде финансии?
    Има милиони и милиони православни христијани кои сакаат да го посетат тоа свето место. Никој не носи со себе храна, никој не носи со себе вода и ред други нешта, а луѓето остануваат и по повеќе денови.
    Не да ме сфатите погрешно, но само да ја согледаме ситуацијата малку и од подруго светло.
    Па и тие свети храмови имаат потреба од реновирање, од средување на некои нешта. Можеби опстоиле и илјади години, ама сепак е потребна мала помош за да се одржат и понатаму во таа состојба.
    Оној кој живее во куќа го знае тоа. Дека треба да го промени кровот на толку и толку години, дека на ѕидовите од самото белење секоја година се наталожува вар и е потребно реновирање на повеќе години, потоа се случуваат различни временски неприлики и како резултат на нив понекогаш се случуваат некои нешта за каде се потребни и поголеми зафати... се’ на се’, сакам да ја доловам онаа реалност која помалку сите ја занемаруваме. За нив, за монасите, тоа е нивниот дом за кој се грижат и треба да се грижат :) . Па така пронашле начин, за да можат да ги обезбедат тие финансии на легален начин. Што не е ни крадење, ни лажење, туку човекот свесно и од срце ги дава тие пари за да пристигне таму.

    Што се однесува до оној факт, дека имаат безброј приватни недвижности.
    Имаат и тоа е еден голем факт.
    Но како пристигнале до нив?
    Ќе ви кажам само еден пример за мојот роден град. Нашата црква има поголем број на дуќани кои се нејзина сопственост. Од нив таа зема месечно кирија и со тие финансии кога е потребно се реновира се. А тоа се случило, не дека сега таа ги купила, туку пред 100 години тоа место (каде е моментално дуќанот) и било подарено на црквата како дар од некои христијани ( кој сака, ќе отидеме уште денес да ги видите оргиналните документи, за тоа кој и кога ги дарил) . Ова можете и самите да го анализирате, ако сакате и ќе видите дека тие дуќани се подарени од мирјаните за здравје на нивните семјества.

    Што се однесува до дискриминацијата на жената, дека таа не смее да стапне на Атос, тоа било така и ќе биде во векови. Не дека не стапнала женска нога таму, ама тоа било во најисклучителни случаеви. Ни сум го кажала тоа јас, па ни никој друг, туку Мајката Божја.
    Некаде низ темите го имам наведено и чудото што се случило точно со една жена која посакала на прикриен начин (како маж) да отиде на Атос. Но како што запловил бродот, тој започнал да тоне. И кога на крај таа го сфатила својот грев, се покаила и со чамец заминала од бродот. А бродот, веднаш само што се симнала од него започнал да се подигнува од водата ( иако бил скоро до половина потопен), како којзнае колку товар да носел на себе (а бил полупразен).
    Сакам да кажам дека тоа е дело на Бог, на Мајката Божја. Зашто ако таа забрана била не основана, егоистична од страна на монасите, па и во краен случај дикриминаторска, како ќе го објасниме случајот со ова чудо кое не еднаш се случило?
    Сепак е тоа Божја одлука :!: .

    Ќе завршам само со зборовите на еден свет отец.
    Кога една жена го запрашала, дали ќе и даде благослов да оди во Ерусалим на поклонение?
    Тој само и одговорил, дека се додека не го најде патот во срцето до Ерусалим и да отиде таму телесно, таа сепак не би го добила она што го бара.
    Темелот на се’ е верата.
    Зашто блажени е оние кои не виделе, а поверувале :) .
     
    На BY<3, faye, shushu и 6 други им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    ... откако Далила... од Газа, му ја отсече косата на Самсон, со што тој ја загуби својата моќ, и го предаде на филистејците. Оттогаш на Атос не е благословена лулка. (http://www.mn.mk/komentari/4933)
    Ова е само уште еден поглед кон прашњето зошто не е дозволено овој остров да го посетуваат жени.

    Serafima, а зашто кога сето тоа е нивни дом на островот постојат и хотели? Зар не би било по духовно да има конаци за преспивање, како што е во сите манастири? Нели како свето место треба да се одликува и со скромност и мир и од таквиот поглед. И да има некоја симболична цена!

    И уште нешто, дали Светата Гора ја признава МПЦ и дали таму престојуваат наши монаси кои се кажува дека се од Македонија? (Несакам да отварам проблеми за ова прашање, ме интересира чисто информативно.)
     
  10. emaus

    emaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Ако веќе цитирате, видете од каде е цитатот и уште побитно, пренесете ја вистината.

    1. Во 2003 година, Европскиот парламент побарал да се дозволи влез на жени, а не да се забрани ("Requests the lifting of the ban on women entering Mount Athos in Greece")
    2. Света Гора е полустров, а не остров. На Света Гора нема никакви хотели, туку конаци.
    3. Ако толку сте загрижени за верските права, барајте и во Мека да се дозволи влез на немуслимани.
    4. Светогорските манастири имаат имот кој им е даден уште од византиските императори.
    5. Каква врска има израилскиот судија Самсон (илјада и кусур години пред Христа) со Света Гора воопшто не ми е јасно.

    Моментално мислам дека нема Македонци на Света Гора, ама владиците Наум и Климент, и неколку јеромонаси биле на Света Гора, без никој да им прави проблеми за националната припадност. Секако еден од најпознатите светогорци од Македонија е светиот отец Гаврил Велички.
     
    На faye, Mama25, Philippa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    „Месото, тутунот, капењето, ним им се непознати, правилата на интелегенцијата воедно...
    Атос е целосно посветен на апсолутната забрана за жена и се од женски род, дете, животно, веќе цели 10 века...„

    - како тоа нема НИШТО од женски род? А како сегде околу има зеленило? Како се прашат цвеќињата, дрвјата? Каква забрана имаат за птиците? Не ми е јасно.. чудно ми е. Ова не е БОЖЈА волја, на човечка повеќе ми седи... ако женските суштества сами не влегуваат, ок, можеби има нешто „натприродно“, ама да бркаш и да не ги примаш.. незнам...
     
    На tessie, EvAngelos и karenin им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170

    За првото вака е напишано на wiki: A 2003 resolution of the European Parliament requested lifting the ban for violating "the universally recognised principle of gender equality".[21] - побарале тргање/укинување на забраната за прекршување на универзално признаениот принцип за родова еднаквост. Сега видов поубаво... Всушност би замолила некој кој се разбира во толкување да ми помогне за таа реченица. Малку ми беше двосмислена.

    Да, за второто се согласувам. Извинете за грешката.
    За третото немам ништо против никоја вера. Немам ништо против тоа Муслимани да ја посетуваат Светата Планина. Ама не ми се поврзува како на нив им е слободен влезот, а на жените Христијанки не.За четвртото имаат. За петотто, тоа е едно од многуте верувања-преданија кое се спомнува. Само го цитирав како информација и верување.

    http://youtu.be/AxATVCWNQNw
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Грчката држава не ги зема парите платени за влез, кодот и визата за престој се даваат во канцеларијата на Света Гора во Солун и тоа нема врска со политиката на државата. Единствено странците се проверуваат преку нивните институции, чисто за безбедност.
    И точно е дека не се плаќа престојот во монастирите и храната, таа е истата онаа што и монасите ја одгледуваат и јадат таму.

    Предание е тоа за Мајка Богородица и нејзиниот бродолом кај Света Гора, заедно со изјавата дека тоа ќе е само нејзина градина и друга жена не смее да стапне. Записите укажувале на натив жители на тој полуостров, меѓу кои и испосници/осаменици, долго пред тоа место да биде прогласено за свето и само за монасите.

     
  14. emaus

    emaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    For на англиски значи и за и бидејќи. Јас погоре ја цитирав резолуцијата од ЕП, точка 98 http://www.europarl.europa.eu/sides/get ... XML+V0//EN

    А погоре цитираниот текст од Македонска нација нема врска со реалноста (ни со правилата на македонскиот јазик), посебно тоа дека монасите не ги знале правилата на интелигенцијата. Па нашите преродбеници како Кирил Пејчиновиќ и Партениј Зографски биле светогорци
     
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Правев муабет со еден Јеромонах за Света Гора, и ми напомена во муабетот дека не одсекогаш тоа место било забрането за жените. Имало период во кој жени го посетувале, не сум сигурна дали само монахињи или и мирјанки, но биле преголемо искушение за тамошните монаси и незнам каков проблем се имало случено за да го забранат перманентно влезот за секоја жена. Попат ми даде еден документарец за с.Гора кој ме воодушеви...
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Чива интелигенција? Преводот на цитираниот текст не ни го дотерував граматички, бидејќи се обидов што е можно поблиску да го преведам до англискиот за полесно толкување. Извини и за тоа.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во врска со преданието, не велам за тоа дали навистина се случило така, туку поради тоа што не е направена дискриминација во библијата.Пример, дали заповедите важат само за мажите или и за жените? За сите важат и за мажи и за жени.Во сооднос на ова, дали навистина се почитува она кое е напишано во Библијата? Ако е од почит према Мајката Божја, тогаш ќе се почитува како што треба преданието, значи без правење на таа поделба помеѓу едни и други.Со оглед на тоа ако се земе во предвид фактот дека ниту таа не ја правела таа разлика помеѓу едни и други.Човекот е тој кој ја прави таа поделба.Тука е таа грешка.Затоа и настанува тој проблем, не смеело за жени, само мажи.Настрана тоа што има женски и машки манастири.Конкретно за преданието и колку се почитува истото.Сега, освен ако има друга Библија, тогаш може.А со тоа дека има повеќе толкувања на Библијата, ништо чудно да произлегол овој проблем. Од една страна и тоа збунува.Што значи, не може со сигурност да се рече дека така се прави затоа што така рекла Мајката Божја.Разбирам дека ете тоа е така долго време и понатаму ќе се придржуваат до тоа, но мислам дека е подобро нештата да се видат и од друг агол.

    А за чудо некое, што некаде воопшто и не е споменато дека Мајката Божја тоа го побарала, а ниту пак такво нешто слушнала од гласот Божји.Туку, едноставно тоа место да биде како лулка за оние кои бараат спас, покајание.А оние, се сите.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Само да појаснам дека преданието што го спомна meleh не е случка од Библијата, туку е предание кое поттекнува со векови подоцна, без историска поддршка. Така што не станува збор за различно толкување на Библијата или поинаква Библија, туку едноставно за предание (кое јас би го нарекол легенда) надвор од Библијата.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Прво, порано на жените им било забрането да се школуваат, одат по цркви, се за да не станат паметни или над мажите. Отсекогаш жените морале да им бидат потчинети и да им слугуваат на мажите. Затоа на многу места (а, на некои останало и денес) им е забрането да одат.

    Второ, жените носат марами (а, во некои храмови и ден денес не смеат да влезат) зошто се помека, понежна, посуптилна категорија. Жената сама по себе има таква градба на тело, коса, енергија, која привлекува. И мажите се губат покрај нив.
    Жената отсекогаш била заводлива.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, затоа и ја спомнав Библијата, бидејки нема во неа некаква дискриминација, затоа реков освен ако има друга Библија каде се прави таа дискриманција, како и толкувањето, кое го спомнав.Бидејки тоа предание не се вклопува со она што се знае за Мајката Божја, Господ, сето она кое тие го рекле.
    Секако дека е предание кое е надвор од Библијата, некаков запис, кој нема сигурна поткрепа во врска со ова, туку запишано и врз основа на тоа се придржуваат.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.